Search This Blog

Loading...

Monday, August 22, 2011

Нови обуки

Обука
Агенда за обуката „Како со отворање на е-продавница да ја зголемите вашата продажба“ која ќе се одржи четврти пат.
Термин за обуката: 26, 27, 28 и 29.09.2011 година (17:00 до 20:00 часот).

Агенда за обуката „Продажни вештини за успешна онлајн продажба која ќе се одржи првпат.
Термин за обука: 12, 13 и 14.09.2011 година (17:00 до 20:00 часот).

Обука: “Како со отворање на е-продавница да ја зголемите продажбата“

Потребна ви е подобра продажба?

Ексквизит
во соработка со ПСМ Фондација организира обука на тема "Како со отворање на е-продавница да ја зголемите продажбата".

Отворањето на своја е-продавница или ново продажно место на Интернет придонесува кон зголемена продажба, независно дали веќе поседувате продажно место или не.

Дознајте ги сите основни и потребни процедури и сите законски барања и прописи за отворање и успешно водење на своја електронска продавница.

Продажба преку интернет

Продажбата преку интернет отвора нови можности за заработка како дополнителен начин за зголемување на вашата продажба:

- Анализа и истражување на интернет пазарот во Македонија

- Вовед во законските процеси и процедури

- Реалицирање на идејата за е-продавница

- Запознајте се со психологијата на Интернет продажбата


Независно дали веќе поседувате продажно место или пак сакате да ги пласирате вашите производи единствено за Интернет продажба, оваа обука ќе ви помогне успешно да се позиционирате на Интернет пазарот и да ги стекнете основните вештини за управување со е-продавницата.

Цена = 4900 ден (со вклучен ДДВ)

Цената вклучува: кафе паузи и сертификат за следење на обуката.

Пријавете се на info@ex.mk
со име, презиме и контакт телефон или на 3103 663.

Бројот на учесници е ограничен на 15, поради задржување на квалитетот на обуката.

Досегашни учесници на обуката: Т-хоме, Т-мобиле, Дексико, Сивус, Аполо, Солопром, Ватростална, Национален Ромски Центар, Пчела доо, Хотел Дрим, Тедико, Жито Маркети, Славеј, Конрад, БСЦ Естек, Велоспринт, Макинженеринг, Неоком,
Акрон, Еуро-Фарм доо, Шпаркасе Банка, Прва Детска Амбасада во светот - Меѓаши, Адинг, Пандев доо, Сковин, Вино М Дооел, Капитал Медиа Груп, Саравита, Плутомак дооел, Мила Текстил.
Обука: „Продажни вештини за успешна онлајн продажба“
Започнувате со интернет продажба?
Отворањето на е – продавница е вистински предизвик. Купувачите не можат да го видат продавачот, туку неговата веб страна, не можат да ги допрат производите, туку можат единствено да ја погледнат презентацијата, не можат да разгледуваат низ продавницата или да разговараат со вработените, туку пребаруваат HTML страни, читаат Најчесто Поставувани Прашања, не можат да пребаруваат низ полици, туку превземаат дигитална форма на каталог.
Дознајте како посетителите на вашата веб страна да ги придобиете во ваши купувачи преку потребните чекори за успешно водење на е-продажбата.
Продажба преку интернет
Продажбата преку интернет во развиените европски земји веќе ја надминува традиционалната продажба. Новиот тренд на интернет трговија веќе успешно се развива и во Македонија:
- Традиционална vs. Онлајн продажба
- Вовед во основните техники на продажба
- Шеми и концепт на е-продавницата
- Препознавање „Кој е кој“ - сите улоги во е-трговијата
Оваа обука ќе ви помогне да се стекнете со продажни вештини за успешна онлајн трговија.
Цена = 3900 ден (со вклучен ДДВ)

Цената вклучува: кафе паузи и сертификат за следење на обуката.

Пријавете се на info@ex.mk
со име, презиме и контакт телефон или на 3103 663.

Бројот на учесници е ограничен на 15, поради задржување на квалитетот на обуката.

Monday, May 23, 2011

Направи пауза- дојди на е-шопинг







Каде да скокнете на шопинг додека сте приклучени на Интернет? Најблиското место е на самата интернет мрежа - само потребно е да кликнете на линкот на некоја е-продавница и ете вие сте веќе на шопинг.

Социјалните мрежи нудат голем број на информации, линкови, страни од секаков карактер. Кај нас сега веќе е вообичаено додека се дружите со пријателите да ви пристигне мала реклама, инфо или линк до некоја е-продавница. Додека порано на ова се гледаше со недоверба, сега веќе е потребно при рака да се има и по една добра е-продавница .

Прилики  за е-купување има многу ама најмногу се користат за е-подарување. Брзо, лесно и урбано.

Започни со Е-шопинг!
www.ex.mk

Напред за Специјална Олимпијада Македонија!

Напред за Специјална Олимпијада Македонија!

Вашата поддршка со уплата на 100,00, 300,00, 500,00 или 1.000,00 денари за Специјалната Олимпијада Македонија ќе биде значајна за обезбедување на компјутерска опрема за нивната канцеларија.

Поддршката преку уплата можете да ја дадете до 22 мај 2011 година, 00:00 часот. При одбирање на начинот на плаќање, одберете „СОМ“ - без испорака.

