Search This Blog

Wednesday, October 28, 2015

Да создадеме позитивно онлајн купувачко искуство

Она што фали во моментов за развој на македонската е-трговија е позитивно онлајн купувачко искуство.

За таа цел Ексквизит отвори нова Facebook група во која ќе можете да се пожалите од онлајн  услугите што ги добивате кога плаќате онлајн.

За онлајн купувањето да ни биде задоволство, прво треба да создадеме култура на купување и на позитивно купувачко задоволство.

Името на групата е Пожали се кога купуваш онлајн 

Споделете, коментирајте ваши онлајн купувачки искуства..

Wednesday, October 21, 2015

Рекламирање на социјалните мрежи како проблем

Секоја е-продавница која ги прати светските трендови, ги бара своите потенцијални купувачи на социјалните мрежи Instagram, Facebook, Google+ или Twitter..

Се вложува многу креативност, се внимава на сите правила на професионално рекламирање, но ете сепак тешко се наидува на добар одзив кај таргетираната маркетинг група.

Зошто е ова вака за македонските е-продавници?

Прво и основно, се уште се нема создадено социјална култура на прием на рекламите.

Рекламите и објавените постови од страна на македонските е-продавници редовно се исмејувани, се поставуваат глупави прашања, се споделуваат како шега, а сето тоа го гледаат вашите внимателно селектирани таргет групи.

И како сега до продажба?

Е-продавниците не се рекламираат да ве забавуваат и да бидат исмејувани, тие се рекламираат за да заработат. Сепак се трошат пари за реклами.

Македонскиот онлајн маркетинг треба сериозно да се осврне на овој секојдневен проблем. Има негативен и негативен маркетинг, а ова што се случува во македонскиот онлајн рекламен простор е алармантно.

Препорака до сите онлајн продавници кои се рекламираат на социјалните мрежи : Скријте ги овие недолични коментари, постови и сл. Ќе си заштедите многу нерви и чекајте додека некој конечно не превземе нешто за да го реши овој македонски проблем.




Tuesday, October 13, 2015

Зошто толку недоверба кон македонските е-продавници

Сите ваши направени нарачки преку интернет доаѓаат во одреден рок. Кога правите нарачки онлајн очекувано е да ги добиете истите во најбрз можен рок. Стрпливи или нестрпливи, нарачката си ја сакаме веднаш.

Кога просечниот македонски е-купувач купува по странските онлајн е-продавници и големи интернет продажни веб страници, направената нарачка сакал-не сакал си ја чека со денови, недели а понекогаш и месеци.

Но, кога истиот тој е-купувач купува во македонските онлајн продавници, нарачката си ја сака истиот ден. Способен е да се јавува неколку пати за да провери до каде е со испораката, недоверлив е и сака да си плати во кеш. Во КЕШ!

Сите негативни и непријатни искуства што македонскиот е-купувач ги има добиено од странските е-продавници, знае да ги проектира како негативни искуства добиени за македонските е-продавници.

Живееме во ера на технологија, кога готовинското плаќање се исфрла од употреба, но ете македонскиот купувач одбира во вакво модерно време да купува исклучиво во готово.

Затоа, немојте да бидете недоверливи кон македонските е-продавници, бидејќи во сопствената земја сепак сте најмногу заштитени од онлајн измами.. Доколку купувате од официјални веб продавници, а не од обични купи-препродај фејзбук страни за продавање..



Thursday, October 1, 2015

Е-трговија во Р.Македонија до денес

Е-трговијата или развојот на е-продавниците во Р.Македонија е нова бизнис област во која треба да се инвестира. За жал, македонските е-продавници се оставени самите на себе во областа на инвестиции.

Нема заинтересирани странски инвеститори кои би сакале да се промовираат во нашата земја.

Тоа во голема мерка е условено од лошата репутација што македонските граѓани ја имаат оставено на странските банки, посебно во делот на злоупотреби на платежни картички.
Никој од овластените институции нема интерес да се подобри репутацијата што ја имаат македонските корисници на платежни картички.

За жал се се сведува на репутација и доверба која тешко се стекнува, а лесно се губи.

Ексквизит веќе подолго време се соочува со проблемот на доверба кај македонските е-купувачи. Колку и да се работи на овој проблем, секогаш се наоѓа некоја друга е-продавница која сакајќи брзо да се пробие на е-пазарот ја руши довербата кај македонскиот е-купувач. Свесно или несвесно. Конкуренцијата е непрофесионална, неетичка и нелојална.

Купувачката моќ на нашите граѓани е слаба за големи брендови и она што најмногу се продава онлајн е она што не може да се најде на пазар или во било која друга физичка продавница. Но, и купувачката моќ на големопродажните места е слаба за да се увезуваат квалитетни и по пристапни цени производи.




Просечен македонски е-купувач

Каков е просечниот македонски интернет купувач, најдобро се гледа по развојот на е-трговијата кај нас во Р.Македонија.

Просечниот македонски е-купувач сака да купува одредени производи, но по многу пониски цени отколку во која било друга физичка продавница. Очекува пратката да му пристигне веднаш, и не сака да плаќа онлајн туку во кеш по прием на пратката.

Е-продавачите се на голема мака со овие барања. Имено, не постои гаранција за е-продавачот дека е-купувачот ќе плати и ќе ја прими пратката. Во 90% од ваквите т.н. онлајн плаќања е-продавачот е тој што е оштетен и правно незаштитен.

Се уште под онлајн плаќање е-купувачот подразбира плаќање со кеш или со уплата со уплатница во банка. Онлајн плаќањето е во втор план, што е и пропуст на банките кои навреме не ги имаат информирано купувачите за предностите на овој начин на плаќање.

Убаво би било е-трговијата да заживее кај нас, но со ваков начин на гледање на работите тоа оди навистина тешко.


Акции и попусти онлајн

Сите ние сакаме да направиме добра зделка и да купиме квалитетен производ по пониска цена. Доколку тоа е навистина возможно.

Со помош на денешната интернет технологија сите купувачи се навреме известени за сите акции и попусти што ќе ги има во онлајн продажба.

Добро е да се следат страните на е-продавниците во сите социјални медиуми, бидејќи тоа ќе биде првото онлајн место каде ќе ги дознаете сите попусти што ќе следат.
Така ќе најдете се што ви е потребно, но и се што не сте знаеле дека може да се најде во онлајн продажба.

Акции има скоро секоја недела, а попустите се сезонски како во било која друга физичка продавница.

Регистрирајте се на веб страните на е-продавниците за да добивате електронски newsletter со сите можни акции и попусти.

Клик на www.ex.mk и регистрирајте се бесплатно..