Search This Blog

Friday, March 25, 2011

Маскенбал за 1ви април

Во пресрет на 1ви април глобален ден на шегата е-продавницата на Ексквизит Ви предлага весел, шарен и шеговит избор на елегантни маски, кловновски перики...
Клик на www.EX.MK

Нека овој 1ви април Ви биде незаборавен..

Добра забава 

Thursday, March 17, 2011

Обука: Отвори своја Е-продавница

Обука : Отвори своја Е-продавница
ПСМ фондација заедно со www.ex.mk  организира обука : Отвори своја е-продавница, во април во просториите на ПСМ Фондацијата.
Отвори своја Е-продавница 
Како да се отвори своја Е-продавница или да се прошири продажбата со отворање на ново продажно  место на Интернет
  • ·         Вовед во законските процеси и процедури
  • ·         Реализирање на идејата за Е-продавница
  • ·         Одбирање на соодветна веб страна, пополнување на истата
  • ·         Анализа и истражување на интернет пазарот во РМ
  • ·         Бирање на соработници
Обуката е наменета за:
  • ·         Сопственици и менаџери на мали и средни фирми за продажба
  • ·         Ентузијасти кои сакаат да започнат свој сопствен бизнис
Цена: 4900,00 ден. Цената е со вклучен ДДВ.
Бројот на учесници по група е 10-15 лица, заради задржување на квалитетот на обуката.
Краен рок за пријавување и уплата е до 14 Април.

Обуката ќе се одржи на 16-17 април 2011 од 10.00- 17.00 часот.

За повеќе информации контактирајте не на 02/ 3103 663 или на е-меил info@ex.mk

Monday, March 14, 2011

Е-подарување

Одличен начин да се приреди изненадување или да се подари е преку Е-продавница.
Купувачот при овој начин на подарување има двојна придобивка..
Имено на брз, лесен и едноставен начин купувачот одбира

1) подарок и
2) достава до примателот на подарокот.

Убаво е да се нагласи денот, името на лицетот кое го прима подарокот како и часот кога е најсоодветно да се достави подарокот.
Поради природата на функционирање на Е-продавницат, убаво би било доколку телефонски или по е-меил се направи овој вид на порачување неколку дена однапред.

Цената на доставата и на подарокот е иста за нарачателот. Единствено намената е изненадувањето да биде пријатно искуство за лицето кое го прима подарокот.
По желба на нарачателот, вработените во е-продавницата на Ексквизит подготвуваат во сопствен аранжман честитки со текст по ваш избор. Се разбира- бесплатно.

На ваков начин купувачот т.е. нарачателот на подарокот може да нарачува подароци, при тоа добивајќи

1) иста цена за достава
2) иста цена за производ
3) бесплатна честитка

Со тоа што е должен да направи нарачка два-три дена пред нејзиното испорачување.

Tuesday, October 26, 2010

До сите е-купувачи

До сите е-купувачи 

Производите што ги гледате онлајн се изложени за разгледување и купување 24 часа/ 7 дена во неделата. Понекогаш се случува посакуваниот производ во моментот кога ви е потребен да го нема на залиха. Во тој случај може да одберете производ налик на посакуваниот или пак да почекате одреден временски период кога истиот повторно ќе биде достапен за купување.
За да Ви го олесниме купувањето, особено кога станува збор за изненадување, роденден и сл. Ви препорачуваме да направите нарачка 2-3 дена пред нејзино реализирање. Во тој случај ќе бидете сигурни дека направената нарачка успешно ќе биде доставена до лицето кое сакате да го изненадите.
Напомена: комуникацијата со е-купувачите е исклучиво по електронски пат (е-маил, факс..). Во случај на потреба на комуникација со крајниот купувач ( кој е само примач на платената нарачка ), комуникацијата оди преку е-купувачот кој ја нарачал и платил нарачката. На ваков начин се избегнуваат многу непријатни ситуации, кои би можеле да произлезат од нејасна комуникација, помеѓу трите вклучени страни во процесот на е-купување: е-трговецот, е-купувачот и примачот на платената нарачка. 

