Search This Blog

Saturday, March 20, 2010

Постави прашање до претприемач








‘‘Најдобриот начин да се предвиди иднината е таа да се креира.‘‘

Во соработка со Претприемач.мк, во областа на развој на претприемништвото во Република Македонија, тимот на Ексквизит веќе два месеца одговара на поставените прашања од областа претприемништвото.
Идејата на претприемач.мк е секој месец, по една фирма оформена од млади претприемачи , да одговара на поставените прашања.

За да поставите прашање од областа на претприемништвото следете го линкот: www.pretpriemac.mk

Дефинирање на претприемништво:
Зборот претприемништво има многу значења. Од една страна, теоретски-претприемач е пионер-личност која почнува нови работи и поседува исклучителни карактеристики кој ретко кој пруг ги има. Од друга страна, секој кој што сака да работи сам може да се именува како претприемач. Зборот претприемач доаѓа од францускиот збор entreprendre што значи да превземеш.
Во бизнис контекст, ова значи да отпочнеш свој бизнис.

Овој начин на комуникација: ‘‘Постави прашање до претприемач ‘‘е особено интересен и потребен за младите, идни претприемачи кои сакаат да создадат и изградат свој приватен бизнис.


Само накратко:
Претприемништво – мали бизнисиМногу луѓе ги користат термините претприемништво и сопственик на мал бизнис како синоними, но во реалноста овие термини се различни и има разлика меѓу претприемништво и мал бизнис.
Претприемништвото се разликува од бизнисот на следниот начин:

Профит
– наспроти традиционалниот начин на вработување и постепеното зголемување на просечниот профит, претприемачите се милионери


Брзина на профитирање – малите успешни бизниси имаат профит од неколку милиони во текот на нивното постоење, додека оваа бројка претприемачите ја достигнуваат најчесто за 5 години
Ризик – ризикот кој што претприемачот го презема секогаш е многу висок
Иновација – претприемништвото најчесто е поврзано се некоја оддржлива идеја и креативна идеја, додека малите бизниси најчесто не се од таков тип. Иновативноста може да биде продукт или сервис, или пак во начинот на кој се спроведува истиот.

1 comment:

  1. Јас сум Абрам Александр бизнисмен, кој можеше да го оживее својот деловен умрен бизнис преку помош на заемодавец испратен од Бог, познат како Бенџамин Ли, консултант за заем. Јас сум жител на Екатеринбург Екатеринбург. Па, дали се обидувате да започнете бизнис, да го решите вашиот долг, да го проширите постојниот, да ви требаат пари за да купите материјали. Дали имате проблем со обидот да обезбедите добар кредитен објект, сакам да знаете дека г-дин Бенџамин ќе ве види. Дали е вистинското место вие да го решите целиот ваш финансиски проблем затоа што сум живо сведоштво и не можам само да го задржам ова на себеси кога другите бараат начин да бидат кревани финансиски .. Сакам сите вие да го контактирате овој заемодавец испратен од Бог користејќи ги деталите, како што е наведено во други, да бидат учесник во оваа одлична можност Е-пошта: Lfdsloans@outlook.com Или WhatsApp / Текст + 1-989-394-3740.

    ReplyDelete