Колку е часот?
Сите знаеме дека времето е пари. Но ако малку подлабоко се загледаме во поимот ВРЕМЕ - тоа во продажбата може да се толкува на повеќе начини.
Имено "време "- е работно време на продавницата.
Под "време" - може да се подразбере и годишно време, што е исто многу битен фактор во продажбата, посебно во модната индустрија.
Времето е битен фактор во сите сегменти на работење, во организација на секојдневните работни обврски и задолженија, во организација на работни состаноци и работни средби, исполнување на рокови итн..
Одличен начин да се усоврши и поедностави секојдневното работење и успешно да се води една нормална фирма, значи да се има чувство за време.
Проблемот е кога Вие тоа го правите, но не наидувате на истиот приод од другата страна.
Немањето на фидбек, може да Ве чини нерви, пари и губење на здравје, и занемарување на вашиот приватен живот.
Ете, едноставно некој си го земал тоа право или задоволство да ете немал време да ги исполни своите договорени обврски кон Вас.
No comments:
Post a Comment