Search This Blog

Friday, March 21, 2014

Купувајте во македонските е-продавници

Сите ние се почесто голем дел од нашето слободно време го поминуваме на интернет.
Покрај социјалните мрежи, најмногу ги посетуваме и интернет продавниците.
Нема што нема. Се е на продажба.

Она што го интересира македонскиот купувач е дали и како може да купува во македонските интернет продавници.

Тие што пробале, продолжиле на ваков начин да купуваат и своето позитивно купувачко искуство го споделуваат со останатите.

Најчесто македонците сакаат да плаќаат во готово, значи прво да го добијат производот па потоа да платат. Но, радува фактот дека веќе на второто интернет купување ја користат својата платежна картичка. Не е лесно да се ослободи купувачот дека плаќањето преку интернет е безбедно и сигурно.

Но, се е работа на искуство..
Пробајте, информирајте се и уживајте во интернет купувањето..








Tuesday, March 18, 2014

Продавница на убави нешта

Сите ние сакаме да пазаруваме. Дали тоа е во маалската продавничка или во некој поголем маркет, сите ние редовно ги користиме нашите платежни картички за да пазаруваме.

Помладите генерации знаат да ги искористат предностите на онлајн купувањето. Тие купуваат онлајн преку интернет.

Сакаат убаво да ги прошетаат сите градски трговски центри, но сепак се одлучуваат за купување во интернет продавниците низ Р.Македонија.
Времињата се сменија, па така се сменија и нашите купувачки навики.

Ако сакате да пребарувате низ македонските интернет продавници, почнете од најстарата е-продавница во Р.Македонија.

Тоа е е-продавницата на ЕХ.МК www.ex.mk.

Влезете во светот на ЕХ.МК - Продавница на убави нешта..


Wednesday, March 12, 2014

Се за 199.00 ден.

Конечно добра понуда за сите купувачи што купуваат преку интернет продавниците во Р. Македонија.
Гаџети со многу атрактивна цена.

За повеќе информации и начин на купување кликнете на линкот www.ex.mk
 
Сите производи се уникатни и единствено можат да се купат онлајн во оваа е-продавница.

Не чекајте многу, побрзајте со нарачките, бидејќи количините се ограничени.

Се за нашите е-купувачи..



Tuesday, March 11, 2014

Нова локација на ЕХ.МК

По 5 години престојување на ул.Архимедова бб,  е-продавницата на Ексквизит се релоцира на нова адреса: ул.Партизански одреди бб локал 5 во трговскиот центар Алумина во Карпош 3.

Значи од понеделник




Sunday, March 9, 2014

Фејсбук продавници

Со задоволство ви пишувам дека работите и тоа како се раздвижија во областа на македонската е-трговија.
Се отвораат се повеќе и повеќе нови онлајн продавници.

Најнов тренд е да се продава преку продавница отворена на Фејсбук.

Нашиот македонски народ сака да купува преку огласите кои се појавуваат на Фејсбук, но колку тие огласи се веродостојни.
Не подлегнувајте секогаш на искушението да се купува брзо. Проверете ја добро рекламата и дури потоа купете.

Денес низ македонските Фејсбук профили се појавуваат секакви огласи за продавање. И не ретко тоа се огласи од физички лица кои за купениот производ не издаваат фискална сметка, ниту пак производот  го заменуваат со друг. Истите физички лица не работат од канцеларија, туку од дома и немаат отворено своја е-продавница.

Внимателно со овие огласи..
Значи самиот Фејсбук поддржува онлајн купување со отворање на т.н. Фејсбук продавници кои работат на идентичен начин како било која друга е-продавница.

Не се лажете по ефтиното, зошто тоа може многу скапо да го претплатите и веќе никогаш повеќе да не посакате да купите нешто онлајн.

Купувајте во проверени онлајн продавници со што навистина ќе го почуствувате задоволството од онлајн купувањето.

Правете разлика меѓу обичен профил, кооперативен профил и фан страна.

Внимателно со огласите..



8ми Март 2014

Нашата македонска жена отсекогаш знаела соодветно да го прослави својот празник 8ми Март.

Она што особено не радува како е-трговци е фактот што од неодамна македонската жена се навикна своите 8мо мартовски изненадувања да ги добие лично.
Односно, се повеќе нашите македонски купувачи ги користат предностите купениот производ да се испорача на соодветна адреса, директно на личноста на која подарокот и е наменет.

Само малку да се задржиме на бројките: Испорачавме над 200 букети и продолжуваме со честитање на празникот:)


Среќен 8ми Март од тимот на ЕХ.МК..





Tuesday, March 4, 2014

Прва годишна конференција за Интернет трговија

Конечно во РМакедонија на 01.03.2014 се организираше конференција за интернет трговија.
Настанот наиде на  голем интерес кај е-трговците и имаше добра посетеност.
Како гостин предавач беше поканета и првата македонска е-продавница или попозната како првиот македонски веб шопинг центар Ексквизит.

Се раговараше на теми интересни за е-трговците како што се пречките и поволностите со кои е-трговците секојдневно се соочуваат од секој можен аспект на работење.
Ова беше одлична можност самите е-трговци да се запознаат и да споделуваат свои професионални искуства.

Во очекување на следната конференција..