За сите нас кои голем дел од денот поминуваат на некои од социјалните мрежи, е многу интересно кога ќе наидеме на некој убав и примамлив оглас од некоја продавница.
Доста интересен за разгледување е феноменот на отворање на т.н. Facebook продавници.
Овие македонски ФБ продавници функционираат на принцип - нарачка во инбокс.
Тие што знаат како се купува онлајн, знаат често да искоментираат негативно на овие нови тренд продавници.
Искуствата се делат, некои се позитивни, но повеќето за жал остануваат без својата нарачка.
И ова е дел од развојот на е-трговијата во Р.Македонија.
Се учиме на секојдневните искуства.
Затоа, за да немате проблем во иднина, и да не се создава негативна мисла околу онлајн купувањето кај нас, бидете внимателни и купувајте во проверени и легални онлајн продавници.
И уживајте во онлајн купувањето..
No comments:
Post a Comment