Најновите истражувања од областа на маркетингот покажаа дека правењето на БРЕНД е слично на правење на ѕвезда ( од холивудски ранк). Потребни се навистина големи инвестиции; голем тим на луѓе; жешки хостеси ; ТВ презентации во најквалитетна резолуција; најдобро место во новините за рекламирање; брендирани автомобили, обувки, накит, гардероба која се менува два пати во денот; ВИП карт бланш за секој социјален настан, и секако времето. По амерички сите знаеме дека времето е пари- што преведено на нашки би значело- нема грешка со се ова горенаведено да се утне во правење на бренд (па да речеме за ден-два).
А што добиваме ние како консументи од овие инстант направени брендови. Па ништо посебно не ни останува освен да се запишеме на нивните инстант курсеви за да поднаучиме и ние како да направиме бренд.
И најважното- ќе мора да научите и англиски/американски.
Колку маркетиншката порака ви е english user friendly шансите за заработка ви се поголеми.. Maybe...
No comments:
Post a Comment