Search This Blog

Monday, May 10, 2010

Уште само 5 дена останаа од Месец на EX.MK


Промоцијата под име ‘‘ Месец на EX.MK ‘‘ трае уште само 5 дена. Искористете попусти, производи купуваш 1 добиваш 2, ваучери со попуст и сл..

Во рамки на оваа промоција се одвива и анкета за заинтересираноста на македонската јавност за користење и познавање на начинот на е-купување и продавање. Резултатите ќе ги објавам по 15.05.2010. На некои верувам ќе им биде од полза оваа информација, а на некои веќе прочитан текст.

Како и да е, останува на самите македонски граѓани да изберат дали на РМакедонија и е потребна е-трговија.

Мислењето на поединци не се зема во предвид - гледано глобално! Искуството покажува една те иста проверена работа-а тоа е :од копирање и уништување на нечиј бизнис или труд упорно се прикажува како нечии туѓ резултат.
Од теорија до пракса голем е патот. Во случајов во интерес на граѓаните и нивното право на подобар живот и стандард е да се запознаени со тоа како упорно и константно не одминуваат светските трендови и технолошки поволности. Па така може да Ве одмине и овој начин на е-тргување.
А зошто..? Ако не е до парите, тогаш е до мала група на поединци.

Tuesday, April 27, 2010

За луѓето со стил

За сите кои уживаат во добрата летна атмосфера.

Направете самите од својата градина удобно и пријатно место за претстојување.
Бидете креативни и економични, па со малку пари декорирајте по свој избор.



За ова лето Ви предлагам :


свеќник во дискретни нијанси клик на www.ex.mkмали дискретни соларни светилки клик на www.ex.mk
добра книга клик на www.ex.mk
и удобна вреќа за опуштање клик на www.ex.mk
Задоволството е Ваше во добро друштво и ладен пијалок...

Friday, April 23, 2010

Месец на EX.MK 14.04.2010-14.05.2010

Да се одмориме малку од 24/7 работа..

Оваа година мора да признаеме нашиот роден град одненадеж се разубави. Прекрасно изгледа преку ден. Зеленило, тревичка, цвеќенца, чисти улици, се нешто не потсетува на големите зелени паркови по европските метрополи.

Кој вели дека Европа не дојде и кај нас?

Да се одмориме малце од секојдневната трка по работа и разбивање на некои туѓи клишеа и моменти на интелигенција од типот:

‘‘цените на интернет треба се пониски‘‘ за повеќе производи или ‘‘ цената на интернетот треба да е пониска‘‘. Со ова анкетно прашање ние одамна расчистивме. Експертите велат треба да се пониски, а ако ги прашате подетални и директно ЗОШТО - така било напишано, а КАДЕ - е ова е веќе многу алгоритамско-3Д прашање.

Во Европа? ..Кога?

Thursday, April 22, 2010

Месец на EX.MK 14.04.2010-14.05.2010

Мит или Вистина?

Трговци, попустите нема да ви се исплатат!

Мит: точно, нема да ви се исплатат т.е. надоместат парично веднаш. Но, затоа ќе ве запознаат многу идни потенцијални купувачи.

Компанија што работи со 30% маржа, а на купувачот му нуди 10% попуст, мора да продаде 50% повеќе доколку сака да оствари еднаква добивка.

Мит или Вистина: на ваков константен начин на работење, по 3 месеци трговецот самиот ќе увиди дека неговата фирма е веќе вклучена во системот за вртење пари ( прави константен обрт на пари). Па така по година, две ќе свати дека неговата фирма функционира како швајцарски часовник. Ова можеби ќе може да се види во реалноста доколку не постојат негативни, психо-социолошки интенции во областа на економијата.

Оваа чувствителна тема под име ПОПУСТИ е дефинитивно тема број 1 за чаршиските муабети. Во Скопје оддеднаш, без усул се појавија сите видови на потребни, непотребни попусти, снижувања и како ли уште не се именува оваа појава. После да не се чудите зошто ни господ не може да ви помогне, да се вратите на нормала.

За попустите пишував пред некоја недела, и нема да се навраќам повторно на тоа. Оваа тема е за луѓето кои професионално се занимаваат со трговија и од тоа вадат плата за себе, а можеби и за по некој залутан ‘‘нечиј‘‘ роднина или братучед.

