Search This Blog

Thursday, April 8, 2010

Онлајн курсеви по англиски јазик

Секогаш е вистинското време да се започне со изучување на странски јазици.

Одличен начин да се почне со изучување на англискиот јазик, сега достапен и со online курсеви.

За предностите на учење на англискиот јазик може детално и од прва рака да се информирате на линкот: Go!EnglishMak

E-learning е достапен за сите заинтересирани кои сакаат да го научат или само да се потсетат на претходните познавања на англискиот јазик.

Веќе од утре овие курсеви ќе можете да ги купите онлајн преку е-продавницата www.exquisite.mk

Нека учењето Ви биде забавно или што би се рекло ‘‘education is never a waste‘‘

Wednesday, April 7, 2010

За кого е измислен маркетингот?

Онлајн или интернет маркетинг - како што преферирате

Денес барем колку што знам во светов-на планетава живеат околу 5-6 милијарди жители.

Верувајте навистина е тешко човек да се пробие и успее кога сме толку многу. Од аспект на бизнис владее правилото: посилната риба ја јаде помалата. Традиција...

Постојат толку многу интелигентни, работоспособни, креативни бизнисмени со огромно искуство во водење на бизнисот. Во овој свет важи мотото: Информацијата е моќ-информацијата е пари!

За жал овие луѓе е тешко да ги излажете или измамите.

Нека не ве плаши конкуренцијата. Гледајте позитивно на нештата. И оставете ги амбициозно да си ја тераат работата, којзнае можеби и вие би можеле нешто да ќарите...

Маркетингот за некого е уметност, а за некого начин на презентирање/себерекламирање/или нешто слично. Не е убаво да се крадат нечии трудови или редовно да се практикува опцијата copy-paste. Не е здраво, а и овие случаи лесно се фаќаат. Сите знаеме да бараме информации и сурфаме по интернет мрежата. Ако лажете, ќе ве лажат...

Ова се работи кое се учат од дома-домашно воспитание. Во овој случај маркетингот ‘‘mouth to mouth‘‘ не важи и е сведен на трачарење, оговарање и рушење на углед и репутација. Не сум запознаена до каде сме со овој закон овде во РМакедонија, но кај и да е не е лошо да се има. Или дали важи подеднакво за сите?

Очигледно уште многу работа не чека. После да не се жалите ако нема работа за младите, ако фирмите брзо пропаѓаат, а странските мисии што даваат по 1000,00 евра плата за дремење пред компјутер и тоа бесплатно експресно ја напуштат земјава.

Па вие добро размислете кого ќе рекламирате за без пари. Хммм...

И пак маркетинг

Нашиот народ е склон сам да си го креира својот маркетинг настап по принципот‘‘ Сам свој мајстор‘‘.

Јас сосема случајно залетав во водите на маркетингот. И мора да кажам одново и одново се воодушевувам и згрозувам од некои наши креативци. Мора да признаеме македонскиот граѓанин понекогаш знае многу убаво да не изненади со својот наплив на креативност.

И пак маркетингот е сретство со пред и се економска позадина, начин да се стигне до поголеми и побројни народни маси.

Па видете внимателни што соопштувате, и децата не гледаат.

Tuesday, April 6, 2010

Маркетинг, маркетинг...

"Where marketing goes digital..."

Доколку имате доволно буџет, најдобар начин да го најавите своето присуство на пазарот е со добро организиран маркетиншки настап. И континуирано.

Луѓето сакаат континуиран,лесно разбирлив и технолошки прецизен опис на работите.

Многу е тешко доколку повеќе од една година постоите на пазарот,и нормално имате препознатлив статус кај купувачите, маркетиншки гледано, да ги натерате луѓето поинаку да гледаат на вас.

Сепак маркетиншката порака е таа која е линкот меѓу вас- трговците и крајниот купувач.

Еве само неколку линкови за е-маркетинг.

Овој начин на е-маркетинг е нешто што ветува во иднина. Искористете го паметно...

Monday, April 5, 2010

Магичен маркетинг по европски терк

Како до успешен бизнис (1)

Многу лесно. Да се осврнеме малку на старите, добри, веќе испробани рецепти кои даваат резултати. Па нели одиме во Европа.
Европа е стар континент, со многу долга традиција и пред се култура. Треба да се види, доживее за да може да се опише. Не ви препорачувам да пробате да работите, но за се има прв пат.Најразвиена гранка од економијата е т.н. Fashion industry, трговски марки, брендови. Таму се е бренд. Па и ние од пред 2-3 години станавме опседнати со тоа да се биде БРЕНД.
ОК, добро е барем да се види како тоа го прават другите.Европскиот начин на живот си бара и добра плата. Па затоа предлагам кога веќе ништо не ни помага, дајте прво и само тоа: зголемете ги платите. На европски начин...Неповратно.(Значи да не ги враќаме преку кредит). Ајде барем со 2-3 плати да си ги вратиме наталожените долгови. Да се мотивираме за работа.

Како до успешен бизнис(2)

Буквално дефиниција за производство значи да произведеш односно да создадеш/направиш /искомерцијализираш употреблив производ т.е. производот што ќе го купите да ги исполнува сите светски стандарди со знакчето ‘‘Made in Europe‘‘.Да се закачи налепница или етикета не значи дека тој производ е направен во ЕУ,(тоа не спаѓа во производство: ставање и лепење на налепници и етикети, нови повисоки ЕУ цени..). ЕУ-граѓаните трудот и времето за ставање на етикети дебело си го наплаќаат. WOW...
Во овој контекст може да се спомене и проектот ‘‘Скопје 2014‘‘. Најверојатно Скопје не им се допаѓа онака како што е, па најверојатно како едно од барањата за влез во ЕУ е и менување на личниот опис на градот/државата.
Нека ни е на здравје...
Се надевам дека не се тајна барањата на ЕУ за влез во ЕУ – унијата. ИЛИ???

