Search This Blog

Thursday, August 12, 2010

Самолепливи ливчиња

Потсетници за секаков вид на информации: тел. бројчиња, обележувачи на страници, веб страници, е-маил адреси и многу, многу други работи.

Нека учењето ви биде забавно, а работењето организирано.

Цена од 19,00 ден. до 120,00 ден.

За нарачување клик на : www.exquisite.mk

Wednesday, July 21, 2010

Украсна бижутерија за деца

Одличен избор за секоја прилика , а посебно сега за во лето. Весел разнобоен мал комплет од ланче и алка наменето за девојчиња под 7 годишна возраст.

Шарениот сет од еластично ланче и еластична алка е изработен од мали весело обоени дрвени монистра.

Цената за овој мал комплет е 140,00 ден.

За повеќе клик на : www.ex.mk

Friday, July 16, 2010

Лето во Скопје


www.exquisite.mk

Одличен начин да се помине ова лето е на новата Градска плажа, на викенд до Охрид, два-три дена до Грција, Бугарија..

Како и да е летото е за одмор од работни обврски, да земеме малку здив, да се наполниме со нова позитивна енергија, да се релаксираме од учење.. Барем малку да се оттргнеме од секојдневните работни ангажмани..

Да се забавуваме:)

За оние со повеќе креативност ова е одлична шанса да се направат мали декорации и реновирања по дома.

Уживајте..

Monday, May 10, 2010

Уште само 5 дена останаа од Месец на EX.MK


Промоцијата под име ‘‘ Месец на EX.MK ‘‘ трае уште само 5 дена. Искористете попусти, производи купуваш 1 добиваш 2, ваучери со попуст и сл..

Во рамки на оваа промоција се одвива и анкета за заинтересираноста на македонската јавност за користење и познавање на начинот на е-купување и продавање. Резултатите ќе ги објавам по 15.05.2010. На некои верувам ќе им биде од полза оваа информација, а на некои веќе прочитан текст.

Како и да е, останува на самите македонски граѓани да изберат дали на РМакедонија и е потребна е-трговија.

Мислењето на поединци не се зема во предвид - гледано глобално! Искуството покажува една те иста проверена работа-а тоа е :од копирање и уништување на нечиј бизнис или труд упорно се прикажува како нечии туѓ резултат.
Од теорија до пракса голем е патот. Во случајов во интерес на граѓаните и нивното право на подобар живот и стандард е да се запознаени со тоа како упорно и константно не одминуваат светските трендови и технолошки поволности. Па така може да Ве одмине и овој начин на е-тргување.
А зошто..? Ако не е до парите, тогаш е до мала група на поединци.

Tuesday, April 27, 2010

За луѓето со стил

За сите кои уживаат во добрата летна атмосфера.

Направете самите од својата градина удобно и пријатно место за претстојување.
Бидете креативни и економични, па со малку пари декорирајте по свој избор.



За ова лето Ви предлагам :


свеќник во дискретни нијанси клик на www.ex.mkмали дискретни соларни светилки клик на www.ex.mk
добра книга клик на www.ex.mk
и удобна вреќа за опуштање клик на www.ex.mk
Задоволството е Ваше во добро друштво и ладен пијалок...

Friday, April 23, 2010

Месец на EX.MK 14.04.2010-14.05.2010

Да се одмориме малку од 24/7 работа..

Оваа година мора да признаеме нашиот роден град одненадеж се разубави. Прекрасно изгледа преку ден. Зеленило, тревичка, цвеќенца, чисти улици, се нешто не потсетува на големите зелени паркови по европските метрополи.

Кој вели дека Европа не дојде и кај нас?

Да се одмориме малце од секојдневната трка по работа и разбивање на некои туѓи клишеа и моменти на интелигенција од типот:

‘‘цените на интернет треба се пониски‘‘ за повеќе производи или ‘‘ цената на интернетот треба да е пониска‘‘. Со ова анкетно прашање ние одамна расчистивме. Експертите велат треба да се пониски, а ако ги прашате подетални и директно ЗОШТО - така било напишано, а КАДЕ - е ова е веќе многу алгоритамско-3Д прашање.

Во Европа? ..Кога?

Thursday, April 22, 2010

Месец на EX.MK 14.04.2010-14.05.2010

Мит или Вистина?

Трговци, попустите нема да ви се исплатат!

Мит: точно, нема да ви се исплатат т.е. надоместат парично веднаш. Но, затоа ќе ве запознаат многу идни потенцијални купувачи.

Компанија што работи со 30% маржа, а на купувачот му нуди 10% попуст, мора да продаде 50% повеќе доколку сака да оствари еднаква добивка.

Мит или Вистина: на ваков константен начин на работење, по 3 месеци трговецот самиот ќе увиди дека неговата фирма е веќе вклучена во системот за вртење пари ( прави константен обрт на пари). Па така по година, две ќе свати дека неговата фирма функционира како швајцарски часовник. Ова можеби ќе може да се види во реалноста доколку не постојат негативни, психо-социолошки интенции во областа на економијата.

Оваа чувствителна тема под име ПОПУСТИ е дефинитивно тема број 1 за чаршиските муабети. Во Скопје оддеднаш, без усул се појавија сите видови на потребни, непотребни попусти, снижувања и како ли уште не се именува оваа појава. После да не се чудите зошто ни господ не може да ви помогне, да се вратите на нормала.

За попустите пишував пред некоја недела, и нема да се навраќам повторно на тоа. Оваа тема е за луѓето кои професионално се занимаваат со трговија и од тоа вадат плата за себе, а можеби и за по некој залутан ‘‘нечиј‘‘ роднина или братучед.

Оваа глупост која трае ако се сеќавате една цела година константно во Скопје, донесе пад на трговијата, пад на економијата, пад на животниот стандард, пад на културниот и социјалниот живот во земјава.

Така ви е тоа драги мои кога секој кој стигне ќе ви соли и продава памет и на ваша сметка (на ваша мака) заработува и од страна ви се смее. Како овие креатури од луѓе земаат редовно плата секој месец и дополнителни примања: се занимаваат со трговија -Продаваат туѓи идеи и свесно живеат нечиј друг живот.

Не ви се верува.. ?

Македонија и се е можно.

Едвај ги чекам да видам кои се глупости ги направиле со влезот на РМ во Европа.. За НАТО и да не зборам.