Search This Blog

Tuesday, September 28, 2010

Time Management

Колку е часот?

Сите знаеме дека времето е пари. Но ако малку подлабоко се загледаме во поимот ВРЕМЕ - тоа во продажбата може да се толкува на повеќе начини.
Имено "време "- е работно време на продавницата.
Под "време" - може да се подразбере и годишно време, што е исто многу битен фактор во продажбата, посебно во модната индустрија.
Времето е битен фактор во сите сегменти на работење, во организација на секојдневните работни обврски и задолженија, во организација на работни состаноци и работни средби, исполнување на рокови итн..

Одличен начин да се усоврши и поедностави секојдневното работење и успешно да се води една нормална фирма, значи да се има чувство за време.
Проблемот е кога Вие тоа го правите, но не наидувате на истиот приод од другата страна.
Немањето на фидбек, може да Ве чини нерви, пари и губење на здравје, и занемарување на вашиот приватен живот.
Ете, едноставно некој си го земал тоа право или задоволство да ете немал време да ги исполни своите договорени обврски кон Вас.

Monday, September 27, 2010

Boom Marketing


Како до продажба во време на кризен маркетинг?

Имено сите ефективни слогани, џинглови, тизери се или зафатени или премногу се употребувани или се пречесто копирани.

Па оттука и маркетиншката порака е недоразбрана или се сфаќа во погрешен контекст, и пораката се носи во сосема друга насока од предвидената замисла.

Во овој случај кога пораката наместо вашата таргет група, ја прима нечија друга таргет група ( пораката се губи во неинвентивниот процес на copy-paste) истата е апстрактна, неинтересна и се разбира "погрешна"!

Значи уште од старт сиот предвиден маркетинг план, врз кој се заснова продажбата оди бесплатно на нечија туѓа врата.

Што да прави човекот кој го изработил тој маркетинг план во овој случај?..

Sunday, September 26, 2010

Boom Marketing

Најновите истражувања од областа на маркетингот покажаа дека правењето на БРЕНД е слично на правење на ѕвезда ( од холивудски ранк). Потребни се навистина големи инвестиции; голем тим на луѓе; жешки хостеси ; ТВ презентации во најквалитетна резолуција; најдобро место во новините за рекламирање; брендирани автомобили, обувки, накит, гардероба која се менува два пати во денот; ВИП карт бланш за секој социјален настан, и секако времето. По амерички сите знаеме дека времето е пари- што преведено на нашки би значело- нема грешка со се ова горенаведено да се утне во правење на бренд (па да речеме за ден-два).
А што добиваме ние како консументи од овие инстант направени брендови. Па ништо посебно не ни останува освен да се запишеме на нивните инстант курсеви за да поднаучиме и ние како да направиме бренд.
И најважното- ќе мора да научите и англиски/американски.
Колку маркетиншката порака ви е english user friendly шансите за заработка ви се поголеми.. Maybe...

Saturday, September 18, 2010

Украсна бижутерија

Обетки за секоја пригода

Одберете комплет соодветно на Вашето расположение, стил на облекување и начин на живот.

Бидете секогаш модерни, секогаш различни.

Носете накит пред се за самите себе. Бидете практични и со малку парични сретства добијте го имиџот што го посакувате.

цена: 200,00 ден.




Sunday, September 12, 2010

Изненадете се пријатно


Чоколадо, мммм навистина чоколадооооо!!!!!

Имајте чоколадна гозба без да се грижите за својата линија!!!

Оваа маска длабоко чисти, ги отвора порите, хидрира и негува за вашата кожа да зрачи со здравје.

УЖИВАЈТЕ!
цена: 79,00 ден.

За повеќе избор од овие благопријатни маски за коса и кожата на лицето и вратот кликнете на линкот: www.exquisite.mk

Friday, September 10, 2010

Ароматерапевтските LaSoy сапуни

Комплет од 3 сапуни

Ова е одличен начин за релаксација, а воедно и одличен и несекојдневен избор за подарок.

Комплетно природни, рачно работени, без вештачки додатоци и синтетски конзерванси (paraben-free).

Ароматерапевтските LaSoy сапуни се изработени од висококвалитетни растителни масла и 100% природни концентрирани етерични масла. Содржат природен глицерин како незаменлив навлажнувач и омекнувач на кожата.
За повеќе детални информации и за поголем избор од овој тип на комплети од сапуни клик на: www.exquisite.mk.

Wednesday, September 1, 2010

Време за училиште


Бидете чекор пред другите и снабдете се со сиот потребен материјал за детската работна маса.

Ножички во боја, разнобојни самолепливи ливчиња, лепаци, плутани табли, притискачи во боја, дигитрони со различен број на функции, папки за подобра организација и архивирање....

За повеќе информации околу асортиманот на понудени производи кликнете на : www.exquisite.mk и просурфајте низ понудените подкатегории од категоријата на канцелариски материјал.