Search This Blog

Monday, June 10, 2024

Зошто наеднаш доставата до адреса стана проблем?

Процесот на е-купување опфаќа и достава до посакувана адреса, која најчесто е испорака до дома.

Во време кога купувачите користат е-купување, нормално е да повремено да се незадоволни од бавната испорака, имајќи го во предвид големината на градовите и територијата на нашата мала држава. Неуспешна достава на пратките може да биде кога нема никој на адреса за да ја прими пратката, примачот е на одмор или надвор од своето место на живеење, но и се случува примачот да не сака да ја прими пратката од лични причини.

Е-продавницата мора да ги има во предвид сите можни сценарија за неуспешна достава, како би можела благовремено да реагира и да најде соодветно решение за пратката да биде испорачана. 

Но ова не секогаш наидува на разбирање од страна на е-купувачите. 

Посебно е тешко да се објасни зошто една пратка не е испорачана, кога купувачот е од странство и користи услуги на домашна е-продавница, а пратката не е испорачана на време како што било договорено. Се случува примачот да не сака да ја прими пратката од лични причини, да не е на адреса во време закажано за испорака, да сака пратката да се испорача на друга локација и во друго време. Ова се решава во договор со службата за испорака, но како да се дојде до еден идеален случај на беспрекорна услуга почнувајќи од е-купување до успешна достава?

Дали ни недостасуваат точни информации за успешна е-трговија и best case сценарија? Не секоја е-продавница сака да ги сподели своите искуства од својата пракса како би допринела кон успешен развој на е-културата во нашата земја. 

Испорака до дома звучи супер, практично и ефективно, но се уште не е доволно одомаќинето кај домашниот е-купувач, кој сака да пипне, разгледа и да се ценка во класичните продавници.

До сега е-купувачите тврдат едно, е-продавниците не одговараат со соопштенија до јавноста за лошите тврдења и обвинувања и тука некаде се создава мал хаос кој со тек на време станува голем проблем од која е-продавница да се купи со испорака до дома.

Производи има, е-продавници има, но дури по неколку години прогресивен раст на е-трговијата кај нас, е-купувачот стана свесен за целокупниот процес на е-купување кој вклучува и испорака до адреса. 

И соодветно на ова, кога има недоразбирање со доставата, нормално е е-купувачот да се обрати во е-продавницата, а не во службата за достава. Е-продавницата е таа што посредува меѓу службата за достава со крајниот примач на пратката, и која ја нуди таа услуга. Е-продавницата треба интерно да се обрати и да го разчисти недоразбирањето  околу достава со службата за достава со која има склучен договор. И потоа на крајниот е-купувач да му се даде обајснување за тоа што се случило.

Негативна пракса е да се префрли вината за неуспешна испорака на службата што испорачува. Да, и на нив може да им се случи грешка, но тоа се надокнадува во прилог на добра взаемна соработка.

Оваа појава треба сериозно да се земе во предвид,како понатаму би напредувале и би ја усовршувале грижата за корисници, која доколку е правилно третирана станува лојален и верен е-купувач.





Wednesday, June 5, 2024

Персонализирани Е-продавници

 Како што може да се забележи, на интернет и по социјалните мрежи има навистина многу новоотворени е-продавнички кои нудат исклучиво персонализирани подароци. Ова е за поздравување, бидејќи на крајниот е-купувач му се овозможува да одбере убав подарок по сопствен буџет.

И покрај тоа што овие гифт огласи се многубројни и разновидни, се дојде до една точка на заситување од вакви продавнички, што крајните е-купувачи ги пренасочи да бараат вакви услуги од класичните гифт продавници.

Идејата не е само да се понуди нешто краткорочно и по поефтина цена, идејата е да се оддржи биснисот со ниче подароци.

Факт е дека македонскиот купувач се определува за поефтин и поскромен подарок, купен во проверени продавници отколку поскап нарачан преку интернет.

Тука голема улога има и односот е-купувач со е-продавница, културата на интернет купување, понудата и најбитно цената на подарокот. 

Понуди има, рекламите се чести по социјалните мрежи, но прашањето е колку од овие е-продавници можат да го издржат притисокот на времето и колку долго може да работат во македонскиот е-простор. 

Правила на конкуренција нема, секој си оформува своја цена, која дури и се намалува во директен контакт со е-купувачот се со цел само да се продаде. Идејата не е само да се продаде, туки  и да се заработи. Тренд е да се појави нова гифт продавница, да намали цена на пазарот на гифт услуги и по кратко време да ја снема од македонскиот е-простор.

 Со ова се создава конфликт кај македонскиот е-купувач, кој од останатите гифт продавнички очекува уште пониска цена на подарок, што реално не може да се понуди.

Затоа е најдобро да се купува во е-продавници кои имаат официјален веб сајт, а не само пејџ и профил на социјалните мрежи.