Search This Blog

Wednesday, March 31, 2010

Е-трговија, Е-банкарство, Е-купување

За подобро да се разбере концептот на кои функционира е-трговијата, најдобро е да се провери концептот на работа на кој се заснова и одвива е-банкарството.

Е-банкарството е феноманален начин за плаќање и купување преку интернет. Се разбира ова се однесува за комуникација меѓу фирми, за брзо, лесно да ги подмират меѓусебните сметки или долгови.

За среќа, оваа е-услуга е достапна и во РМакедонија, а во која мерка се користи најдобро е да се провери во банките. Доколку фирмата се занимава со е-трговија, користење на оваа е-услуга, придонесува кон подобрување на работата, пред се во брзината со која се врши онлајн плаќањето, со што менаџерите на фирмите имаат повеќе време да се занимаваат со други активности околу водење на својот бизнис.

Ова е мала ама многу битна работа која овозможува секој е-бизнис да се се одвива непречено, во секој момент од денот.

Навистина, факт е дека луѓето кои без двоумење и со доверба го користат е-банкарството како секојдневната работење, многу лесно и повторно со истата доверба која ја имаат кон банките кои нудат ваква опција, да користат е-пазарување.

Значи, да оставиме малку на времето да покаже во кој степен македонските граѓани се спремни да се преориентираат кон е-купување...

Tuesday, March 30, 2010

Како до поголем профит преку е-трговија?

Како до поголем профит преку е-трговија?

Е-трговијата е напреден процес од кој може да се живее.

Доколку се навлезе во самата суштина на кој се базира секојдневниот начин на тргување, многу лесно ќе може да се направи чекор понапред користејќи современи сретства и начини за развој на трговијата.

Прашањето е како да се допре до купувачот без директен контакт со истиот. Односно како правилно да се воспостави комуникацијата со современиот интернет корисник. Е, тука е моментот во кој купувачот прави избор за тоа дали ќе ја отвори веб страната на вашата е-продавница, дали ќе одвои малку време за да прочита и одбере нешто од она што е презентирано за продавање.

И не треба да се заборави фактот дека тој купувач треба и да се задржи . Затоа доколку се одлучите или веќе работите на ова поле на е-трговија, најдобро е да ангажирате некој млад асистент кој во овој начин на тргување гледа со оптимизам, гледа иднина и се разбира профит.

Нема ништо апстрактно во тоа тргувањето да се одвива со поголема брзина, подинамично, поекономично и пред се поинжињерски/потехнички ориентирано.

Sunday, March 28, 2010

Како најлесно до препознатливо име т.е. ‘‘бренд‘‘


Како најлесно до препознатливо име т.е. ‘‘бренд‘‘

Во зависност од таргет групата - потребни се мали и големи маркетиншки сретства (медиуми, пари...) за да се испрати пораката брзо, јасно и трајно до крајниот купувач т.е. примач на маркетиншката порака.

За ефектот да биде поголем и резултатот брзо да биде видлив мора да бидат запазени безброј светски стандарди : морални, етички, возрасни граници, здравствени, антирасистички и многу други аспекти. Што би се рекло на купувачот да му биде задоволство да види, да одбере и да плати некој производ.

Бидејќи развојот на интернет културата е во чекор со времето во кое живееме, најефтино и најбрзо рекламирање е она преку социјалните веб страници.
И пропорционално на ова е и ефектот од овој начин на презентација.

Facebook денес е прилично окупиран од разно разни презентирања и рекламирања. Но, не треба да се заборави и фактот дека е многу користен за комуникација меѓу лицата под 18 години.

И www.exquisite.mk има свој профил на Facebook: Ex.mk, број на friends кој изненадувачки расте; но поради природата на бизнисот за свои потреби има и своја група Bidi In kupuvaj online.


Saturday, March 27, 2010

Како до супербренд во РМ...

Што е БРЕНД?

За детално објаснување клик на: http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4

Граѓански глас за најдобар бренд:

‘‘Македонските граѓани за првпат можат да учествуваат во изборот на најсилните пазарни марки во Р.Македонија, преку гласање на интернет.
Изборот на најдобри брендови во Р.Македонија го организира меѓународната организација СУПЕРБРАНДС, една од водечките компании во областа на брендингот.
За избор на најсилните брендови во Р.Македонија, конкурираат дури 1200 пазарни марки, распоредени во 28 категории.
Во изборот, покрај домашните трговски марки, учествуваат и меѓународните...‘‘

текстот е препишан од ‘‘Шпиц‘‘

Тоа што сите фирми најверојатно ги интересира е детална анализа на профилот на граѓаните кои ќе гласаат. Сепак брендингот е цела област од економијата што продава. Најчесто се поврзува со маркетинг, што во слободен превод би значело соодветно таргетирање на потрошувачите по таргет групи, со цел правилно да им се презентираат информациите поврзани со производ или услуга.

Сепак, сите сме различни - со различен стил, потреби и барања...

Топ 100 брендови во светот за 2009...


Tuesday, March 23, 2010

Како до вистински информации

Кога се започнува свој бизнис важи мотото: ‘‘Информацијата е пари‘‘ ... и ‘‘Издржи до крај‘‘...

