Сите ваши направени нарачки преку интернет доаѓаат во одреден рок. Кога правите нарачки онлајн очекувано е да ги добиете истите во најбрз можен рок. Стрпливи или нестрпливи, нарачката си ја сакаме веднаш.
Кога просечниот македонски е-купувач купува по странските онлајн е-продавници и големи интернет продажни веб страници, направената нарачка сакал-не сакал си ја чека со денови, недели а понекогаш и месеци.
Но, кога истиот тој е-купувач купува во македонските онлајн продавници, нарачката си ја сака истиот ден. Способен е да се јавува неколку пати за да провери до каде е со испораката, недоверлив е и сака да си плати во кеш. Во КЕШ!
Сите негативни и непријатни искуства што македонскиот е-купувач ги има добиено од странските е-продавници, знае да ги проектира како негативни искуства добиени за македонските е-продавници.
Живееме во ера на технологија, кога готовинското плаќање се исфрла од употреба, но ете македонскиот купувач одбира во вакво модерно време да купува исклучиво во готово.
Затоа, немојте да бидете недоверливи кон македонските е-продавници, бидејќи во сопствената земја сепак сте најмногу заштитени од онлајн измами.. Доколку купувате од официјални веб продавници, а не од обични купи-препродај фејзбук страни за продавање..
No comments:
Post a Comment