Search This Blog

Thursday, March 4, 2010

Online комуникација со клиенти

Купувачите кога купуваат најмногу преферираат да комуницираат ‘‘лице во лице‘‘ со продавачот. Ова е на обострана корист и задоволство. Купувачот може детално да се информира за карактеристиките на производот, а продавачот има можност да ја претстави фирмата/продавницата и изборот на производи.

Со развојот на шопинг културата, се појавуваат нови типови на продавници - со подобрен начин на купување т.е. со употреба на телефонски call customer oriented центар, со купување и нарачување преку каталог, до најновото денес, а тоа се електронските online продавници или попознати како e-shop.

Производите кои се продаваат во сите типови на продавници се истите, само начинот на нивното одбирање, нарачување и плаќање е подобрен. Денес кога купувате online, Вие купувате претежно познат производ, но начинот на одбирање е на веб страницата на електронската продавница; кога веќе сте го одбрале и платиле производот истиот може да го добиете дома - удобност која многу значи.



Saturday, February 27, 2010

Попусти и акции


Купувачите знаат да бидат помалку скептични и со недоверба да гледаат на се што е на попуст. Зошто?

Ако еден производ е на попуст или му се намали цената тоа не мора да значи дека тој производ е фаличен. Можеби трговецот дознал дека таков производ веќе нема да се произведува, можеби тој производ е со ограничен рок на траење, или пак повеќе нема интерес за истиот. Има многу причини зошто од време на време цените на производите се намалуваат.
И добро е што цените одат надоле, а не нагоре, нели?

Истото се однесува и за повремените акции. Едноставно трговецот дава еден производ гратис - од истата причина поради која се намалуваат цените. Само во овој случај финансиски и маркетиншки е поисплатливо да се даде еден или повеќе производи гратис отколку да се оди кон попуст на одредени производи.

Добар начин за да се испромовира нешто што е ново кај нас е на купувачите да им се додели одреден процент на попуст на дел од палетата на производи. Идејата е тие производи да се купат т.е. купувачот да се запознае и да се информира со карактеристиките на тој производ.

Ова се мали ама многу битни моменти околу кои се врти трговијата во светот. Таму конкуренцијата е голема, на пазарот врие од разноразни производи и цената на производите знае да биде многу достапна и реална на купувачите.

На запад шопингот е во тренд за сите генерации.....

Friday, February 26, 2010

Купи карта за концерти онлајн

http://www.ex.mk/index.php?option=com_virtuemart&page=shop.browse&category_id=200&Itemid=82

Наједноставен начин да се оди на концерт е да се купи влезница со време. Младите денес имаат привилегија да одат на светските турнеи на светски познати групи и тоа овде во Скопје.

Такви беа турнеите на ZZ Top, Underworld, а сега во Скопје доаѓаат и 50 cent, Faithless...

Тоа што е ново кај сите овие горенаведени турнеи е можноста картите за нивните концерти да се купат онлајн преку македонски онлајн продавници т.е. e-shop -ови.

Цената на картите е иста, картите се пуштаат во продажба истиот ден како и на сите други продажни места одредени од организаторот на концертите. Посебна поволност е тоа што истите може да ги порачате и платите во било кое време од денот т.е. 24 ч., па дури и во недела или за време на празници.

Може да бидете сигурни дека имате карта за концерт.


Што е ново во центарот на градот

8ми март во Скопје

Ако сакате да прошетате низ Скопје, деновиве неизбежно ќе поминете покрај многу мали тезги со еден куп ситни и симпатични мали нешта за 8ми март. Убаво наредени мали саксии со цвеќиња во сите бои, разнобојни марами, украси за коса, ланчиња и алки...

А ако сакате да се информирате, онака по пат што е тренди во пролетнава сезона, разгледајте по излозите низ продавниците.

Wednesday, February 24, 2010

Од нашата пракса


После една година интензивно работење на нашата онлајн продавница, успеавме континуирано и успешно да ја презентираме пред македонската интернет популација. Факт е дека успехот не доаѓа преку ноќ.

Најпродавани производи по категории:
  1. канцелариски материјал
  2. новогодишни украси
  3. забава
  4. прибор и апарати за домаќинство
  5. компјутерска галантерија
  6. цвеќарница
  7. убавина и здравје
  8. книги
  9. мебел и ентериер...

Испорака до дома


Луксуз или потреба?

Најлесниот начин да заштедите е да нарачате производ со испорака до дома. Ова се одразува позитивно врз домашниот буџет.
Имено, кога имате малку повеќе слободно време искалкулирајте колку пари ви се потребни за една прошетка по продавници. Без попратните кафе-паузи со пријателките.
Тука онака нафрлено спаѓаат: превоз, бензин, паркинг, време поминато на чекање на автобуска станица,време поминато на чекање на семафори.....

Потребно е малку време купувачите да се навикнат на овој нов кај нас начин на добивање на производот.

Многу од купувачите кои претходно купувале онлајн по странските сајтови се посебно претпазливи и скептични поради нивните негативни купувачки искуства- производот им бил платен, но никогаш не стигнал до наведената адреса...



Tuesday, February 23, 2010

Што преферирате кеш или картица?


Што преферира македонскиот купувач како сретство за плаќање? На располагање се кешот, веќе подзаборавените чекови и платежни картици.

Кешот, се разбира.

Најстарото и најпроверено платежно сретство-книжните пари. Нив секогаш ги имаме при себе и најмногу ги користиме за да платиме. Денес втори по употреба како платежно сретство се платежните картици. Кредитни, дебитни, златни... изборот е Ваш. Треба само да имате редовни месечни приходи за почесто и без страв да ја користите картицата.