Како што може да се забележи, на интернет и по социјалните мрежи има навистина многу новоотворени е-продавнички кои нудат исклучиво персонализирани подароци. Ова е за поздравување, бидејќи на крајниот е-купувач му се овозможува да одбере убав подарок по сопствен буџет.
И покрај тоа што овие гифт огласи се многубројни и разновидни, се дојде до една точка на заситување од вакви продавнички, што крајните е-купувачи ги пренасочи да бараат вакви услуги од класичните гифт продавници.
Идејата не е само да се понуди нешто краткорочно и по поефтина цена, идејата е да се оддржи биснисот со ниче подароци.
Факт е дека македонскиот купувач се определува за поефтин и поскромен подарок, купен во проверени продавници отколку поскап нарачан преку интернет.
Тука голема улога има и односот е-купувач со е-продавница, културата на интернет купување, понудата и најбитно цената на подарокот.
Понуди има, рекламите се чести по социјалните мрежи, но прашањето е колку од овие е-продавници можат да го издржат притисокот на времето и колку долго може да работат во македонскиот е-простор.
Правила на конкуренција нема, секој си оформува своја цена, која дури и се намалува во директен контакт со е-купувачот се со цел само да се продаде. Идејата не е само да се продаде, туки и да се заработи. Тренд е да се појави нова гифт продавница, да намали цена на пазарот на гифт услуги и по кратко време да ја снема од македонскиот е-простор.
Со ова се создава конфликт кај македонскиот е-купувач, кој од останатите гифт продавнички очекува уште пониска цена на подарок, што реално не може да се понуди.
Затоа е најдобро да се купува во е-продавници кои имаат официјален веб сајт, а не само пејџ и профил на социјалните мрежи.
No comments:
Post a Comment