Фејсбук - бесплатен простор за онлајн маркетинг
Зошто баш сите поединци и фирми се одлучуваат на овој чекор?
Па бесплатно е!
И целиот дизајн и начин на огласување е исклучиво по свој личен вкус и избор. Ова по се изгледа кога се отскокнува од линијата на просечност и лошиот вкус е Криминал.
Ако се размисли подлабоко во психологијата на онлајн комуникација (ова е англиски адаптиран израз кој може да се сфати и како комуникација по интернет, по мобилен, телевизија, буквално преведено =на линија, а кабел е кабел, струја е струја или..) многу нејасно во РМ се прикажани сите позитивни и негативни ефекти и нуспојави токму од ваквиот начин на комуникација.
Како до пари или мора да се плати за да се слушне за бизнисот?
Ова е зачаран круг од кој за жал нема излез. Менталитетот на македонскиот народ е таков: еднаш изгорен- за секогаш изгорен, еднаш излажан и останавте така во сеќавањата. И ништо од бизнисот. Зошто затоа што кога ќе побарате културни информации и интелектуални начини за да направите мала кампања за истиот овој народ- НЕМА. И никој не кажува како се доаѓа до спонзорства, поткровителства, јасно и кратко до ПАРИ.
Мистерија за шаблон кој дава 100% профит.
И немојте утре, задутре да се зачудите ако најдете баш на фејсбук одлична фирма за соработка или супер работи за купи-продај.
Очигледно на некој и текако мнооогу му смета развојот на ИНТЕРНЕТ или ЕЛЕКТРОНСКОТО КУПУВАЊЕ.
Да не објаснувам детално, нашироко и надолго, и до детаљи што е електронска продавница; а за нешто поголемо од една е-продавница и да не помислам да ви објаснувам. Можеби концептот на кои овие продавници работат е многу тежок за некој да го разбере, а премногу лесен за да си го присвои.
Одиме понатака...
No comments:
Post a Comment