Search This Blog

Monday, October 18, 2010

Маркетинг или ПР текст ?

Неодамна добив прашања за интервју, но по неколку недели добив одговор дека текстот бил премногу ПР т.е. премногу бил насочен кон јавноста (односи со јавност- е буквалниот превод)
Одлучете сами...

1.      Kako se rodi idejata za "Exquisite"?

Идејата за отворање на е-продавница дојде спонтано. Имено пред две години навистина беше предизвик да се започне со овој начин на е-тргување и истиот да се наметне како секојдневна навика за пазарување за македонските граѓани.

2.      Dali makedonskite gragjani se familijarni so konceptot na on-line kupuvanje?

Концептот на он-лајн купување, бирање на производот и он-лајн плаќање, гледано од нашата пракса е познат, лесно применлив, и испробан.
Интересот за ваков начин на купување расте од ден на ден, паралелно со развивање на еден нов тип на култура на купување.
Не беше лесно да се убеди македонскиот граѓанин дека он-лајн купувањето е за секого, и дека не се потребни големи парични сретства да се добие посакуваниот производ.
Искуството покажува дека овој начин на е-купување повеќе го практикуваат луѓето со подлабок џеп, со повеќе стил и со модерна култура на купување. И се разбира луѓе кои се презафатени со обврски, со својата кариера и со семејството.
За таа цел за да им излеземе во пресрет на сите наши купувачи се потрудивме изборот на производи да одговара на сите возрасти, на сите старосни групи на купувачи, и се разбира цените да се пристапни на економската парична купувачка моќ на македонските купувачи.

3.      Koi proizvodi najmnogu se prodavaat?

Најчесто барани производи се артиклите од компјутерска галантерија, прибор и апарати за домаќинство, забава, канцелариски материјали, карти за концерти, книги и особено голем интерес има за подарување на цвеќиња.


4.      Dali recesijata se pokaza pogubna za ovoj vid na biznis?

Во февруари 2009 кога ја поготвувавме веб страната за е-продажба, самиот проект наиде на голем интерес и љубопитство кај интернет корисниците, така што може само да кажам дека рецесијата благо ја почуствуваме, и безболно не одмина. Можеби станува збор за почетничка среќа..


5.      Koi se vasite profesionalni planovi za idnina?

Она кон кое се стремиме како фирма е да преминеме во најдоброто шопинг место за опремување, реновирање на Вашиот животен простор со практични и функционални производи.
Да одберете што е добро, а што практично, колку чини и како тоа многу лесно можете да го купите или пријатно да ги изненадите своите најмили со убав подарок.
Со нас
да може да го одберете најдоброто, оставајќи си доволно слободно време во активностите во кои уживате.Накратко, производите што ќе ги погледнете во нашата е-продавница се мали, корисни и економични.
 Со малку фантазија предметите за секојдневна употреба да може да ги трансформирате во нови, иновативни решенија, да ги „оживеете“ и да му дадете душа на просторот во кој живеете.

No comments:

Post a Comment