Search This Blog

Thursday, February 25, 2016

Е-продавници за облека

Како сте задоволни од е-продавниците во РМакедонија, специјализирани за облека?

Има голем број на продавници за облека, кои отворија свои нови продажни места на интернет т.е. онлајн продавници.

Некои од нив проработеа, некои се затворија, а некои успешно опстојуваат на онлајн пазарот во РМакедонија.

Правилата на продажба се исти како и за другите типови на е-продавници.
Се прави нарачка онлајн, се плаќа и нарачаната облека ви се доставува на назначена адреса. И се е тоа супер, доколку не сакате да шетате по продавници и да пробувате облека.

Ова посебно е практично за машкиот дел од населението.
Сите знаеме дека жените се тие што обожуваат да шетаат и пробуваат и купуваат облека.

Ние ги испробавме услугите на една од тие е-продавници и многу сме задоволни од услугата.

Пробајте и вие..

Wednesday, February 24, 2016

Продавници, продавници

Денес повеќе од било кога имаме на располагање за купување многу продавници. Дали се тоа класични продавници или интернет продавници или големи шопинг молови-сите ние редовно ги користиме за да купиме по нешто.

Веќе и поголемите класични продавници си отворија свои нови интернет продажни места.
Сите се преорентираа на онлајн купување.

Малку постарите генерации се уште се по малку скептични во поглед на интернет купувањето, но затоа помладите редовно ги користат онлајн поволностите на разгледување и купување.

Доколку се уште имате проблем да направите онлајн нарачка, пробајте да пратите нешто ситно и ефтино за да ги проверите бенефитите од овој вид купување.

Еве сега се приближува 8ми Март, интернационалниот ден на жената, па зошто да не подарите некому малку внимание во вид на цветен букет.

И не заборавајте да бидете малку повеќе позитивни во поглед на е-купувањето. Секогаш ќе наидете на по некое непријатно искуство, но не дозволувајте тоа да ве обесхрабри..

Thursday, December 10, 2015

Процесот на е-купување

Кога правите нарачка во некоја интернет продавница очекувате пратката да ви пристигне во точно определеното време.

Но, што всушност се случува во т.н. позадина на онлајн купувањето.
Како вашата нарачка се процесира?

Веднаш по направената нарачка онлајн, истата се организира за испорака. Е-продавниците имаат склучено договор со служба за испорака која вашата пратка треба да ви ја достави во наведениот период. И тука почнуваат проблемите..
Оваа служба за испорака не секогаш ви ја доставува пратката на време. Понекогаш е временската прогноза, понекогаш е тоа сообраќајот, а не секогаш и купувачот е дома за да ја прими пратката.

Има задоволни и незадоволни купувачи. Но тие не се задоволни од службата за испорака, а не од е-продавницата. Треба да се прави разлика кога во прашање е купувачкото искуство. Дали купувачот е задоволен од производот или од навремената испорака.

Е-купувањето е процес од е-нарачка до испорака на врата.

Не треба да им бидете лути на е-продавниците за ненавремена испорака. Тие својот дел од работата знаат одлично да го исполнат. Но, ете се случува ненавремена испорака од х-причини.

Треба со ова да се запознаат сите е-купувачи.

И купувајте безбедно онлајн..

Wednesday, October 28, 2015

Да создадеме позитивно онлајн купувачко искуство

Она што фали во моментов за развој на македонската е-трговија е позитивно онлајн купувачко искуство.

За таа цел Ексквизит отвори нова Facebook група во која ќе можете да се пожалите од онлајн  услугите што ги добивате кога плаќате онлајн.

За онлајн купувањето да ни биде задоволство, прво треба да создадеме култура на купување и на позитивно купувачко задоволство.

Името на групата е Пожали се кога купуваш онлајн 

Споделете, коментирајте ваши онлајн купувачки искуства..

Wednesday, October 21, 2015

Рекламирање на социјалните мрежи како проблем

Секоја е-продавница која ги прати светските трендови, ги бара своите потенцијални купувачи на социјалните мрежи Instagram, Facebook, Google+ или Twitter..

