Пред година дена, додека ги правев анализите и статистиките за тоа колку е исплатливо човек да се занимава со е-комерц во Македонија, увидов дека фали т.н. едукативна мини кампања. Ја нареков мини поради фактот дека за некои овој вид на бизнис е нов во Македонија, па така што би се рекло набрзинка да се запознаат со предностите на е-комерцот, додека за поголемиот број на луѓето веќе ова го имаат испробано.
Следниот логичен чекор беше барање на покровители, донации од институции кои би на некој начин учествувале во реализирање на оваа кампања. Потоа следеа заинтересирани сопственици на онлајн е-продавници, кои независно еден од друг дошле до истиот заклучок: фали позитивна е-комерц клима.
Со така подготвен проект за целиот тек на кампањата (маркетинг, цели, визии...) се реализира средба и се наиде на одобрување од страна на министерството за информатичка технологија. Но, проблемот околу средствата за финансирање, не се реши. Само делумно.
За да се реализира проект од огромна важност, станува збор за проект од јавен карактер- за сеопшто добро, потребни се финансии од страна на јавни релевантни институции.
No comments:
Post a Comment