Како до успешен бизнис (1)
Многу лесно. Да се осврнеме малку на старите, добри, веќе испробани рецепти кои даваат резултати. Па нели одиме во Европа.
Европа е стар континент, со многу долга традиција и пред се култура. Треба да се види, доживее за да може да се опише. Не ви препорачувам да пробате да работите, но за се има прв пат.Најразвиена гранка од економијата е т.н. Fashion industry, трговски марки, брендови. Таму се е бренд. Па и ние од пред 2-3 години станавме опседнати со тоа да се биде БРЕНД.
ОК, добро е барем да се види како тоа го прават другите.Европскиот начин на живот си бара и добра плата. Па затоа предлагам кога веќе ништо не ни помага, дајте прво и само тоа: зголемете ги платите. На европски начин...Неповратно.(Значи да не ги враќаме преку кредит). Ајде барем со 2-3 плати да си ги вратиме наталожените долгови. Да се мотивираме за работа.
Како до успешен бизнис(2)
Буквално дефиниција за производство значи да произведеш односно да создадеш/направиш /искомерцијализираш употреблив производ т.е. производот што ќе го купите да ги исполнува сите светски стандарди со знакчето ‘‘Made in Europe‘‘.Да се закачи налепница или етикета не значи дека тој производ е направен во ЕУ,(тоа не спаѓа во производство: ставање и лепење на налепници и етикети, нови повисоки ЕУ цени..). ЕУ-граѓаните трудот и времето за ставање на етикети дебело си го наплаќаат. WOW...
Во овој контекст може да се спомене и проектот ‘‘Скопје 2014‘‘. Најверојатно Скопје не им се допаѓа онака како што е, па најверојатно како едно од барањата за влез во ЕУ е и менување на личниот опис на градот/државата.
Нека ни е на здравје...
Се надевам дека не се тајна барањата на ЕУ за влез во ЕУ – унијата. ИЛИ???
Како до успешен бизнис (3)
Она најважното од се за нашите трговци, производители, увозници и извозници е: да ги знаат лицата со име и презиме, кои се одговорни и задолжени за запазување на ЕУ-економијата(ЕУ монетарен фонд, финансиска полиција, маркетинг елита..). Значи луѓето кои се менаџери на ЕУ пазарната/економската политика.Можеби сум млада и недоволно информирана околу постоењето на овој круг на бизнисмени, но еве природата на работата ми налага да се себеобразувам и нормално се уште не можам да ги најдам овие информации.За тоа како се превземаат фирми, фабрики и фирми за увоз-извоз, запознаена сум со т.н. Бизнис Ангели (ако вашата фирма е успешна, а вие немате доволно пари за да инвестирате во нејзиниот развој-ќе ви се јават овие‘‘ангели‘‘ и процентуално ќе ви ја превземат фирмата. Гледано од поубавата страна. Што се случува понатаму, со вас и вашите вработени- не знам).
Би било убаво да се знаат овие бизнис информации – чисто од култура. Пред 2-3 години, прочитав во весници еден натпис за ЕУ. Темата беше онака тизерски напишана (да привлече интерес и да се види/провери мислењето кај народот) во ЕУ се формира‘‘Совет на мудреци‘‘ т.е. оние кои ја носат ЕУ во подобра иднина. Еднаш и никогаш повеќе напишана/опишана вест. ТИЗЕР.
Многу бајковито и волшебно изгледа ЕУ.
Како до успешен бизнис (4)
За оние најупорните трговци, е-трговци и сл. ви давам еден пријателски совет:
Пред самиот влез во ЕУ: проверете си го сопствениот бизнис план (cashflow итн.). Значи направете си самите една SWOT анализа за вашиот бизнис и тоа во три етапи. Пред влез, за време на процесот за влез и по влезот на РМакедонија во ЕУ.
No comment
Заклучок: добар работен кадар денес е тешко да се најде.
Како до успешен бизнис (5)
Како се враќаат вложените сретства и инвестиции сега кога веќе размислуваме по ЕУ жаргон. Е за тоа, најверојатно ќе мора да почекаме, ако во меѓувреме не заборавиме дека сме инвестирале во нешто свое. Од милион причини. Еве сега е најдоброто време да се угледаме на нашите ЕУ колеги, како тие ги решаваат моментите на економска криза. Да видиме како во пракса може да ги примениме нивните искуства. За промена може и тие да пробаат како со минимум пари, минимум услови за работа, со максимум работа нивните македонски колеги успеваат едвај да го скрпат крајот на месецот. Бесплатно, може да се направи проект или краток курс кој би чинел ѓаол и пол во евра, во кој ЕУ колегите ќе се стекнат со реални и практични примери од секојдневниот живот. За да се запознаеме, па нели ќе живееме заедно?
Да видиме кој повеќе работи. Кој како е платен. И зошто.
No comments:
Post a Comment