Во Македонија е многу лесно да се дознаат информации од било каков карактер, но треба да се биде многу внимателен во разграничување на истите, што е вистина а што е лага. Ние, македонците по природа сме многу темпераментни, и пријателски расположени за секакви (па добро, не баш секакви) муабети.

Многу е тешко да се соберат, анализираат, и практикуваат доколку за тоа се нема сенс или соодветно образование. Но, факт е дека се може да се научи, нели...

Како до бесплатни информации?

Интернетот не е бесплатен, бизнис списанијата исто така чинат одредена сума, дневните весници исто така, а да се види корисно интервју на тв треба цел ден да седите пред тв за да бидете правилно информирани околу тајмингот и личностите кои ве интересираат да ги видете, слушнете. Се се плаќа.

На обичниот човек му преостанува изборот : што ќе чита, што и кого ќе гледа на тв, кого и што ќе слуша на радио..итн...

Авторот на овој блог (читај веб страна) ја има таа привилегија да добива гратис бизнис магазин ‘‘Капитал‘‘, а Вие?

Monday, March 22, 2010

Аукции за сите


za1denar.com.mk е веб страна за аукции каде што цената на производот кој е на продажба може најмногу да се накачи за 0.5 ден. со едно наддавање.
Сите аукции почнуваат од 0 денари.
Ако никој не ја накачи цената ( не наддаде) во времето предвидено за наддавање (пр. 2 мин.) на аукцискиот часовник кој е видлив на самата аукција, последниот наддавач победува на аукцијата и го купува производот за која и да е цената која тој ја достигнал.
За да земеш учество во аукциите, потребни ти се кредити на твојата сметка.
Кредитите може да ги платиш и он-лајн и да ги добиеш по СМС (без достава) или до адресата на нарачателот ( со вклучена достава ) на www.exquisite.mk
Изборот на производи е интересен и начинот на кој може да се дојде брзо до убав производ е лесен и пред се многу забавен.

Sunday, March 21, 2010

Нов тренд: Секој има е-продавница

Светскиот гигант ‘‘Мајкрософт‘‘ го има мотото ‘секој има компјутер дома‘, односно нивната визија во текот на нивното развивање беше - во секој дом, на секоја маса да има компјутер;
Ова е доста космополитски и е направено во голем претприемнишки дух.

Кај нас веќе 4 месеци во пораст е новиот тренд‘‘ Секој има е-продавница‘‘, што истотака е за поздравување доколку истиот завземе позитивна насока, т.е. за сеопшто добро, за подобрување на животниот и потрошувачкиот стандард на сите граѓани на Република Македонија.

Со зголемување на овој тренд, гледано од наша пракса, статистички, се повеќе се зголемува и бројот на клиенти кои купуваат и плаќаат на веб страните на другите е-продавници што се отворени во РМ, но ете производот не им бил доставен онака како што било напишано и објаснето во процесот на купување; а за подетални информации и жалби се јавуваат на нашиот контакт телефон.
NO COMMENT

Во изминатата цела 2009 година, Ексквизит интензивно работеше на разодување и олсенување на патот за својата, а последователно на тоа и на сите после нас отворени е-продавници. Ова беше најслабата карика во трговијата, кај нас. Се увиде, дека на македонскиот граѓанин не му е потребна кампања, флаери, маркетиншки убедувања , стручна или професионална едукација и сл. за да ја направи својата прва нарачка преку интернет. На македонскиот граѓанин, му е потребно едноставно и user friendly инфо за сите аспекти од начинот на плаќање, и заштита од несакани провали на неговата кредитна картичка.

Македонија е мал пазар. Можностите за отворање, развивање на свој приватен бизнис се зголемуваат, се отвораат нови надворешни пазари за развој на е-трговијата.

Внимателно со начинот на кој се однесувате кон купувачите. Не заборавајте дека потрошувачот е тој кој одлучува за производите, брендовите, продавниците...



Saturday, March 20, 2010

Постави прашање до претприемач








‘‘Најдобриот начин да се предвиди иднината е таа да се креира.‘‘

Во соработка со Претприемач.мк, во областа на развој на претприемништвото во Република Македонија, тимот на Ексквизит веќе два месеца одговара на поставените прашања од областа претприемништвото.
Идејата на претприемач.мк е секој месец, по една фирма оформена од млади претприемачи , да одговара на поставените прашања.

За да поставите прашање од областа на претприемништвото следете го линкот: www.pretpriemac.mk

Дефинирање на претприемништво:
Зборот претприемништво има многу значења. Од една страна, теоретски-претприемач е пионер-личност која почнува нови работи и поседува исклучителни карактеристики кој ретко кој пруг ги има. Од друга страна, секој кој што сака да работи сам може да се именува како претприемач. Зборот претприемач доаѓа од францускиот збор entreprendre што значи да превземеш.
Во бизнис контекст, ова значи да отпочнеш свој бизнис.

Овој начин на комуникација: ‘‘Постави прашање до претприемач ‘‘е особено интересен и потребен за младите, идни претприемачи кои сакаат да создадат и изградат свој приватен бизнис.


