Search This Blog

Saturday, February 27, 2010

Попусти и акции


Купувачите знаат да бидат помалку скептични и со недоверба да гледаат на се што е на попуст. Зошто?

Ако еден производ е на попуст или му се намали цената тоа не мора да значи дека тој производ е фаличен. Можеби трговецот дознал дека таков производ веќе нема да се произведува, можеби тој производ е со ограничен рок на траење, или пак повеќе нема интерес за истиот. Има многу причини зошто од време на време цените на производите се намалуваат.
И добро е што цените одат надоле, а не нагоре, нели?

Истото се однесува и за повремените акции. Едноставно трговецот дава еден производ гратис - од истата причина поради која се намалуваат цените. Само во овој случај финансиски и маркетиншки е поисплатливо да се даде еден или повеќе производи гратис отколку да се оди кон попуст на одредени производи.

Добар начин за да се испромовира нешто што е ново кај нас е на купувачите да им се додели одреден процент на попуст на дел од палетата на производи. Идејата е тие производи да се купат т.е. купувачот да се запознае и да се информира со карактеристиките на тој производ.

Ова се мали ама многу битни моменти околу кои се врти трговијата во светот. Таму конкуренцијата е голема, на пазарот врие од разноразни производи и цената на производите знае да биде многу достапна и реална на купувачите.

На запад шопингот е во тренд за сите генерации.....

Friday, February 26, 2010

Купи карта за концерти онлајн

http://www.ex.mk/index.php?option=com_virtuemart&page=shop.browse&category_id=200&Itemid=82

Наједноставен начин да се оди на концерт е да се купи влезница со време. Младите денес имаат привилегија да одат на светските турнеи на светски познати групи и тоа овде во Скопје.

Такви беа турнеите на ZZ Top, Underworld, а сега во Скопје доаѓаат и 50 cent, Faithless...

Тоа што е ново кај сите овие горенаведени турнеи е можноста картите за нивните концерти да се купат онлајн преку македонски онлајн продавници т.е. e-shop -ови.

Цената на картите е иста, картите се пуштаат во продажба истиот ден како и на сите други продажни места одредени од организаторот на концертите. Посебна поволност е тоа што истите може да ги порачате и платите во било кое време од денот т.е. 24 ч., па дури и во недела или за време на празници.

Може да бидете сигурни дека имате карта за концерт.


Што е ново во центарот на градот

8ми март во Скопје

Ако сакате да прошетате низ Скопје, деновиве неизбежно ќе поминете покрај многу мали тезги со еден куп ситни и симпатични мали нешта за 8ми март. Убаво наредени мали саксии со цвеќиња во сите бои, разнобојни марами, украси за коса, ланчиња и алки...

А ако сакате да се информирате, онака по пат што е тренди во пролетнава сезона, разгледајте по излозите низ продавниците.

Wednesday, February 24, 2010

Од нашата пракса


После една година интензивно работење на нашата онлајн продавница, успеавме континуирано и успешно да ја презентираме пред македонската интернет популација. Факт е дека успехот не доаѓа преку ноќ.

Најпродавани производи по категории:
  1. канцелариски материјал
  2. новогодишни украси
  3. забава
  4. прибор и апарати за домаќинство
  5. компјутерска галантерија
  6. цвеќарница
  7. убавина и здравје
  8. книги
  9. мебел и ентериер...

Испорака до дома


Луксуз или потреба?

Најлесниот начин да заштедите е да нарачате производ со испорака до дома. Ова се одразува позитивно врз домашниот буџет.
Имено, кога имате малку повеќе слободно време искалкулирајте колку пари ви се потребни за една прошетка по продавници. Без попратните кафе-паузи со пријателките.
Тука онака нафрлено спаѓаат: превоз, бензин, паркинг, време поминато на чекање на автобуска станица,време поминато на чекање на семафори.....

Потребно е малку време купувачите да се навикнат на овој нов кај нас начин на добивање на производот.

Многу од купувачите кои претходно купувале онлајн по странските сајтови се посебно претпазливи и скептични поради нивните негативни купувачки искуства- производот им бил платен, но никогаш не стигнал до наведената адреса...



