Тренд е веќе да се има е-продавница.
Поголемите продажни места веќе интензивно работат на отворање на свои е-продавници.
Дали и колку се рекламирани е прашање на нивната маркетинг стратегија.
Но, за секој случај ние ќе ви кажеме каде со сигурност да ги најдете сите е-продавници.
Таа информација обично се собира на посебни веб страни т.н. агрегатори и најважното од се ги има на секоја веб страна на банката која соработува со е-продавницата.
Ние ви препорачуваме да ги посетите веб страниците на банките и во делот за е-трговци да го прегледате списокот на фирми кои имаат активни е-продавници.
Тоа се Халк Банка, Уни Банка, НЛБ Тутунска, Стопанска и Комерцијална Банка. Ова се банки кои подолго време интензивно работат во делот за развој на е-комерц.
Бидете секогаш информирани..
No comments:
Post a Comment