Неверојатно, но вистинито
Имено, по долги дебати, јавни изливи на револт кај скопјани, конечно се направи голем дел од улицата Илинденска и се пушти во употреба.
Првичните впечатоци ги оставам на индивидуалните размислувања, но што се однесува до моето мислење јас како возач на едно просечно, нормално средно возило сум воодушевена.
Сега колата не ми вози, туку лизга по булеварот. До кога ќе трае ова мое вакво возење- не знам.
Второ, пејзажот кога се вози по истата улица кон центарот на градот, во моментот кога се здогледуваат двата лава на мостот добива навистина импресивен лик. Навистина да ти е ќеиф и задоволство да се возиш по Скопје.
Градов почна да ни заличува на урбано, културно место за живот.
(сликата е превземена од телма телевизија)
No comments:
Post a Comment