Search This Blog

Saturday, January 23, 2010

Зошто токму online купување

1. Ex.mk или www.ex.mk или www.exquisite.mk веб страницата на електронската продавница на Ексквизит е поставена на Интернет во април 2009 , додека фирмата Ексквизит доо друштво за услуги и е -трговија е отворена во февруари 2009. Идејата за основање на свој сопствен бизнис постоеше од порано, но при самата реализација на таа идеја и нејзиното комплетно остварување се наметна спонтано и текот водење на бизнисот т.е. е-комерц. Сакавме уште од самиот почеток барем малку да отскокнуваме од останатите, да се разликуваме и да бидеме лесно препознатливи за купувачите, бидејќе сепак ова е една онлајн продавница, која нуди услуги и палета на производи како и секоја друга продавница. Разликата е во начинот на одбирање, плаќање и добивање на купениот производ.

Има ли интерес за онлајн купување?

2. Интерес за онлајн купување има поради постоењето на онлајн продавници во РМ. Нов начин на купување, нов начин на презентирање на веќе видени, познати со години и со задоволство користени производи. Она што пријатно изненадува е бројот на дневни посети на веб страната на е-продавницата. Од тука и самиот интерес за онлајн купувањето, а пред се за е-продавниците може многу лесно да се измери. Слободно можеме да кажеме дека постои голем интерес кај македонските купувачи, но и малку повеќе претпазливост кон делот на плаќање. Значи успеавме во целост да ги исполниме условите за продажба на кое сме навикнати да ги гледаме странските веб е-продавници, малку да ги приспособиме т.е. да ги адаптираме и така адаптирани да ги презентираме производите на македонските купувачи. Значи се фокусиравме исклучиво на македонскиот пазар и на потребите и платежните можности на македонскиот купувач. Оттука со право можеме да кажеме дека интересот кај македонците за онлајн купување е се поголем.

Што е предност а што недостаток кај онлајн купувањето?

3. Бидејќи овој начин на купување е нешто ново кај нас, континуирано постои веќе година дена, нормално е да купувачите прво ги приметуваат предностите и пред се едноставноста на онлајн купувањето, а на недостатоците се гледа отпосле. Македонците спаѓаат во групата на медитерански народи, што би се рекло живеат во топла и пријатна клима, имаат весел и жив темперамент, и се секогаш пријателски расположени за дружење. Се разбира дека кога времето е пријатно за шетање македонскиот купувач прво ќе одбере да излезе и прошета до некоја продавница, отколку да седи пред компјутер. Дали на ова се гледа како на предност или на недостаток кај онлајн купувањето ќе покаже купувачката навика кај македонците... Досега од нашето едногодишно работење, купувачите гледаат на онлајн купувањето како на голема предност, но сеуште се претпазливи во однос на онлајн плаќањето.

За доставата ?

4. Доставата на купениот и платен производ се доплаќа одредена сума. Купувачот може платениот производ да го подигне од нашата канцаларија, доколку тоа повеќе му одговара. Во овој случај не станува збор на “испорака до дома” и нема потреба доставата да се доплаќа. За сите купувачи надвор од Скопје, доставата се доплаќа според тарифата на ЕСМ -Брза пошта. Досега сме имале само позитивни искуства во начинот на испорака на производите до дома или по принципот “врата до врата”.

За големениот тренд на отворање нови онлајн продавници кај нас во РМ?

5. Оваа нова масовна појава за отворање и разработување на онлајн продавници е за поздравување. Сметаме дека македонските купувачи и Интернет корисници конечно добија нешто ново - современо средство за користење и купување на онлајн услуги и производи. Во овој случај постоењето на голем избор на е- продавници е показател дека вакво нешто во РМ требаше одамна да профункционира. Значи македонскиот купувач сака и може да купува онлајн во РМ. Што би значело ова веќе не е тренд како пред година дена, туку веќе нормален и секојдневен начин на купување за македонците. Гледано од друг агол, сега кога овој начин на купување е секојдневие, а многу брзо веруваме дека ќе премине во рутинско пазарување, постоењето на многу онлајн продавници е позитивна појава. Потоа останува на самата е-продавница, независно од типот на онлајн трговија со која се занимава, да ја придобие довербата на македонскиот купувач. Во целост важат стандардите и принципите на работа со кои се води една продавница. А верувајте, начинот на кој се стекнува и задржува таа доверба, не е едноставен, ниту пак лесен. Се е прашање на време. Значи, ако една продавница постави своја веб страна и се насочи кон онлајн продажба, и доколку таа сега веќе е-продавница е од претходно позната по квалитетот на услуги и производи, таа е-продавница веќе има стекнато доверба кај купувачите и нејзините производи без проблем ќе се продаваат. Сепак како и да се гледа на работите станува збор за трговија на мало , продажба или во нашиот случај е-купување.

No comments:

Post a Comment