Tuesday, February 23, 2010

Што преферирате кеш или картица?


Што преферира македонскиот купувач како сретство за плаќање? На располагање се кешот, веќе подзаборавените чекови и платежни картици.

Кешот, се разбира.

Најстарото и најпроверено платежно сретство-книжните пари. Нив секогаш ги имаме при себе и најмногу ги користиме за да платиме. Денес втори по употреба како платежно сретство се платежните картици. Кредитни, дебитни, златни... изборот е Ваш. Треба само да имате редовни месечни приходи за почесто и без страв да ја користите картицата.


Monday, February 22, 2010

Мистериозни купувачи


Ова е т.н професија, нова кај нас. Имено мистериозниот купувач има за цел да ги анализира, искуси, провери точните и невистинитите пријави од страна на купувачите со цел да се подобри работењето и продажбата во еден голем трговски центар. Значи тоа е добро поткована личност, со големи познавања од психологија на купување, маркетинг, таргетирање на купувачи, психологија на купувачи, и многу други познавања. Што би значело се оди во ‘‘шопинг‘‘ и се прави фамозната swot-анализа.

Од оваа анализа се прават новите трендови, новите сезонски колекции, на обострана корист и на трговците и на купувачите. А, сите ние сме купувачи...

Меѓутоа, има самоназначени ‘‘мистериозни купувачи‘‘ без никакво познавање на економската состојба, но со голема амбиција оваа нова професија да ја уновчат до максимум.

http://www.mysteryshoppersmanual.com/go-beyond-mystery-shopping-to-make-more-money


Sunday, February 21, 2010

Мит или вистина?


Дали купувањето преку интернет е поефтино или не?

На интернет постојат милиони сајтови на кои се продава се и сешто. Цените се прилагодени за секој тип на купувач - читај маркетиншки дефиниран термин ‘‘таргет група‘‘. Останува на самиот купувач да пронајде само за него соодветен производ по соодветна цена.

Цената на производот зависи и се формира врз однапред одредени калкулации. Онлајн купувачот не може да очекува трговецот да оди со цена под онаа која е искалкулирана - само затоа што така некој некогаш напишал - на интернет мора работите и производите да се поефтини или во спротивно ‘‘ништо од бизнисот‘‘.

Купувачот во моментот кога купува нешто, на него трговецот гледа како на личност со јасно издефиниран став, вкус и стил - како на човек што знае што сака и тоа што го сака може и да го купи.

Изреката ‘‘купувачот секогаш е во право‘‘ не треба буквално да се сфати - од многу т.н. малициозни причини баш од страна на малициозните купувачи кои имаат многу негативен ефект врз трговијата.

Во РМ за почеток беше ставен огромен акцент на заштита и права на потрошувачите, но што би се случило кога ќе биде ставен уште поголем акцен врз заштита на правата на трговците...


Saturday, February 20, 2010

Жените обожаваат да купуваат

Жените обожааваат да купуваат- но дали претпочитаат онлајн купување?

Дали се купуваат работи зошто ни се неопходни или пак зошто ни се допаѓаат и сакаме да ги поседуваме?

На интернет може да се најдат безброј мали и големи совети за тоа како се води домашниот буџет. Како со малку пари да купите повеќе работи, ама и квалитетни! Факт е дека колку ќе потрошите т.е. инвестирате во некој производ толкав квалитетен производ и ќе добиете (да ја оставиме облеката малку настрана од темава..).

Тргнувајќи од едно просечно македонско семејство - анализите за потрошувачката кошничка отприлика изнесуваа околу 10.000,00 ден. месечно. Можеби малку повеќе. Во однос со една просечна македонска плата (реално гледано!?) членовите од семејството имаат многу малку средства за да си дозволат поголемо и ‘‘ непотребно‘‘ трошење или луксузирање.

Останува опцијата да се добие подарок од празник до празник. А нив ги има поприлично многу.



Онлајн трендови во РМ

Во пресрет на 14 февруари, следејќи ги странските трендови, онлајн продавницата на Ексквизит, се обиде да ја долови атмосферата на овој празник - ставајќи голем акцент на Св.Валентин денот на вљубените. Тоа што досега сте го гледале по странските веб продавници и сајтови, успеавме да го создадеме, убаво да го спакуваме и презентираме и да го понудиме на купувачите, адаптирано на платежните можности на македонските граѓани.