Со почит,
Ексквизит

Sunday, October 24, 2010

Електрична цедалка за овошје

 

Одличен избор на електрична цедалка за портокали, лимони и сл.
Особено сега во овој преоден период, кога времето се заладува, добро е да се има при рака и овој апарат за по дома.

Бидете здрави, свежи и полни со енергија..

За повеќе детали за функциите на оваа цедалка клик на: www.ex.mk 
цена: 927.00 ден
 

Wednesday, October 20, 2010

До сите е-купувачи

До сите е-купувачи
Производите што ги гледате онлајн се изложени за разгледување и купување 24 часа/ 7 дена во неделата. Понекогаш се случува посакуваниот производ во моментот кога ви е потребен да го нема на залиха. Во тој случај може да одберете производ налик на посакуваниот или пак да почекате одреден временски период кога истиот повторно ќе биде достапен за купување.
За да Ви го олесниме купувањето, особено кога станува збор за изненадување, роденден и сл. Ви препорачуваме да направите нарачка 2-3 дена пред нејзино реализирање. Во тој случај ќе бидете сигурни дека направената нарачка успешно ќе биде доставена до лицето кое сакате да го изненадите.

Со почит,
Ексквизит

Monday, October 18, 2010

Маркетинг или ПР текст ?

Неодамна добив прашања за интервју, но по неколку недели добив одговор дека текстот бил премногу ПР т.е. премногу бил насочен кон јавноста (односи со јавност- е буквалниот превод)
Одлучете сами...

1.      Kako se rodi idejata za "Exquisite"?

Идејата за отворање на е-продавница дојде спонтано. Имено пред две години навистина беше предизвик да се започне со овој начин на е-тргување и истиот да се наметне како секојдневна навика за пазарување за македонските граѓани.

2.      Dali makedonskite gragjani se familijarni so konceptot na on-line kupuvanje?

Концептот на он-лајн купување, бирање на производот и он-лајн плаќање, гледано од нашата пракса е познат, лесно применлив, и испробан.
Интересот за ваков начин на купување расте од ден на ден, паралелно со развивање на еден нов тип на култура на купување.
Не беше лесно да се убеди македонскиот граѓанин дека он-лајн купувањето е за секого, и дека не се потребни големи парични сретства да се добие посакуваниот производ.
Искуството покажува дека овој начин на е-купување повеќе го практикуваат луѓето со подлабок џеп, со повеќе стил и со модерна култура на купување. И се разбира луѓе кои се презафатени со обврски, со својата кариера и со семејството.
За таа цел за да им излеземе во пресрет на сите наши купувачи се потрудивме изборот на производи да одговара на сите возрасти, на сите старосни групи на купувачи, и се разбира цените да се пристапни на економската парична купувачка моќ на македонските купувачи.

3.      Koi proizvodi najmnogu se prodavaat?

Најчесто барани производи се артиклите од компјутерска галантерија, прибор и апарати за домаќинство, забава, канцелариски материјали, карти за концерти, книги и особено голем интерес има за подарување на цвеќиња.


4.      Dali recesijata se pokaza pogubna za ovoj vid na biznis?

Во февруари 2009 кога ја поготвувавме веб страната за е-продажба, самиот проект наиде на голем интерес и љубопитство кај интернет корисниците, така што може само да кажам дека рецесијата благо ја почуствуваме, и безболно не одмина. Можеби станува збор за почетничка среќа..


5.      Koi se vasite profesionalni planovi za idnina?

Она кон кое се стремиме како фирма е да преминеме во најдоброто шопинг место за опремување, реновирање на Вашиот животен простор со практични и функционални производи.
Да одберете што е добро, а што практично, колку чини и како тоа многу лесно можете да го купите или пријатно да ги изненадите своите најмили со убав подарок.
Со нас
да може да го одберете најдоброто, оставајќи си доволно слободно време во активностите во кои уживате.Накратко, производите што ќе ги погледнете во нашата е-продавница се мали, корисни и економични.
 Со малку фантазија предметите за секојдневна употреба да може да ги трансформирате во нови, иновативни решенија, да ги „оживеете“ и да му дадете душа на просторот во кој живеете.