Search This Blog

Tuesday, March 29, 2011

Продавај на Интернет

Продавај на Интернет, продавај онлајн

Ова посебно се однесува на малите продавнички, кои се многубројни и ете не секогаш се добро познати.
Денес на Интернет се продава апсолутно се. Од моливи, мобилни, компјутери, гардероба, гаџети, аксесорис, шминка, чевли..
Интернетот нуди голема можност, вашите производи да бидат видени од поголем број на потенцијални купувачи, поголема е шансата истите да бидат препорачани и секако продадени.
Сопствениците на помалите продавници и нивниот персонал, не треба да бидат обесхрабрени од појавата на се поголем број на онлајн продавници.
Напротив, следниот чекор што треба да го превземат во успешно водење на нивниот мал бизнис е да се преорентираат кон поголема употреба на Интернетот.
Тоа може да води кон отворање на своја е-продавница, е-рекламирање или пак повеќе онлајн интеракција со идните свои купувачи.

Продавајте на Интернет!




No comments:

Post a Comment