Search This Blog

Sunday, January 24, 2010

Накратко

1. На купувачите на ек.мк им се интересни сите производи. Најмногу.....


2. Нашата е-продавница работи по системот …Избери, порачај, доби..., што значи дополнителни сугестии надвор од она што е прикажано со опис и слика на веб страната на е-продавницата не добиваат. Што се однесува на забелешки од страна на клиентите, тие се секогаш добредојдени и се земаат во предвид .

3. Тоа што купувачот го гледа на веб страната на е-продавницата, може да го купи. На одредени производи е наведено дека може да се нарачаат или прилагодат по боја, димензии и сл. Но надвор од презентираната понуда не можеме да им излеземе во пресрет на барањата на купувачите.

4. Веќе година дена системот за онлајн плаќање и онлајн продажба се користи во РМ.

Што се случи со мини кампањата Купувај онлајн

Пред година дена, додека ги правев анализите и статистиките за тоа колку е исплатливо човек да се занимава со е-комерц во Македонија, увидов дека фали т.н. едукативна мини кампања. Ја нареков мини поради фактот дека за некои овој вид на бизнис е нов во Македонија, па така што би се рекло набрзинка да се запознаат со предностите на е-комерцот, додека за поголемиот број на луѓето веќе ова го имаат испробано.
Следниот логичен чекор беше барање на покровители, донации од институции кои би на некој начин учествувале во реализирање на оваа кампања. Потоа следеа заинтересирани сопственици на онлајн е-продавници, кои независно еден од друг дошле до истиот заклучок: фали позитивна е-комерц клима.
Со така подготвен проект за целиот тек на кампањата (маркетинг, цели, визии...) се реализира средба и се наиде на одобрување од страна на министерството за информатичка технологија. Но, проблемот околу средствата за финансирање, не се реши. Само делумно.
За да се реализира проект од огромна важност, станува збор за проект од јавен карактер- за сеопшто добро, потребни се финансии од страна на јавни релевантни институции.

За пребарувачот : Најевтино.ком

Едноставна, практична алатка за споредување на цени на производите по продавници:)

www.najevtino.com - Најевтино!!! - www.najevtino.mk

За e-commerce веб сајтовите

www.xsoft.mk

Нашите решенија за e-commerce се флексибилни и едноставни за користење веб сајтови кои со вклучувањето на систем за управување со содржини во себе, даваат контрола и можност за администрирање на секоја соджина претставена на вашиот сајт. Тука освен администрирањето на продуктите, спаѓа и администрацијата и комуникацијата со корисниците, потоа контролата и надгледувањето на процесот на нарачките и уште многу други функционалности. Повеќе за нашите e-commerce продукти, можете да прочитате на нашата страна за e-commerce.

Бизнис веб сајтови

Вашиот корпоративен идентитет стартува со базичен веб сајт. Солидно дизајниран, функционален и структуиран веб сајт е витален за вашата корпорациска слика, ги редуцура вашите трошоци со неговото online функционирање и ја подобрува комуникацијата со корисниците. Ние поседуваме професонални вештини и експертиза за развој на веб решенија кои ќе ви помогнат да го утврдите вашето присуство на Интернет. Нашите решенија се развиваат според вашите потреби и со цел да го рефлектираат вашиот бизнис идентитет, пазар и стратегија.

Дизајн и изработка на веб сајтови по конкурентски цени, направени токму според вашите потреби

Сите наши веб дизајн пакети вклучуваат изработка на уникатен дизајн кој е направен на начин кој најдобро ја отсликува индивидуалноста на вашата компанија. Ние нудиме квалитетен и единствен дизајн, без разлика дали се работи за мал сајт или големо корпорациско e-commerce решение. Ние се држиме до девизата дека првиот впечаток е најбитен, со еден од нашите дизајни, вашиот сајт секогаш ќе го добие вистинското внимание.

Накратко...

1. На купувачите на ек.мк им се интересни сите производи. Најмногу.....

2. Нашата е-продавница работи по системот …Избери, порачај, доби..., што значи дополнителни сугестии надвор од она што е прикажано со опис и слика на веб страната на е-продавницата не добиваат. Што се однесува на забелешки од страна на клиентите, тие се секогаш добредојдени и се земаат во предвид .

3. Тоа што купувачот го гледа на веб страната на е-продавницата, може да го купи. На одредени производи е наведено дека може да се нарачаат или прилагодат по боја, димензии и сл. Но надвор од презентираната понуда не можеме да им излеземе во пресрет на барањата на купувачите.

4. Веќе година дена системот за онлајн плаќање и онлајн продажба се користи во РМ.