Интересот беше навистина голем, и еве повторно нешто ново следува во пресрет на 8-ми март денот на жената.
Изненадете се пријатно...

Ве очекуваме
Ексквизит

Thursday, February 18, 2010

е-услуги

Доколку сакате вашите производи или рачни изработки да ги продавате на нашиот веб сајт, пишете ни на или пак јавете се на бројот наведен во менито Контакт наведен на нашата Е-Продавница.


Веб маркетингот опфаќа:

прикажување на ваша реклама на Банер со димензии 468x65, видлив 24 часа на Интернет, прикажан на секоја страна.
прикажување на ваша реклама на Банер со димензии 175x100, видлив 24 часа на Интернет, прикажан на секоја страна.
презентации, реклами, курсеви, обуки, туристички аранжмани и сл. на почетна страна,....

Напомена: не изработуваме банери, рекламни пораки, или рекламни текстови.

На Ваше знаење, ние не се согласуваме со презентирање и продавање на алкохол, содржини од непристоен карактер, како и рекламирање на производи штетни по здравјето на луѓето и штетни по животната средина. Доколку такви содржини се провлечат скриено низ вашите рекламни пораки или производи истите ќе бидат веднаш отстранети или благовремено видоизменети.

Соодветно на горенаведеното, истото ќе се примени во случај на неадекватен опис на ваш производ даден од ваша страна, за јавно прикажување на веб страницата на Ексквизит.

за ценовник кликни на: www.ex.mk>E-услуги...

Клипинг објави

http://www.ex.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=84&Itemid=119

Како функционира една е-продавница во РМ

Како функционира една онлајн продавница?

Електронска или народски кажано една онлајн продавница функционира со голема софтверска подршка.

Отворена поточно кажано видлива и убаво и јасно презентирана преку е-комерц изготвен веб сајт, продавницата е достапна за пребарување, одбирање, разгледување, споредување, и се разбира купување на производите прикажани за јавноста, нон-стоп т.е. 24 часа 7 дена во неделата. Во било кое време од денот, вие можете релаксирано од дома да “одите на шопинг” сами или во друштво.

За сите оние на кои концептот на водење и управување со една ваква онлајн продавница им е нов или за првпат се среќаваат со терминот е-комерц, може да се објасни на следниот начин:

Кога една фирма се регистрира според сите закони и прописи во РМ, како фирма за е- трговија, кога истата ќе добие одобрување за користење на софтвер за онлајн плаќање од банките за плаќање со одреден вид на платежни картички од светски авторизирани брендови на платежни картички, тогаш истата по автоматизам станува фирма која се занимава со онлајн продажба.

Значи станува збор за фирма која има вклучено договор со банки, процесинг центри, кои стојат зад фирмата како доказ дека истата има право да користи онлајн услуги поради природата на типот на водење на бизнис. Што значи дека вие како иден купувач ќе мора да се регистрирате на веб страната на онлајн продавницата со што по автоматизам имате право да извршите плаќање за производ или услуга. Таа ваша регистрација ви помага при процесот на плаќање на веб страната на процесинг центарот, со тоа што вие не упаѓате ненајавено (заради пр. можна злоупотреба, прибирање на хакерски информации или сл.) туку со вашата регистрација се најавувате дека плаќате преку авторизиран и одобрен за ваков вид на плаќање веб сајт. Со што се заштитувате себе си од било какви непријатни ситуации. Во ваков случај вие сте заштитени како обичен купувач, кој само си го плаќа производот кој му се допаѓа, преку веб страна која е авторизирана како е-продавница.

Тоа што една ваква фирма нема склучено договор со сите банки ( што е практично невозможно..) не значи дека таа фирма не е безбедна во процесот за онлајн плаќање преку процесинг центарот. Тоа што сите платежни картички не успеваат да поминат при плаќање преку процесинг центарот не значи дека веб страната не е сигурна или пак забранета за онлајн плаќање. Напротив во таков случај, постои друг начин на уплата се разбира во истите банки чии платежни картички не поминуваат ( од многу причини) за онлајн плаќање, едноставно со класична уплата на сметка на фирма. И во двата случаи ќе го добиете истиот производ, со или без испорака до дома.
Времето поминато за купување во двата горенаведени случаи, пресметајте си го сами.

