Денес е веќе секојдневие да се купува преку Интернет. Странските искуства покажуваат дека луѓето повеќе купуваат преку Интернет отколку од обични продавници. Цените се подостапни, производот е детално објаснет и со опис и со фотографија, нема непотребно чекање пред каса, нема гужва и интеракцијата со е-продавачот е брза и ефикасна.
Тоа е ситуацијата со интернет продавниците во светот. Но дали е тоа така и кај нас?
Се отворија многу нови е-продавници, се развива е-трговијата и кај нас. Луѓето се повеќе се одлучуваат на ваков начин на купување, кој им нуди поголем избор, подостапни цени и брза испорака до дома. Веќе ја нема онаа недоверба кон интернет продавниците, како порано. За тоа се најзаслужни самите е-трговци кои нудат свој избор на производи, свој начин на достава, голем број на попусти и друг начин на услуга кон купувачите.
Нема анализа во државава, која би дала повеќе информации околу тоа дали и во колкава мера купувачите се задоволни од интернет продавниците кај нас.
Од нашето искуство може да кажеме дека станува збор за секојдневно купување, со таа разлика што комуникацијата со купувачите се одвива по електронски пат и преку телефон. Не ретки се случаите кога има и директен начин на продажба. Купувачите сакаат комуникација со е-трговците, сакаат навремена и брза испорака и сакаат тоа што ќе видат и да го добијат. И повторно ќе кажеме дека задоволниот е-купувач повторно се враќа да купува од истата е-продавница, откако веќе еднаш го направил тоа.
No comments:
Post a Comment