Search This Blog

Friday, July 5, 2024

Обука "Зграпчи го летото" Обука за Претприемништво и Дигитална трансформација

 Еднодневна обука во времетраење од 8 часа.

Со цел промоција и развој на претприемништвото кај младите и невработени лица, Ексквизит во партнерство со Reconomy организира 4 (четири) едукативни обуки за 90 учесници, студенти на факултетски студии и невработени лица кои ќе се одржат во периодот од 12 јули до 23 јули 2024 година и се наменети за развој на претприемнички вештини за дигитална трансформација и брзо започнување на сопствен бизнис. Едукативната програма вклучува детална агенда за 8 часа (еднодневна обука), односно 4 обуки кои ќе се одржат на следните термини:

12.07.2024

16.07.2024

19.07.2024 и

23.07.2024 година.

Превземи ја Агендата.

РЕГИСТРИРАЈ СЕ ТУКА

За сите прашања поврзани со обуките, обратете се на info@ex.mk, obuka@ex.mk и контакт телефони 078 442 153 и 078 442 052.

 

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбеден сертификат за учество на обуката.

Рок на пријавување за обуката на 10.07.2024 година (среда).

Принципот на прифаќање на пријавените е според FCFS (прв дојден - прв услужен). Пријавените ќе бидат контактирани за потврда и насоки за обуките. Финалниот список на учесници ќе биде подготвен по уплатата за учество.




Monday, June 10, 2024

Зошто наеднаш доставата до адреса стана проблем?

Процесот на е-купување опфаќа и достава до посакувана адреса, која најчесто е испорака до дома.

Во време кога купувачите користат е-купување, нормално е да повремено да се незадоволни од бавната испорака, имајќи го во предвид големината на градовите и територијата на нашата мала држава. Неуспешна достава на пратките може да биде кога нема никој на адреса за да ја прими пратката, примачот е на одмор или надвор од своето место на живеење, но и се случува примачот да не сака да ја прими пратката од лични причини.

Е-продавницата мора да ги има во предвид сите можни сценарија за неуспешна достава, како би можела благовремено да реагира и да најде соодветно решение за пратката да биде испорачана. 

Но ова не секогаш наидува на разбирање од страна на е-купувачите. 

Посебно е тешко да се објасни зошто една пратка не е испорачана, кога купувачот е од странство и користи услуги на домашна е-продавница, а пратката не е испорачана на време како што било договорено. Се случува примачот да не сака да ја прими пратката од лични причини, да не е на адреса во време закажано за испорака, да сака пратката да се испорача на друга локација и во друго време. Ова се решава во договор со службата за испорака, но како да се дојде до еден идеален случај на беспрекорна услуга почнувајќи од е-купување до успешна достава?

Дали ни недостасуваат точни информации за успешна е-трговија и best case сценарија? Не секоја е-продавница сака да ги сподели своите искуства од својата пракса како би допринела кон успешен развој на е-културата во нашата земја. 

Испорака до дома звучи супер, практично и ефективно, но се уште не е доволно одомаќинето кај домашниот е-купувач, кој сака да пипне, разгледа и да се ценка во класичните продавници.

До сега е-купувачите тврдат едно, е-продавниците не одговараат со соопштенија до јавноста за лошите тврдења и обвинувања и тука некаде се создава мал хаос кој со тек на време станува голем проблем од која е-продавница да се купи со испорака до дома.

Производи има, е-продавници има, но дури по неколку години прогресивен раст на е-трговијата кај нас, е-купувачот стана свесен за целокупниот процес на е-купување кој вклучува и испорака до адреса. 

И соодветно на ова, кога има недоразбирање со доставата, нормално е е-купувачот да се обрати во е-продавницата, а не во службата за достава. Е-продавницата е таа што посредува меѓу службата за достава со крајниот примач на пратката, и која ја нуди таа услуга. Е-продавницата треба интерно да се обрати и да го разчисти недоразбирањето  околу достава со службата за достава со која има склучен договор. И потоа на крајниот е-купувач да му се даде обајснување за тоа што се случило.

Негативна пракса е да се префрли вината за неуспешна испорака на службата што испорачува. Да, и на нив може да им се случи грешка, но тоа се надокнадува во прилог на добра взаемна соработка.

Оваа појава треба сериозно да се земе во предвид,како понатаму би напредувале и би ја усовршувале грижата за корисници, која доколку е правилно третирана станува лојален и верен е-купувач.





Wednesday, June 5, 2024

Персонализирани Е-продавници

 Како што може да се забележи, на интернет и по социјалните мрежи има навистина многу новоотворени е-продавнички кои нудат исклучиво персонализирани подароци. Ова е за поздравување, бидејќи на крајниот е-купувач му се овозможува да одбере убав подарок по сопствен буџет.

