Search This Blog

Thursday, October 1, 2015

Е-трговија во Р.Македонија до денес

Е-трговијата или развојот на е-продавниците во Р.Македонија е нова бизнис област во која треба да се инвестира. За жал, македонските е-продавници се оставени самите на себе во областа на инвестиции.

Нема заинтересирани странски инвеститори кои би сакале да се промовираат во нашата земја.

Тоа во голема мерка е условено од лошата репутација што македонските граѓани ја имаат оставено на странските банки, посебно во делот на злоупотреби на платежни картички.
Никој од овластените институции нема интерес да се подобри репутацијата што ја имаат македонските корисници на платежни картички.

За жал се се сведува на репутација и доверба која тешко се стекнува, а лесно се губи.

Ексквизит веќе подолго време се соочува со проблемот на доверба кај македонските е-купувачи. Колку и да се работи на овој проблем, секогаш се наоѓа некоја друга е-продавница која сакајќи брзо да се пробие на е-пазарот ја руши довербата кај македонскиот е-купувач. Свесно или несвесно. Конкуренцијата е непрофесионална, неетичка и нелојална.

Купувачката моќ на нашите граѓани е слаба за големи брендови и она што најмногу се продава онлајн е она што не може да се најде на пазар или во било која друга физичка продавница. Но, и купувачката моќ на големопродажните места е слаба за да се увезуваат квалитетни и по пристапни цени производи.




Просечен македонски е-купувач

Каков е просечниот македонски интернет купувач, најдобро се гледа по развојот на е-трговијата кај нас во Р.Македонија.

Просечниот македонски е-купувач сака да купува одредени производи, но по многу пониски цени отколку во која било друга физичка продавница. Очекува пратката да му пристигне веднаш, и не сака да плаќа онлајн туку во кеш по прием на пратката.

Е-продавачите се на голема мака со овие барања. Имено, не постои гаранција за е-продавачот дека е-купувачот ќе плати и ќе ја прими пратката. Во 90% од ваквите т.н. онлајн плаќања е-продавачот е тој што е оштетен и правно незаштитен.

Се уште под онлајн плаќање е-купувачот подразбира плаќање со кеш или со уплата со уплатница во банка. Онлајн плаќањето е во втор план, што е и пропуст на банките кои навреме не ги имаат информирано купувачите за предностите на овој начин на плаќање.

Убаво би било е-трговијата да заживее кај нас, но со ваков начин на гледање на работите тоа оди навистина тешко.


Акции и попусти онлајн

Сите ние сакаме да направиме добра зделка и да купиме квалитетен производ по пониска цена. Доколку тоа е навистина возможно.

Со помош на денешната интернет технологија сите купувачи се навреме известени за сите акции и попусти што ќе ги има во онлајн продажба.

Добро е да се следат страните на е-продавниците во сите социјални медиуми, бидејќи тоа ќе биде првото онлајн место каде ќе ги дознаете сите попусти што ќе следат.
Така ќе најдете се што ви е потребно, но и се што не сте знаеле дека може да се најде во онлајн продажба.

Акции има скоро секоја недела, а попустите се сезонски како во било која друга физичка продавница.

Регистрирајте се на веб страните на е-продавниците за да добивате електронски newsletter со сите можни акции и попусти.

Клик на www.ex.mk и регистрирајте се бесплатно..




Friday, September 25, 2015

Facebook продавници, но какви?

Во време на социјални медиуми, во време кога сите сме членови на некоја социјална мрежа лесно може да дознаеме за некоја онлајн продавница која е таму присутна.
Тоа се најчесто онлајн продавниците, но и некои други начини на онлајн продажба.

Производи има премногу, но какви?

Денес има голем број на новоотворени т.н. Facebook продавници кои се ништо друго, но само еден обичен канал на обид за продажба. Тоа се најчесто физички лица кои немаат своја официјална веб продавница туку својата роба ја продаваат по пат на порака во инбокс.Нудат плаќање во готово, не нудат замена на оштетен производ, без гаранција и без никаков е-маил за пофалби или жалби за купувачите.