Saturday, January 23, 2010

Зошто токму online купување

1. Ex.mk или www.ex.mk или www.exquisite.mk веб страницата на електронската продавница на Ексквизит е поставена на Интернет во април 2009 , додека фирмата Ексквизит доо друштво за услуги и е -трговија е отворена во февруари 2009. Идејата за основање на свој сопствен бизнис постоеше од порано, но при самата реализација на таа идеја и нејзиното комплетно остварување се наметна спонтано и текот водење на бизнисот т.е. е-комерц. Сакавме уште од самиот почеток барем малку да отскокнуваме од останатите, да се разликуваме и да бидеме лесно препознатливи за купувачите, бидејќе сепак ова е една онлајн продавница, која нуди услуги и палета на производи како и секоја друга продавница. Разликата е во начинот на одбирање, плаќање и добивање на купениот производ.

Има ли интерес за онлајн купување?

2. Интерес за онлајн купување има поради постоењето на онлајн продавници во РМ. Нов начин на купување, нов начин на презентирање на веќе видени, познати со години и со задоволство користени производи. Она што пријатно изненадува е бројот на дневни посети на веб страната на е-продавницата. Од тука и самиот интерес за онлајн купувањето, а пред се за е-продавниците може многу лесно да се измери. Слободно можеме да кажеме дека постои голем интерес кај македонските купувачи, но и малку повеќе претпазливост кон делот на плаќање. Значи успеавме во целост да ги исполниме условите за продажба на кое сме навикнати да ги гледаме странските веб е-продавници, малку да ги приспособиме т.е. да ги адаптираме и така адаптирани да ги презентираме производите на македонските купувачи. Значи се фокусиравме исклучиво на македонскиот пазар и на потребите и платежните можности на македонскиот купувач. Оттука со право можеме да кажеме дека интересот кај македонците за онлајн купување е се поголем.

Што е предност а што недостаток кај онлајн купувањето?

3. Бидејќи овој начин на купување е нешто ново кај нас, континуирано постои веќе година дена, нормално е да купувачите прво ги приметуваат предностите и пред се едноставноста на онлајн купувањето, а на недостатоците се гледа отпосле. Македонците спаѓаат во групата на медитерански народи, што би се рекло живеат во топла и пријатна клима, имаат весел и жив темперамент, и се секогаш пријателски расположени за дружење. Се разбира дека кога времето е пријатно за шетање македонскиот купувач прво ќе одбере да излезе и прошета до некоја продавница, отколку да седи пред компјутер. Дали на ова се гледа како на предност или на недостаток кај онлајн купувањето ќе покаже купувачката навика кај македонците... Досега од нашето едногодишно работење, купувачите гледаат на онлајн купувањето како на голема предност, но сеуште се претпазливи во однос на онлајн плаќањето.

За доставата ?

4. Доставата на купениот и платен производ се доплаќа одредена сума. Купувачот може платениот производ да го подигне од нашата канцаларија, доколку тоа повеќе му одговара. Во овој случај не станува збор на “испорака до дома” и нема потреба доставата да се доплаќа. За сите купувачи надвор од Скопје, доставата се доплаќа според тарифата на ЕСМ -Брза пошта. Досега сме имале само позитивни искуства во начинот на испорака на производите до дома или по принципот “врата до врата”.

За големениот тренд на отворање нови онлајн продавници кај нас во РМ?

5. Оваа нова масовна појава за отворање и разработување на онлајн продавници е за поздравување. Сметаме дека македонските купувачи и Интернет корисници конечно добија нешто ново - современо средство за користење и купување на онлајн услуги и производи. Во овој случај постоењето на голем избор на е- продавници е показател дека вакво нешто во РМ требаше одамна да профункционира. Значи македонскиот купувач сака и може да купува онлајн во РМ. Што би значело ова веќе не е тренд како пред година дена, туку веќе нормален и секојдневен начин на купување за македонците. Гледано од друг агол, сега кога овој начин на купување е секојдневие, а многу брзо веруваме дека ќе премине во рутинско пазарување, постоењето на многу онлајн продавници е позитивна појава. Потоа останува на самата е-продавница, независно од типот на онлајн трговија со која се занимава, да ја придобие довербата на македонскиот купувач. Во целост важат стандардите и принципите на работа со кои се води една продавница. А верувајте, начинот на кој се стекнува и задржува таа доверба, не е едноставен, ниту пак лесен. Се е прашање на време. Значи, ако една продавница постави своја веб страна и се насочи кон онлајн продажба, и доколку таа сега веќе е-продавница е од претходно позната по квалитетот на услуги и производи, таа е-продавница веќе има стекнато доверба кај купувачите и нејзините производи без проблем ќе се продаваат. Сепак како и да се гледа на работите станува збор за трговија на мало , продажба или во нашиот случај е-купување.