А сега нешто за онлајн трансакциите:
Кога вие како купувач вршите онлајн плаќање за производ одбран во онлајн продавница, изборот на производи го правите на веб страната на фирмата која има онлајн продавница, а кога доаѓате до моментот на плаќање се редиректирате на веб страна која е надлежна и безбедна и исклучиво постои со намена за регистрирање на онлајн уплати т.е. трансакции . Во тој момент вие ги внесувате податоците што тој центар од вас ги бара за да ја проследи ВАШАТА трансакција, а тоа се податоци од вашата платежна картичка.

Зошто ваква редирекција меѓу два сајта?
Од безбедносни причини. Се бира на еден сајт, а се плаќа на друг. Сајтот на кој плаќате постои само за ваков тип на онлајн плаќање и е светски авторизиран за правење на онлајн трансакции. Во овој момент податоците за платежната картичка на купувачот остануваат исклучиво меѓу купувачот и банката која му ја издала платежната картичка. Фирмата преку чии сајт бирате производи не доаѓа во никаков допир со овие информации, т.е. се заштитува себе си од било какви од понатамошни непријатни ситуации, кои можат на билокаков начин да произлезат од билокакви причини.
Дали една онлајн фирма е авторизирана за вршење на ваква дејност, т.е. водење на ваков тип на бизнис, лесно може да проверите на сајтот на самите банки.

За водење на е-бизнис со е-продавница:
Она што сите нас не интересира е дали и колку овој вид на е-бизнис е успешен и профитабилен. Она што можеби малку ќе ви ја поправи перцепцијата околу е-продавниците е следниот пример: Вие секојдневно одите во билокаква “физичка” продавница (што е малку стерилен термин..), барајќи само за вас интересен и проверен производ. Тој производ ви е презентиран од една, две а некогаш и од страна на повеќе лица т.е. продавачи, кој буквално на секој можен начин гледаат како да ви го продадат производот плус кога сте веќе таму да ви понудат читај продадат се што оди со тој производ, без разлика дали тоа вас ви е потребно или не. Ова е класичен начин на продажба во “физичка” продавница, со кој сите ние се среќаваме секој ден. Некогаш излегуваме среќни, а некогаш веќе не се ни враќаме повторно во истата продавница. Што објаснето на јазикот на трговците би се рекло производот е супер, но начинот на кој тој производ е опишан, прикажан и ставен на продажба е несоодветен од страна на персоналот. Што би се рекло: не му бил денот...

Кога седнувате пред вашиот компјутер, отварате веб страна на онлајн продавница, веќе вие ја пребарувате со одредена цел: дали тоа што го барам е достапно за мене, т.е. дали ќе можам производот подобро без страв да не го оштетам или скршам, да го разгледам, да се информирам подетално за неговите карактеристики и цели за намена: кога сакам и колку сакам, а ќе го гледам (т.е кликнам за разгледување) ако сакам. Значи нема бомбардирање со производи, туку едноставно во местото за пребарување го пишувате производот и веднаш ви е презентиран онлајн за разгледување и купување, или резервирање.

Се останато што ве интересира, можете да го прочитате на сајтот : политики за испорака на производи, најчесто поставувани прашања, безбедно плаќање и испорака, .... Само тоа се работи што никој не ги чита, а се се врти околу тоа: Дали е безбедно? Како испорачува вашата е-продавница? Дали ќе ми биде производот донесен?.... Што е е-продавница? Зошто е-продавница?...

Текстот е напишан од Наташа Муратовска дипл.електро инжињер, менаџер и косопственик на фирмата Ексквизит доо (друштво со ограничена одговорност и е-трговија) во прилог на предностите и бенефициите на онлајн купувањето во РМ.
Достапен за превземање, копирање и понатамошно делење. Авторот и фирмата се оградува од било какво и да е, со билокаква намера, вадење на речениците и на зборовите од контекст.
Ексквизит доо