Со задоволство ви пишувам дека работите и тоа како се раздвижија во областа на македонската е-трговија.
Се отвораат се повеќе и повеќе нови онлајн продавници.
Најнов тренд е да се продава преку продавница отворена на Фејсбук.
Нашиот македонски народ сака да купува преку огласите кои се појавуваат на Фејсбук, но колку тие огласи се веродостојни.
Не подлегнувајте секогаш на искушението да се купува брзо. Проверете ја добро рекламата и дури потоа купете.
Денес низ македонските Фејсбук профили се појавуваат секакви огласи за продавање. И не ретко тоа се огласи од физички лица кои за купениот производ не издаваат фискална сметка, ниту пак производот го заменуваат со друг. Истите физички лица не работат од канцеларија, туку од дома и немаат отворено своја е-продавница.
Внимателно со овие огласи..
Значи самиот Фејсбук поддржува онлајн купување со отворање на т.н. Фејсбук продавници кои работат на идентичен начин како било која друга е-продавница.
Не се лажете по ефтиното, зошто тоа може многу скапо да го претплатите и веќе никогаш повеќе да не посакате да купите нешто онлајн.
Купувајте во проверени онлајн продавници со што навистина ќе го почуствувате задоволството од онлајн купувањето.
Правете разлика меѓу обичен профил, кооперативен профил и фан страна.
Внимателно со огласите..
No comments:
Post a Comment