Search This Blog

Tuesday, April 26, 2011

Продавај на Интернет

Нема не знам, не можам, не умеам.
Само позитивно размислувајте.
Полека, добро и внимателно проучете го и испитајте Интернет пазарот. На глобалната мрежа (www.) денес ќе најдете секакви информации. Буквално може да дознаете многу, ако не и се за билошто ве интересира.
Интернетот нуди голема база на корисни информации. Доколку сакате да се насочите кон продажба т.е. Интернет продажба или е- продажба, за тоа како тоа го прават останатите е-продавачи во светот може да се информирате од прва рака т.е. со брзо, лесно пребарување низ Интернет пребарувачите.
Земете го google на пример. Напишете : е-продавница и видете што ќе извади Интернет пребарувачот. Направете го истото пребарување, но ограничете се само на територија на Македонија.
Ќе ја видите и нашата е-продавница ЕX.MK термин кој ние најмногу го користиме бидејќи е лесно препознатлив за Интернет корисниците.
Ќе видите листа од податоци и од други постоечки е-продавници во републикава.
Отворете ги нивните веб страници и видете каде може да ги продавате вашите производи или услуги.
На идната ваша е-продажба не гледајте како на инстант продажба.
Дозволете време е-купувачите да ве запознаат, да се привикнат на вас т.е. на вашето позиционирање на Интернет и на Интернет пазарот воопшто.

Monday, April 18, 2011

1ва обука за Е-продавница во РМ

Ова е прва обука во РМакедонија од ваков тип: Отвори своја Е-продавница.
Накратко за агендата на обуката.
Обука за отворање на е-продавница
25.03.2011
Потребна ви е подобра продажба?

Ексквизит
во соработка со ПСМ Фондација организира обука на тема "Како со отворање на е-продавница да ја зголемите продажбата", на 16 и 17 април 2011, во период од 10:00 - 17:00ч, во просториите на ПСМ Фондација.

Отворањето на своја е-продавница или ново продажно место на Интернет придонесува кон зголемена продажба, независно дали веќе поседувате продажно место или не.

Дознајте ги сите основни и потребни процедури и сите законски барања и прописи за отворање и успешно водење на своја електронска продавница.



Продажба преку интернет

Продажбата преку интернет отвора нови можности за заработка како дополнителен начин за зголемување на вашата продажба:

   - Анализа и истражување на интернет пазарот во Македонија

   - Вовед во законските процеси и процедури

   - Реалицирање на идејата за е-продавница

   - Запознајте се со психологијата на Интернет продажбата

 
Независно дали веќе поседувате продажно место или пак сакате да ги пласирате вашите производи единствено за Интернет продажба, оваа обука ќе ви помогне успешно да се позиционирате на Интернет пазарот и да ги стекнете основните вештини за управување со е-продавницата.


Цена = 4900 ден (со вклучен ДДВ)

Цената вклучува: кафе паузи, ручек за двата дена и сертификат за следење на обуката.

Пријавете се на info@ex.mk
со име, презиме и контакт телефон или на 3103 663.

Краен рок за пријавување и уплата најдоцна до 14 април 2011.

Бројот на учесници е ограничен на 15, поради задржување на квалитетот на обуката.
 
Преземи инфо и агенда за обуката (PDF).


Поради големиот интерес за посетување на обуката формираме и втора група во мај.

И во Македонија може да заживее е-трговијата.