Нема не знам, не можам, не умеам.
Само позитивно размислувајте.
Полека, добро и внимателно проучете го и испитајте Интернет пазарот. На глобалната мрежа (www.) денес ќе најдете секакви информации. Буквално може да дознаете многу, ако не и се за билошто ве интересира.
Интернетот нуди голема база на корисни информации. Доколку сакате да се насочите кон продажба т.е. Интернет продажба или е- продажба, за тоа како тоа го прават останатите е-продавачи во светот може да се информирате од прва рака т.е. со брзо, лесно пребарување низ Интернет пребарувачите.
Земете го google на пример. Напишете : е-продавница и видете што ќе извади Интернет пребарувачот. Направете го истото пребарување, но ограничете се само на територија на Македонија.
Ќе ја видите и нашата е-продавница ЕX.MK термин кој ние најмногу го користиме бидејќи е лесно препознатлив за Интернет корисниците.
Ќе видите листа од податоци и од други постоечки е-продавници во републикава.
Отворете ги нивните веб страници и видете каде може да ги продавате вашите производи или услуги.
На идната ваша е-продажба не гледајте како на инстант продажба.
Дозволете време е-купувачите да ве запознаат, да се привикнат на вас т.е. на вашето позиционирање на Интернет и на Интернет пазарот воопшто.
No comments:
Post a Comment