Се вложува многу креативност, се внимава на сите правила на професионално рекламирање, но ете сепак тешко се наидува на добар одзив кај таргетираната маркетинг група.

Зошто е ова вака за македонските е-продавници?

Прво и основно, се уште се нема создадено социјална култура на прием на рекламите.

Рекламите и објавените постови од страна на македонските е-продавници редовно се исмејувани, се поставуваат глупави прашања, се споделуваат како шега, а сето тоа го гледаат вашите внимателно селектирани таргет групи.

И како сега до продажба?

Е-продавниците не се рекламираат да ве забавуваат и да бидат исмејувани, тие се рекламираат за да заработат. Сепак се трошат пари за реклами.

Македонскиот онлајн маркетинг треба сериозно да се осврне на овој секојдневен проблем. Има негативен и негативен маркетинг, а ова што се случува во македонскиот онлајн рекламен простор е алармантно.

Препорака до сите онлајн продавници кои се рекламираат на социјалните мрежи : Скријте ги овие недолични коментари, постови и сл. Ќе си заштедите многу нерви и чекајте додека некој конечно не превземе нешто за да го реши овој македонски проблем.




Tuesday, October 13, 2015

Зошто толку недоверба кон македонските е-продавници

Сите ваши направени нарачки преку интернет доаѓаат во одреден рок. Кога правите нарачки онлајн очекувано е да ги добиете истите во најбрз можен рок. Стрпливи или нестрпливи, нарачката си ја сакаме веднаш.

Кога просечниот македонски е-купувач купува по странските онлајн е-продавници и големи интернет продажни веб страници, направената нарачка сакал-не сакал си ја чека со денови, недели а понекогаш и месеци.

Но, кога истиот тој е-купувач купува во македонските онлајн продавници, нарачката си ја сака истиот ден. Способен е да се јавува неколку пати за да провери до каде е со испораката, недоверлив е и сака да си плати во кеш. Во КЕШ!

Сите негативни и непријатни искуства што македонскиот е-купувач ги има добиено од странските е-продавници, знае да ги проектира како негативни искуства добиени за македонските е-продавници.

Живееме во ера на технологија, кога готовинското плаќање се исфрла од употреба, но ете македонскиот купувач одбира во вакво модерно време да купува исклучиво во готово.

Затоа, немојте да бидете недоверливи кон македонските е-продавници, бидејќи во сопствената земја сепак сте најмногу заштитени од онлајн измами.. Доколку купувате од официјални веб продавници, а не од обични купи-препродај фејзбук страни за продавање..



Thursday, October 1, 2015

Е-трговија во Р.Македонија до денес

Е-трговијата или развојот на е-продавниците во Р.Македонија е нова бизнис област во која треба да се инвестира. За жал, македонските е-продавници се оставени самите на себе во областа на инвестиции.

Нема заинтересирани странски инвеститори кои би сакале да се промовираат во нашата земја.

Тоа во голема мерка е условено од лошата репутација што македонските граѓани ја имаат оставено на странските банки, посебно во делот на злоупотреби на платежни картички.
Никој од овластените институции нема интерес да се подобри репутацијата што ја имаат македонските корисници на платежни картички.

За жал се се сведува на репутација и доверба која тешко се стекнува, а лесно се губи.

Ексквизит веќе подолго време се соочува со проблемот на доверба кај македонските е-купувачи. Колку и да се работи на овој проблем, секогаш се наоѓа некоја друга е-продавница која сакајќи брзо да се пробие на е-пазарот ја руши довербата кај македонскиот е-купувач. Свесно или несвесно. Конкуренцијата е непрофесионална, неетичка и нелојална.

Купувачката моќ на нашите граѓани е слаба за големи брендови и она што најмногу се продава онлајн е она што не може да се најде на пазар или во било која друга физичка продавница. Но, и купувачката моќ на големопродажните места е слаба за да се увезуваат квалитетни и по пристапни цени производи.