Мит или Вистина?
Трговци, попустите нема да ви се исплатат!
Мит: точно, нема да ви се исплатат т.е. надоместат парично веднаш. Но, затоа ќе ве запознаат многу идни потенцијални купувачи.
Компанија што работи со 30% маржа, а на купувачот му нуди 10% попуст, мора да продаде 50% повеќе доколку сака да оствари еднаква добивка.
Мит или Вистина: на ваков константен начин на работење, по 3 месеци трговецот самиот ќе увиди дека неговата фирма е веќе вклучена во системот за вртење пари ( прави константен обрт на пари). Па така по година, две ќе свати дека неговата фирма функционира како швајцарски часовник. Ова можеби ќе може да се види во реалноста доколку не постојат негативни, психо-социолошки интенции во областа на економијата.
Оваа чувствителна тема под име ПОПУСТИ е дефинитивно тема број 1 за чаршиските муабети. Во Скопје оддеднаш, без усул се појавија сите видови на потребни, непотребни попусти, снижувања и како ли уште не се именува оваа појава. После да не се чудите зошто ни господ не може да ви помогне, да се вратите на нормала.
За попустите пишував пред некоја недела, и нема да се навраќам повторно на тоа. Оваа тема е за луѓето кои професионално се занимаваат со трговија и од тоа вадат плата за себе, а можеби и за по некој залутан ‘‘нечиј‘‘ роднина или братучед.
Оваа глупост која трае ако се сеќавате една цела година константно во Скопје, донесе пад на трговијата, пад на економијата, пад на животниот стандард, пад на културниот и социјалниот живот во земјава.
Така ви е тоа драги мои кога секој кој стигне ќе ви соли и продава памет и на ваша сметка (на ваша мака) заработува и од страна ви се смее. Како овие креатури од луѓе земаат редовно плата секој месец и дополнителни примања: се занимаваат со трговија -Продаваат туѓи идеи и свесно живеат нечиј друг живот.
Не ви се верува.. ?
Македонија и се е можно.
Едвај ги чекам да видам кои се глупости ги направиле со влезот на РМ во Европа.. За НАТО и да не зборам.
No comments:
Post a Comment