И покрај тоа што овие гифт огласи се многубројни и разновидни, се дојде до една точка на заситување од вакви продавнички, што крајните е-купувачи ги пренасочи да бараат вакви услуги од класичните гифт продавници.

Идејата не е само да се понуди нешто краткорочно и по поефтина цена, идејата е да се оддржи биснисот со ниче подароци.

Факт е дека македонскиот купувач се определува за поефтин и поскромен подарок, купен во проверени продавници отколку поскап нарачан преку интернет.

Тука голема улога има и односот е-купувач со е-продавница, културата на интернет купување, понудата и најбитно цената на подарокот. 

Понуди има, рекламите се чести по социјалните мрежи, но прашањето е колку од овие е-продавници можат да го издржат притисокот на времето и колку долго може да работат во македонскиот е-простор. 

Правила на конкуренција нема, секој си оформува своја цена, која дури и се намалува во директен контакт со е-купувачот се со цел само да се продаде. Идејата не е само да се продаде, туки  и да се заработи. Тренд е да се појави нова гифт продавница, да намали цена на пазарот на гифт услуги и по кратко време да ја снема од македонскиот е-простор.

 Со ова се создава конфликт кај македонскиот е-купувач, кој од останатите гифт продавнички очекува уште пониска цена на подарок, што реално не може да се понуди.

Затоа е најдобро да се купува во е-продавници кои имаат официјален веб сајт, а не само пејџ и профил на социјалните мрежи.



Thursday, April 27, 2023

E-book што мора да се прочита

Со оглед на тоа како се развиваат работите во онлајн трговијата кај нас, и каква е оддржливоста од програмите и проектите на таа тема, останува на нас старите пионери во е-продажбата да се потсетиме на едни стари, добри времиња.

Останатото е историја.

Во спомен на придонесот на тимот на ЕХ.МК во развојот на е-трговијата во МК, ви ја репризирам веќе претставената и промовираната е-книга, уште во минатата декада.

Уживајте и не претерувајте со копирање

 https://drive.google.com/file/d/1scGGbfrHRH_EmNqtvdbicvnZIwg_J64D/view?usp=share_link

Monday, January 22, 2018

Да се работи онлајн или да се затвори е-продавницата?

Денес повеќе од кога и да е имаме отворени онлајн продавници. Но како тие работат?
Верувале или не, во зависност од куповната моќ на нашиот просечен македонски купувач, онлајн продавниците се повеќе работат на системот Попусти и Гифт шопови.
Вака не се развива Е-трговија.
Кампањско работење од празник до празник, не носи пристојна заработувачка и сосема нормално е да полека, полека онлајн продавниците во РМакедонија се одлучуваат на тоа да прекинат со својата работа. Да, да се повеќе онлајн продавници се затвораат.
Страшно, но вистинито.
И што понатаму?
Само позитивно размислување и делување на колективната свест кај нашите македонски купувачи и верувам работите ќе тргнат на подобро.
Да се надеваме на прогрес и континуиран развој на Е-трговијата кај нас.

Thursday, February 25, 2016

Е-продавници за облека

Како сте задоволни од е-продавниците во РМакедонија, специјализирани за облека?

Има голем број на продавници за облека, кои отворија свои нови продажни места на интернет т.е. онлајн продавници.

Некои од нив проработеа, некои се затворија, а некои успешно опстојуваат на онлајн пазарот во РМакедонија.

Правилата на продажба се исти како и за другите типови на е-продавници.
Се прави нарачка онлајн, се плаќа и нарачаната облека ви се доставува на назначена адреса. И се е тоа супер, доколку не сакате да шетате по продавници и да пробувате облека.

Ова посебно е практично за машкиот дел од населението.
Сите знаеме дека жените се тие што обожуваат да шетаат и пробуваат и купуваат облека.

Ние ги испробавме услугите на една од тие е-продавници и многу сме задоволни од услугата.

Пробајте и вие..

Wednesday, February 24, 2016

Продавници, продавници

Денес повеќе од било кога имаме на располагање за купување многу продавници. Дали се тоа класични продавници или интернет продавници или големи шопинг молови-сите ние редовно ги користиме за да купиме по нешто.

Веќе и поголемите класични продавници си отворија свои нови интернет продажни места.
Сите се преорентираа на онлајн купување.

Малку постарите генерации се уште се по малку скептични во поглед на интернет купувањето, но затоа помладите редовно ги користат онлајн поволностите на разгледување и купување.

Доколку се уште имате проблем да направите онлајн нарачка, пробајте да пратите нешто ситно и ефтино за да ги проверите бенефитите од овој вид купување.

Еве сега се приближува 8ми Март, интернационалниот ден на жената, па зошто да не подарите некому малку внимание во вид на цветен букет.

И не заборавајте да бидете малку повеќе позитивни во поглед на е-купувањето. Секогаш ќе наидете на по некое непријатно искуство, но не дозволувајте тоа да ве обесхрабри..