Само накратко:
Претприемништво – мали бизнисиМногу луѓе ги користат термините претприемништво и сопственик на мал бизнис како синоними, но во реалноста овие термини се различни и има разлика меѓу претприемништво и мал бизнис.
Претприемништвото се разликува од бизнисот на следниот начин:

Профит
– наспроти традиционалниот начин на вработување и постепеното зголемување на просечниот профит, претприемачите се милионери


Брзина на профитирање – малите успешни бизниси имаат профит од неколку милиони во текот на нивното постоење, додека оваа бројка претприемачите ја достигнуваат најчесто за 5 години
Ризик – ризикот кој што претприемачот го презема секогаш е многу висок
Иновација – претприемништвото најчесто е поврзано се некоја оддржлива идеја и креативна идеја, додека малите бизниси најчесто не се од таков тип. Иновативноста може да биде продукт или сервис, или пак во начинот на кој се спроведува истиот.

Е-супермаркет

За сите оние кои купуваат неопходни прехранбени производи за дома, проверете го следниот линк www.doma.com.mk.

Е-трговијата сепак постои и кога станува збор за купување на храна, пијалоци,козметика...

И повторно купувачот ја има опцијата за достава на купените производи до дома.

Сега секогаш ќе имате време за се.

Цвеќињата се секогаш во мода

Традицијата и културата, со развојот на човештвото низ вековите укажуваат на еден непобитен факт - цвеќињата се секогаш во мода.

Убаво посадено цвеќе во домашен амбиент, куќен двор или убаво аранжирано цвеќе во вазна, делува позитивно врз луѓето и ја разубавува околината во која е поставено.

На запад луѓето имаат здрава навика, еднаш до двапати месечно да купуваат цвеќе и истото да го аранжираат по свој избор и расположение.

Постои цела индустрија која се занимава со одгледување/производство на разни видови на цвеќе, со нивно вкрстување, декорирање, аранжирање и продажба.

За среќа, граѓаните на Скопје го имаат Цветниот Пазар, како место на кое секогаш може да најдат убаво спакувано цвеќе...

За сите љубители на рачната изработка

Како до оригинален рачно изработен подарок?

За сите љубители на ретки, оригинални подароци, може да го погледнете следниот македонски веб сајт www.unikatno.com.mk

Ќе бидете пријатно изненадени од изборот на рачно изработени парчиња облека, чанти, накит и додатоци кои не може да се купат во продавниците...

Вистински празник за очи:)


Friday, March 19, 2010

Е-услуги

Ексквизит преку својата е-продавница нуди опција за продавање на Вашите производи, по многу прифатливи услови.

По успешно едногодишно работење во областа на е-продажбата, ги извесуваме сите заинтересирани идни соработници дека заклучно 19.03.2010 ќе се доплаќа мал месечен надоместок за 24 часовна презентација на производите.

Ова не важи за фирмите кои се занимаваат со експорт-импорт, како и фирмите кои имаат свои големопродажни центри.

За повеќе информации околу рекламирање на Вашите фирми, производи видете на линкот:
http://www.ex.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=71&Itemid=109

Нова е-продавница во РМ

Еми Медиа е фирма со свој сопствен ланец на мали продавници. Се занимава со продажба на сите видови на компјутерска галантерија.

Од неодамна во соработка со Ексквизит, Еми Медиа си отвори своја продажна е-продавница.
Оваа е- продавница може да ја прегледате на www.emimedia.mk.

Е-продавницата е лесна за пребарување, едноставна за одбирање на саканиот производ и негово онлајн плаќање.

Купениот производ може да го добиете со достава до дома, на работа.

Сега работата ќе Ви биде поедноставна.

Wednesday, March 17, 2010

Како да започнеш свој е-бизнис во РМ


Ексквизит е чест гостин предавач од областа на е-бизнисот.

Најновото предавање на тема‘‘Како до свој е-бизнис‘‘ ќе биде на 20.04.2010 во просториите на Економски факултет во организација на АИСЕК за време на одржувањето на Денови на Кариера 2010, во периодот 19-20 Април 2010год.

Сите претходни гостувања се објавени на www.exquisite.mk во Галерија.

Thursday, March 4, 2010

Online комуникација со клиенти

Купувачите кога купуваат најмногу преферираат да комуницираат ‘‘лице во лице‘‘ со продавачот. Ова е на обострана корист и задоволство. Купувачот може детално да се информира за карактеристиките на производот, а продавачот има можност да ја претстави фирмата/продавницата и изборот на производи.

Со развојот на шопинг културата, се појавуваат нови типови на продавници - со подобрен начин на купување т.е. со употреба на телефонски call customer oriented центар, со купување и нарачување преку каталог, до најновото денес, а тоа се електронските online продавници или попознати како e-shop.

Производите кои се продаваат во сите типови на продавници се истите, само начинот на нивното одбирање, нарачување и плаќање е подобрен. Денес кога купувате online, Вие купувате претежно познат производ, но начинот на одбирање е на веб страницата на електронската продавница; кога веќе сте го одбрале и платиле производот истиот може да го добиете дома - удобност која многу значи.