Оваа глупост која трае ако се сеќавате една цела година константно во Скопје, донесе пад на трговијата, пад на економијата, пад на животниот стандард, пад на културниот и социјалниот живот во земјава.

Така ви е тоа драги мои кога секој кој стигне ќе ви соли и продава памет и на ваша сметка (на ваша мака) заработува и од страна ви се смее. Како овие креатури од луѓе земаат редовно плата секој месец и дополнителни примања: се занимаваат со трговија -Продаваат туѓи идеи и свесно живеат нечиј друг живот.

Не ви се верува.. ?

Македонија и се е можно.

Едвај ги чекам да видам кои се глупости ги направиле со влезот на РМ во Европа.. За НАТО и да не зборам.

Месец на EX.MK 14.04.2010-14.05.2010

Фејсбук - бесплатен простор за онлајн маркетинг

Зошто баш сите поединци и фирми се одлучуваат на овој чекор?

Па бесплатно е!

И целиот дизајн и начин на огласување е исклучиво по свој личен вкус и избор. Ова по се изгледа кога се отскокнува од линијата на просечност и лошиот вкус е Криминал.

Ако се размисли подлабоко во психологијата на онлајн комуникација (ова е англиски адаптиран израз кој може да се сфати и како комуникација по интернет, по мобилен, телевизија, буквално преведено =на линија, а кабел е кабел, струја е струја или..) многу нејасно во РМ се прикажани сите позитивни и негативни ефекти и нуспојави токму од ваквиот начин на комуникација.

Како до пари или мора да се плати за да се слушне за бизнисот?

Ова е зачаран круг од кој за жал нема излез. Менталитетот на македонскиот народ е таков: еднаш изгорен- за секогаш изгорен, еднаш излажан и останавте така во сеќавањата. И ништо од бизнисот. Зошто затоа што кога ќе побарате културни информации и интелектуални начини за да направите мала кампања за истиот овој народ- НЕМА. И никој не кажува како се доаѓа до спонзорства, поткровителства, јасно и кратко до ПАРИ.

Мистерија за шаблон кој дава 100% профит.

И немојте утре, задутре да се зачудите ако најдете баш на фејсбук одлична фирма за соработка или супер работи за купи-продај.

Очигледно на некој и текако мнооогу му смета развојот на ИНТЕРНЕТ или ЕЛЕКТРОНСКОТО КУПУВАЊЕ.

Да не објаснувам детално, нашироко и надолго, и до детаљи што е електронска продавница; а за нешто поголемо од една е-продавница и да не помислам да ви објаснувам. Можеби концептот на кои овие продавници работат е многу тежок за некој да го разбере, а премногу лесен за да си го присвои.

Одиме понатака...

Wednesday, April 21, 2010

Месец на EX.MK 14.04.2010-14.05.2010


Во рамки на нашата online промоција Месец на ЕX.МК спроведуваме и една мала анкета за која би Ве замолила да одвоите 2-3 минути од своето време да одговорите на 16 мали, кратки прашања

Ова воедно би Ви посочило и зошто купувате или не купувате онлајн.. Анкетата е предвидена за лица со возраст до 25 год., но секако е многу добредојдена и за родителите.

За повеќе кликни на:
Анкета за примена на електронското купување во Р Македонија.


Monday, April 19, 2010

Месец на EX.MK 14.04.2010-14.05.2010

Продавници на тајни и идеи:)

Секогаш е најлесно да се започне бизнис или добар начин на презентирање со веќе промислен, размислен и проверен начин на работа. Успехот и профитот е 100% загарантиран:)

Преубав декор за по дома е да се има своја лична по свој избор библиотека. Се разбира најефтино, за без пари идеите може да ги даунлодирате преку интернет - но тоа не е тоа.

Класика..

Сепак, авторот си имал своја идеја, свој сопствен поглед на тоа како стојат работите во светот и универзумот, па бесмислено е да се даунлодираат (постои голема веројатност на грешки при процесот на симнување на овие бесплатни верзии; па затоа се бесплатни... или не )

Филингот е друг кога книгата ви е на дофат, во секое време од денот и ноќта. А знаете како вика нашиот народ - за добар сон само добра книга. А добриот сон е најслатката работа на светот.

Повелете одберете нешто за вашата домашна библиотека клик на : www.exquisite.mk