Tuesday, April 26, 2011

Продавај на Интернет

Нема не знам, не можам, не умеам.
Само позитивно размислувајте.
Полека, добро и внимателно проучете го и испитајте Интернет пазарот. На глобалната мрежа (www.) денес ќе најдете секакви информации. Буквално може да дознаете многу, ако не и се за билошто ве интересира.
Интернетот нуди голема база на корисни информации. Доколку сакате да се насочите кон продажба т.е. Интернет продажба или е- продажба, за тоа како тоа го прават останатите е-продавачи во светот може да се информирате од прва рака т.е. со брзо, лесно пребарување низ Интернет пребарувачите.
Земете го google на пример. Напишете : е-продавница и видете што ќе извади Интернет пребарувачот. Направете го истото пребарување, но ограничете се само на територија на Македонија.
Ќе ја видите и нашата е-продавница ЕX.MK термин кој ние најмногу го користиме бидејќи е лесно препознатлив за Интернет корисниците.
Ќе видите листа од податоци и од други постоечки е-продавници во републикава.
Отворете ги нивните веб страници и видете каде може да ги продавате вашите производи или услуги.
На идната ваша е-продажба не гледајте како на инстант продажба.
Дозволете време е-купувачите да ве запознаат, да се привикнат на вас т.е. на вашето позиционирање на Интернет и на Интернет пазарот воопшто.

Monday, April 18, 2011

1ва обука за Е-продавница во РМ

Ова е прва обука во РМакедонија од ваков тип: Отвори своја Е-продавница.
Накратко за агендата на обуката.
Обука за отворање на е-продавница
25.03.2011
Потребна ви е подобра продажба?

Ексквизит
во соработка со ПСМ Фондација организира обука на тема "Како со отворање на е-продавница да ја зголемите продажбата", на 16 и 17 април 2011, во период од 10:00 - 17:00ч, во просториите на ПСМ Фондација.

Отворањето на своја е-продавница или ново продажно место на Интернет придонесува кон зголемена продажба, независно дали веќе поседувате продажно место или не.

Дознајте ги сите основни и потребни процедури и сите законски барања и прописи за отворање и успешно водење на своја електронска продавница.



Продажба преку интернет

Продажбата преку интернет отвора нови можности за заработка како дополнителен начин за зголемување на вашата продажба:

   - Анализа и истражување на интернет пазарот во Македонија

   - Вовед во законските процеси и процедури

   - Реалицирање на идејата за е-продавница

   - Запознајте се со психологијата на Интернет продажбата

 
Независно дали веќе поседувате продажно место или пак сакате да ги пласирате вашите производи единствено за Интернет продажба, оваа обука ќе ви помогне успешно да се позиционирате на Интернет пазарот и да ги стекнете основните вештини за управување со е-продавницата.


Цена = 4900 ден (со вклучен ДДВ)

Цената вклучува: кафе паузи, ручек за двата дена и сертификат за следење на обуката.

Пријавете се на info@ex.mk
со име, презиме и контакт телефон или на 3103 663.

Краен рок за пријавување и уплата најдоцна до 14 април 2011.

Бројот на учесници е ограничен на 15, поради задржување на квалитетот на обуката.
 
Преземи инфо и агенда за обуката (PDF).


Поради големиот интерес за посетување на обуката формираме и втора група во мај.

И во Македонија може да заживее е-трговијата.

Tuesday, March 29, 2011

Продавај на Интернет

Продавај на Интернет, продавај онлајн

Ова посебно се однесува на малите продавнички, кои се многубројни и ете не секогаш се добро познати.
Денес на Интернет се продава апсолутно се. Од моливи, мобилни, компјутери, гардероба, гаџети, аксесорис, шминка, чевли..
Интернетот нуди голема можност, вашите производи да бидат видени од поголем број на потенцијални купувачи, поголема е шансата истите да бидат препорачани и секако продадени.
Сопствениците на помалите продавници и нивниот персонал, не треба да бидат обесхрабрени од појавата на се поголем број на онлајн продавници.
Напротив, следниот чекор што треба да го превземат во успешно водење на нивниот мал бизнис е да се преорентираат кон поголема употреба на Интернетот.
Тоа може да води кон отворање на своја е-продавница, е-рекламирање или пак повеќе онлајн интеракција со идните свои купувачи.

Продавајте на Интернет!




Monday, March 28, 2011

Е-Продажба

 Насочете ја вашата продажба на Интернет. Ова е тренд кој полека, претпазливо, но доста сигурно завзема се поголем замав во РМ.
Секако дека ова проширување на продажбата нема да ви донесе инстант профит веднаш, што не значи дека е невозможно.
Постепеното пренасочување кон е-продажба е храбар чекор, добра одлука која бара друг вид на таргет групи, друг начин на рекламирање е-маркетинг, друг вид на социјални медиуми, е-форуми, newsletteri, mailing-листи, мобилност, поголема достапност, побрзо темпо на купо-продажба, друг вид на технологија и алатки, друг тип на менаџирање и водење на работите, друг начин на плаќање и добивање на производите, друг вид на соработници.

Обука : Отвори своја Е-продавница
Потребна ви е подобра продажба?

ПСМ фондација заедно со www.EX.Mk  организира обука : Отвори своја е-продавница, во април во просториите на ПСМ Фондацијата.
За подетални информации превземете го документот: Обука ( www.ex.mk) или по е-меил : info@ex.mk