Сите ние како трговци сакаме секогаш да им излеземе во пресрет на нашите купувачи, но дали тоа секогаш успева да резултира во поголема продажба?
Ако ги прашаме нашите трговци, ќе добиеме позитивен одговор, но со мала доза на резервираност. Купувачот понекогаш знае да биде неодлучен во својата намера да купи некој производ. А продавачот понекогаш знае да претера во својата намера да продаде.
И сега што да се прави?
Ако го погледнеме внимателно нашиот стандарден македонски купувач и ако доволно добро ја познаваме неговата платежна моќ и купувачки навики, ќе заклучиме дека и македонскиот продавач знае убаво да продава но и дека македонскиот купувач не секогаш може да си дозволи да го купи секој производ што ќе го посака.
Ова не води кон следното прашање: Што да се понуди како производ за продажба? Ефтини или скапи производи?
И се разбира секогаш постои опцијата да се плати на рати.
Толку за нашиот македонски продавач.
No comments:
Post a Comment