Нивните производи најчесто ги купуваат лица кои не се добро информирани или пак оние кои сакаат поефтино да си поминат за потоа најгласно да се жалат. Бидете внимателни кон Facebook продавниците кои немаат официјална веб страница и никакви податоци за контакт ( е-маил, адреса, веб адреса на е-продавницата, тел.)..

Купувачите постојано се жалат од услугата на овие Facebook продавници, се добиваат производи со лош квалитет, лоша услуга при доставата и со тоа даваат лоша слика за е-трговијата во Р.Македонија.

Да направиме разлика помеѓу е-продавница и Facebook продавница.

Нека заживее е-трговијата во Р.Македонија..



Опасен тренд на затворање на е-продавници

И покрај бумот што го направија, е-продавниците во Р.Македонија се соочуваат со нов проблем. Имено, поради целокупната економска ситуација во републикава е-продавниците се принудени да ја заборават својата долгогодишна работа и вложена инвестиција и да прекинат со работа.

Кој ќе ја сноси одговорноста за овој тренд што се повеќе завзема размер?

Е-продавниците имаа што да понудат. Нови производи,нов начин на купување, брз и едноставен пристап до веб страниците на е-продавниците.

И покрај целокупниот напор да успеат во бизнисот што го одбрале, тие навистина немаат друг начин туку да прекинат со својата работа.

Се обидуваат да го позиционираат својот бренд на интернет просторот, но за жал ни со активно присуство на социјалните мрежи -тоа не им успева.

И така е-трговците нудат секојдневни попусти, дневни зделки и распродажби се со цел да ја заработат својата плата. Е-продавниците се сведоа на веб страници за попусти.

Секоја чест на ретките исклучоци, но поради недоволна конкуренција на е-пазарот ни тие не можат маркентишки и стратешки да се позиционираат.

Време е некој сериозно да се нафати со оправување на состојбата на електонската трговија.



Wednesday, September 23, 2015

Купувањето никогаш не било полесно, но не е бесплатно

И повторно ќе пишуваме за онлајн купувањето кај нас во Р.Македонија. И покрај тоа што се отворија повеќе од 250 онлајн-продавници, интернет трговците се загрижени за својот онлајн бизнис.

Имено и покрај тоа што се исполнети сите предуслови и услови за развој на е-трговијата кај нас, сепак повеќе од видливо е дека нашиот македонски купувач претпочита да отиде во некоја локална продавница или шопинг центар, наместо купувањето да го изврши онлајн.

Се пишува на големо за предностите на е-купувањето, за брзината на добивање на нарачаниот производ, за цената и за многу други работи.

Но, пак македонскиот купувач се ориентира кон класичниот начин на купување.

Дали е-трговците ќе успеат да го привлечат нашиот македонски купувач да пазарува преку интернет во македонските е-продавници или не - ќе покаже времето.

Работа има, производи има, но сепак многу се ретки тие што се охрабриле да купуваат онлајн.

Најмногу купуваат нашите иселеници кои живеат и работат во странство, но тие не се репер за она што македонскиот купувач сака да го има и да го купи.


Купување по каталози

За сите оние кои се малку скептични во врска со онлајн купувањето имаме специјална понуда - купување по каталог.

За полесно нарачување и купување на посакуваниот производ оваа група на купувачи може да го пребараат онлајн каталогот по категорија на производи.

Но, поради обемот на бројот на производи, овој пат каталозите се закачни на интернет. Со тоа докажавме дека сме еко-френдли онлајн продавница.

Се што треба да направите е да напишете http://issuu.com/natasamuratovska/docs и да пребарате по објавените каталози.
Дел од каталозите се на албански јазик, на македонски и на англиски.
Овој профил секојдневно се надополнува со нови онлајн понуди, па ви препорачуваме често да го посетувате.

Одберете го својот каталог.