Како до успешен бизнис (3)

Она најважното од се за нашите трговци, производители, увозници и извозници е: да ги знаат лицата со име и презиме, кои се одговорни и задолжени за запазување на ЕУ-економијата(ЕУ монетарен фонд, финансиска полиција, маркетинг елита..). Значи луѓето кои се менаџери на ЕУ пазарната/економската политика.Можеби сум млада и недоволно информирана околу постоењето на овој круг на бизнисмени, но еве природата на работата ми налага да се себеобразувам и нормално се уште не можам да ги најдам овие информации.За тоа како се превземаат фирми, фабрики и фирми за увоз-извоз, запознаена сум со т.н. Бизнис Ангели (ако вашата фирма е успешна, а вие немате доволно пари за да инвестирате во нејзиниот развој-ќе ви се јават овие‘‘ангели‘‘ и процентуално ќе ви ја превземат фирмата. Гледано од поубавата страна. Што се случува понатаму, со вас и вашите вработени- не знам).
Би било убаво да се знаат овие бизнис информации – чисто од култура. Пред 2-3 години, прочитав во весници еден натпис за ЕУ. Темата беше онака тизерски напишана (да привлече интерес и да се види/провери мислењето кај народот) во ЕУ се формира‘‘Совет на мудреци‘‘ т.е. оние кои ја носат ЕУ во подобра иднина. Еднаш и никогаш повеќе напишана/опишана вест. ТИЗЕР.
Многу бајковито и волшебно изгледа ЕУ.

Како до успешен бизнис (4)

За оние најупорните трговци, е-трговци и сл. ви давам еден пријателски совет:
Пред самиот влез во ЕУ: проверете си го сопствениот бизнис план (cashflow итн.). Значи направете си самите една SWOT анализа за вашиот бизнис и тоа во три етапи. Пред влез, за време на процесот за влез и по влезот на РМакедонија во ЕУ.
No comment
Заклучок: добар работен кадар денес е тешко да се најде.

Како до успешен бизнис (5)

Како се враќаат вложените сретства и инвестиции сега кога веќе размислуваме по ЕУ жаргон. Е за тоа, најверојатно ќе мора да почекаме, ако во меѓувреме не заборавиме дека сме инвестирале во нешто свое. Од милион причини. Еве сега е најдоброто време да се угледаме на нашите ЕУ колеги, како тие ги решаваат моментите на економска криза. Да видиме како во пракса може да ги примениме нивните искуства. За промена може и тие да пробаат како со минимум пари, минимум услови за работа, со максимум работа нивните македонски колеги успеваат едвај да го скрпат крајот на месецот. Бесплатно, може да се направи проект или краток курс кој би чинел ѓаол и пол во евра, во кој ЕУ колегите ќе се стекнат со реални и практични примери од секојдневниот живот. За да се запознаеме, па нели ќе живееме заедно?

Да видиме кој повеќе работи. Кој како е платен. И зошто.

Friday, April 2, 2010

Животен стандард во Европа?


Каков е животниот стандард во ЕУ?

За оние што биле и прошетале малку повеќе со старите пасоши низ светов, знаат и на своја кожа осетиле дека не е се така розево како што изгледа на ТВ и по познатите весници.

Гледано од аспект на реалност...

Можеби не сме имале доволно кеш во џебот, па се сме приметиле една многу апстрактна работа : се што ќе пипнеш во продавница-мора да купиш??? Да не зборуваме за ефтиниот поглед фрлен врз вас од страна на квазипродавачките по скапите, брендирани бутици кога ќе ве видат така туристички облечени. Туристот имено се шета по музеи, по градските улици, кафеани и ресторани..па некако не им влегува во глава дека е можно онака од љубопитност да прошета и по т.н. ‘‘ексклузивни надалеку прочуени брендирани продавници‘‘.
Доколку повторно се вратите во истата продавница, овој пат соодветно по европски стандард облечени, ќе се запрепастите како не се сеќаават дека претходно сте дошле и сте го побаре истото. Проверено...

Ова е многу чувствителна тема сега кога од ЕУ се прават разноразни барања кои треба да бидат исполнети за ете така убаво стокмени и ние најпосле да влеземе во Европа. Само на хартија, се разбира...

После да не чудиме што се случува со падот на економијата, зошто купувачите ќе имаат чудни барања, и зошто увозот и извозот на производи ќе ни биде слаб. Дали е ова увертира во нова реална рецесија? I don‘t think so..:)

И затоа да си го поставиме првото прашањето: Што ние добиваме од ЕУ, освен веќе вака видлива и лесно реализирана рецесија (читај економска криза, банкрот и сл.)

Па луѓето треба да живеат по стандард...

Арно ама за се има чаре:)



Thursday, April 1, 2010

Маскенбал во нашиот град

Каде најбрзо ќе може да најдете соодветна маска во последен момент. Па во е-продавница, се разбира.

Неделава што следува е исполнета со забава за сите: за младите разноразни маскенбалски забави, а потоа следуваат велигденските празници.

Време за себе, домот и за семејството. Овие празници се одличен начин да се обноват и зацврстат семејните вредности, односно нашата традиција.

Затоа со време ‘‘Честит нека ви е Велигден на сите‘‘.