Search This Blog

Thursday, February 18, 2010

Како функционира една е-продавница во РМ

Како функционира една онлајн продавница?

Електронска или народски кажано една онлајн продавница функционира со голема софтверска подршка.

Отворена поточно кажано видлива и убаво и јасно презентирана преку е-комерц изготвен веб сајт, продавницата е достапна за пребарување, одбирање, разгледување, споредување, и се разбира купување на производите прикажани за јавноста, нон-стоп т.е. 24 часа 7 дена во неделата. Во било кое време од денот, вие можете релаксирано од дома да “одите на шопинг” сами или во друштво.

За сите оние на кои концептот на водење и управување со една ваква онлајн продавница им е нов или за првпат се среќаваат со терминот е-комерц, може да се објасни на следниот начин:

Кога една фирма се регистрира според сите закони и прописи во РМ, како фирма за е- трговија, кога истата ќе добие одобрување за користење на софтвер за онлајн плаќање од банките за плаќање со одреден вид на платежни картички од светски авторизирани брендови на платежни картички, тогаш истата по автоматизам станува фирма која се занимава со онлајн продажба.

Значи станува збор за фирма која има вклучено договор со банки, процесинг центри, кои стојат зад фирмата како доказ дека истата има право да користи онлајн услуги поради природата на типот на водење на бизнис. Што значи дека вие како иден купувач ќе мора да се регистрирате на веб страната на онлајн продавницата со што по автоматизам имате право да извршите плаќање за производ или услуга. Таа ваша регистрација ви помага при процесот на плаќање на веб страната на процесинг центарот, со тоа што вие не упаѓате ненајавено (заради пр. можна злоупотреба, прибирање на хакерски информации или сл.) туку со вашата регистрација се најавувате дека плаќате преку авторизиран и одобрен за ваков вид на плаќање веб сајт. Со што се заштитувате себе си од било какви непријатни ситуации. Во ваков случај вие сте заштитени како обичен купувач, кој само си го плаќа производот кој му се допаѓа, преку веб страна која е авторизирана како е-продавница.

Тоа што една ваква фирма нема склучено договор со сите банки ( што е практично невозможно..) не значи дека таа фирма не е безбедна во процесот за онлајн плаќање преку процесинг центарот. Тоа што сите платежни картички не успеваат да поминат при плаќање преку процесинг центарот не значи дека веб страната не е сигурна или пак забранета за онлајн плаќање. Напротив во таков случај, постои друг начин на уплата се разбира во истите банки чии платежни картички не поминуваат ( од многу причини) за онлајн плаќање, едноставно со класична уплата на сметка на фирма. И во двата случаи ќе го добиете истиот производ, со или без испорака до дома.
Времето поминато за купување во двата горенаведени случаи, пресметајте си го сами.

А сега нешто за онлајн трансакциите:
Кога вие како купувач вршите онлајн плаќање за производ одбран во онлајн продавница, изборот на производи го правите на веб страната на фирмата која има онлајн продавница, а кога доаѓате до моментот на плаќање се редиректирате на веб страна која е надлежна и безбедна и исклучиво постои со намена за регистрирање на онлајн уплати т.е. трансакции . Во тој момент вие ги внесувате податоците што тој центар од вас ги бара за да ја проследи ВАШАТА трансакција, а тоа се податоци од вашата платежна картичка.

Зошто ваква редирекција меѓу два сајта?
Од безбедносни причини. Се бира на еден сајт, а се плаќа на друг. Сајтот на кој плаќате постои само за ваков тип на онлајн плаќање и е светски авторизиран за правење на онлајн трансакции. Во овој момент податоците за платежната картичка на купувачот остануваат исклучиво меѓу купувачот и банката која му ја издала платежната картичка. Фирмата преку чии сајт бирате производи не доаѓа во никаков допир со овие информации, т.е. се заштитува себе си од било какви од понатамошни непријатни ситуации, кои можат на билокаков начин да произлезат од билокакви причини.
Дали една онлајн фирма е авторизирана за вршење на ваква дејност, т.е. водење на ваков тип на бизнис, лесно може да проверите на сајтот на самите банки.

За водење на е-бизнис со е-продавница:
Она што сите нас не интересира е дали и колку овој вид на е-бизнис е успешен и профитабилен. Она што можеби малку ќе ви ја поправи перцепцијата околу е-продавниците е следниот пример: Вие секојдневно одите во билокаква “физичка” продавница (што е малку стерилен термин..), барајќи само за вас интересен и проверен производ. Тој производ ви е презентиран од една, две а некогаш и од страна на повеќе лица т.е. продавачи, кој буквално на секој можен начин гледаат како да ви го продадат производот плус кога сте веќе таму да ви понудат читај продадат се што оди со тој производ, без разлика дали тоа вас ви е потребно или не. Ова е класичен начин на продажба во “физичка” продавница, со кој сите ние се среќаваме секој ден. Некогаш излегуваме среќни, а некогаш веќе не се ни враќаме повторно во истата продавница. Што објаснето на јазикот на трговците би се рекло производот е супер, но начинот на кој тој производ е опишан, прикажан и ставен на продажба е несоодветен од страна на персоналот. Што би се рекло: не му бил денот...

Кога седнувате пред вашиот компјутер, отварате веб страна на онлајн продавница, веќе вие ја пребарувате со одредена цел: дали тоа што го барам е достапно за мене, т.е. дали ќе можам производот подобро без страв да не го оштетам или скршам, да го разгледам, да се информирам подетално за неговите карактеристики и цели за намена: кога сакам и колку сакам, а ќе го гледам (т.е кликнам за разгледување) ако сакам. Значи нема бомбардирање со производи, туку едноставно во местото за пребарување го пишувате производот и веднаш ви е презентиран онлајн за разгледување и купување, или резервирање.

Се останато што ве интересира, можете да го прочитате на сајтот : политики за испорака на производи, најчесто поставувани прашања, безбедно плаќање и испорака, .... Само тоа се работи што никој не ги чита, а се се врти околу тоа: Дали е безбедно? Како испорачува вашата е-продавница? Дали ќе ми биде производот донесен?.... Што е е-продавница? Зошто е-продавница?...

Текстот е напишан од Наташа Муратовска дипл.електро инжињер, менаџер и косопственик на фирмата Ексквизит доо (друштво со ограничена одговорност и е-трговија) во прилог на предностите и бенефициите на онлајн купувањето во РМ.
Достапен за превземање, копирање и понатамошно делење. Авторот и фирмата се оградува од било какво и да е, со билокаква намера, вадење на речениците и на зборовите од контекст.
Ексквизит доо

No comments:

Post a Comment