Search This Blog

Thursday, October 14, 2010

Наш избор

 Наш избор
Вообичаено  е и ние како тим на Ексквизит да имаме свои фаворити, кога станува збор за производ.
Од памтивек е кажано: За вкусовите не се зборува. Колку луѓе, толку карактери.
Изборот е ваш.
Ние како тим, имаме за цел Е-Продавницата континуирано да ја снабдуваме со нови, секојдневни и едноставни производи, со цел да ви овозможиме на лесен и многу економичен начин да бидете ексклузивни, па можеби дури и по малку екстравагантни.
Со многу малку труд, со добра идеја, со соодветно пакување,  секој производ – секој купен производ  веднаш ќе ја добие својата намена.
Проверете зошто баш  Ексквизит.
клик на : Наш Избор

Friday, October 8, 2010

Лесно е да избереш


Лесно е да избереш

Открите го наједноставниот начин на купување.

Брзо, лесно и економично.

Со само еден клик до потребниот и посакуваниот производ. Пребарајте низ категориите и подкатегориите во е-продавницата на www.ex.mk и откријте ги предностите на онлајн купувањето.

Нека купувањето Ви биде забавно!

Wednesday, October 6, 2010

Тренди Скопје 2010

Неверојатно, но вистинито

Имено, по долги дебати, јавни изливи на револт кај скопјани, конечно се направи голем дел од улицата Илинденска и се пушти во употреба.

Првичните впечатоци ги оставам на индивидуалните размислувања, но што се однесува до моето мислење јас како возач на едно просечно, нормално средно возило сум воодушевена.

Сега колата не ми вози, туку лизга по булеварот. До кога ќе трае ова мое вакво возење- не знам.

Второ, пејзажот кога се вози по истата улица кон центарот на градот, во моментот кога се здогледуваат двата лава на мостот добива навистина импресивен лик. Навистина да ти е ќеиф и задоволство да се возиш по Скопје.

Градов почна да ни заличува на урбано, културно место за живот.

(сликата е превземена од телма телевизија)

Tuesday, October 5, 2010

За авторот на блогот

Лесно е да избереш
Е- шопингот во РМ е сеуште во развој. Интересот за овој начин на е-купување расте од ден на ден, се повеќе љубопитни пребарувачи по македонските веб портали се почесто се задржуваат токму на ваквите веб страни на македонските веб е-продавници. Колку од љубопитство, колку од потреба или по навика овој начин на е-купување станува нормална и секојдневна работа.
Искуството покажува дека овој начин на е-купување повеќе го практикуваат луѓето со подлабок џеп, со повеќе стил и со модерна култура на купување. И се разбира луѓе кои се презафатени со обврски, со својата кариера и со семејството.
За таа цел за да им излеземе во пресрет на сите наши купувачи се потрудивме изборот на производи да одговара на сите возрасти, на сите старосни групи на купувачи, и се разбира цените да се пристапни на економската парична купувачка моќ на македонските купувачи.
За сите идни купувачи кои сакаат повеќе да се запознаат со овој нов начин на е-купување го отворивме информативниот блог: http://eshopping-mk.blogspot.com каде редовно се рекламираат производите кои може да ги купите преку нашата е-продавница. Блогот е пред се од информативен и забавен карактер, со реални и практични новини од секојдневното работење на една е-продавница во РМ.
Нека купувањето Ви биде забавно!

Tuesday, September 28, 2010

Time Management

Колку е часот?

Сите знаеме дека времето е пари. Но ако малку подлабоко се загледаме во поимот ВРЕМЕ - тоа во продажбата може да се толкува на повеќе начини.
Имено "време "- е работно време на продавницата.
Под "време" - може да се подразбере и годишно време, што е исто многу битен фактор во продажбата, посебно во модната индустрија.
Времето е битен фактор во сите сегменти на работење, во организација на секојдневните работни обврски и задолженија, во организација на работни состаноци и работни средби, исполнување на рокови итн..

Одличен начин да се усоврши и поедностави секојдневното работење и успешно да се води една нормална фирма, значи да се има чувство за време.
Проблемот е кога Вие тоа го правите, но не наидувате на истиот приод од другата страна.
Немањето на фидбек, може да Ве чини нерви, пари и губење на здравје, и занемарување на вашиот приватен живот.
Ете, едноставно некој си го земал тоа право или задоволство да ете немал време да ги исполни своите договорени обврски кон Вас.

Monday, September 27, 2010

Boom Marketing


Како до продажба во време на кризен маркетинг?

Имено сите ефективни слогани, џинглови, тизери се или зафатени или премногу се употребувани или се пречесто копирани.

Па оттука и маркетиншката порака е недоразбрана или се сфаќа во погрешен контекст, и пораката се носи во сосема друга насока од предвидената замисла.

Во овој случај кога пораката наместо вашата таргет група, ја прима нечија друга таргет група ( пораката се губи во неинвентивниот процес на copy-paste) истата е апстрактна, неинтересна и се разбира "погрешна"!

Значи уште од старт сиот предвиден маркетинг план, врз кој се заснова продажбата оди бесплатно на нечија туѓа врата.

Што да прави човекот кој го изработил тој маркетинг план во овој случај?..

Sunday, September 26, 2010

Boom Marketing

Најновите истражувања од областа на маркетингот покажаа дека правењето на БРЕНД е слично на правење на ѕвезда ( од холивудски ранк). Потребни се навистина големи инвестиции; голем тим на луѓе; жешки хостеси ; ТВ презентации во најквалитетна резолуција; најдобро место во новините за рекламирање; брендирани автомобили, обувки, накит, гардероба која се менува два пати во денот; ВИП карт бланш за секој социјален настан, и секако времето. По амерички сите знаеме дека времето е пари- што преведено на нашки би значело- нема грешка со се ова горенаведено да се утне во правење на бренд (па да речеме за ден-два).
А што добиваме ние како консументи од овие инстант направени брендови. Па ништо посебно не ни останува освен да се запишеме на нивните инстант курсеви за да поднаучиме и ние како да направиме бренд.
И најважното- ќе мора да научите и англиски/американски.
Колку маркетиншката порака ви е english user friendly шансите за заработка ви се поголеми.. Maybe...