Search This Blog

Tuesday, March 29, 2011

Продавај на Интернет

Продавај на Интернет, продавај онлајн

Ова посебно се однесува на малите продавнички, кои се многубројни и ете не секогаш се добро познати.
Денес на Интернет се продава апсолутно се. Од моливи, мобилни, компјутери, гардероба, гаџети, аксесорис, шминка, чевли..
Интернетот нуди голема можност, вашите производи да бидат видени од поголем број на потенцијални купувачи, поголема е шансата истите да бидат препорачани и секако продадени.
Сопствениците на помалите продавници и нивниот персонал, не треба да бидат обесхрабрени од појавата на се поголем број на онлајн продавници.
Напротив, следниот чекор што треба да го превземат во успешно водење на нивниот мал бизнис е да се преорентираат кон поголема употреба на Интернетот.
Тоа може да води кон отворање на своја е-продавница, е-рекламирање или пак повеќе онлајн интеракција со идните свои купувачи.

Продавајте на Интернет!




Monday, March 28, 2011

Е-Продажба

 Насочете ја вашата продажба на Интернет. Ова е тренд кој полека, претпазливо, но доста сигурно завзема се поголем замав во РМ.
Секако дека ова проширување на продажбата нема да ви донесе инстант профит веднаш, што не значи дека е невозможно.
Постепеното пренасочување кон е-продажба е храбар чекор, добра одлука која бара друг вид на таргет групи, друг начин на рекламирање е-маркетинг, друг вид на социјални медиуми, е-форуми, newsletteri, mailing-листи, мобилност, поголема достапност, побрзо темпо на купо-продажба, друг вид на технологија и алатки, друг тип на менаџирање и водење на работите, друг начин на плаќање и добивање на производите, друг вид на соработници.

Обука : Отвори своја Е-продавница
Потребна ви е подобра продажба?

ПСМ фондација заедно со www.EX.Mk  организира обука : Отвори своја е-продавница, во април во просториите на ПСМ Фондацијата.
За подетални информации превземете го документот: Обука ( www.ex.mk) или по е-меил : info@ex.mk

Како да се заработи во време на ПОПУСТИ?

Што беше тоа ПОПУСТ?

Секој искусен продавач со носталгија се сеќава на старите добри времиња кога ПОПУСТИТЕ беа сезонски, ретки, а за купувачите беа настан кој не се пропушта.
Што се случи?
Денес веќе е секојдневие да се биде опкружен со ПОПУСТИ  за се и сешто.
Ете некако се изгуби магијата да се купува.
Се изгуби старата добра врска меѓу производите и купувачите.
Сега се е веќе толку брзо, инстант- дури премногу лесно да се дојде до производ.
Сега се купува се.
Следува прашањето: Како да се заработи во време на ПОПУСТИ?
Многу лесно. Пренасочете ја вашата продажба на Интернет.
Сега е во тренд да се има Е-ПРОДАВНИЦИ.
Започни со Е-ШОПИНГ..

Saturday, March 26, 2011

Купување по Е-каталози


Уште еден полесен начин достапен за сите е-купувачи. Превземете ги бесплатно каталозите со производи кои се продаваат во е-продавницата на Ексквизит. Погледнете ги, поделете ги на пријатели, препорачајте не.

Кога сакате да нарачате и купувате производи преку каталаог, најдобро е претходно добро да се информирате дали тие производи се уште ги има за продажба, дали цената е променета, дали производот е на попуст.

Во овој случај целосно Ви стоиме на располагање на секое Ваше прашање да одговориме. Најдобро е да се јавите на нашиот тел. број наведен во Контакт или по е-маил на info@ex.mk 

Достапни е-каталози:
Биди е-купувач                                    Апарати за дома                         
Мојата омилена е-продавница              Компјутерска галантерија              Играчки

Friday, March 25, 2011

Биди Е-купувач


 Онлајн купување е Е-купување од дома. Брз, многу комфорен и економичен начин на купување од дома.

Онлајн купувањето е многу едноставно и многу практично.

 Едноставно се приклучувате на Интернет, го пишувате името на онлајн продавницата и бирате производи.
Толку...

 Овој начин на е-купување најмногу кај нас го практикуваат фамилијарни луѓе, луѓе од кариера, луѓе со урбан стил на живот, луѓе кои сакаат да пробаат нови начини на купување ..

Овој нов начин на е-купување не одзема многу време за барање на посакуваните производи, не бара дополнителни трошоци на парични сретства и време.

Е-купувањето е едноставен интерактивен процес на купување помеѓу Вас е-купувачот и помеѓу е-продавачот.

Останува на Вас да станете Е-купувач.

Маскенбал за 1ви април

Во пресрет на 1ви април глобален ден на шегата е-продавницата на Ексквизит Ви предлага весел, шарен и шеговит избор на елегантни маски, кловновски перики...
Клик на www.EX.MK

Нека овој 1ви април Ви биде незаборавен..

Добра забава 

Thursday, March 17, 2011

Обука: Отвори своја Е-продавница

Обука : Отвори своја Е-продавница
ПСМ фондација заедно со www.ex.mk  организира обука : Отвори своја е-продавница, во април во просториите на ПСМ Фондацијата.
Отвори своја Е-продавница 
Како да се отвори своја Е-продавница или да се прошири продажбата со отворање на ново продажно  место на Интернет
  • ·         Вовед во законските процеси и процедури
  • ·         Реализирање на идејата за Е-продавница
  • ·         Одбирање на соодветна веб страна, пополнување на истата
  • ·         Анализа и истражување на интернет пазарот во РМ
  • ·         Бирање на соработници
Обуката е наменета за:
  • ·         Сопственици и менаџери на мали и средни фирми за продажба
  • ·         Ентузијасти кои сакаат да започнат свој сопствен бизнис
Цена: 4900,00 ден. Цената е со вклучен ДДВ.
Бројот на учесници по група е 10-15 лица, заради задржување на квалитетот на обуката.
Краен рок за пријавување и уплата е до 14 Април.

Обуката ќе се одржи на 16-17 април 2011 од 10.00- 17.00 часот.

За повеќе информации контактирајте не на 02/ 3103 663 или на е-меил info@ex.mk

Monday, March 14, 2011

Е-подарување

Одличен начин да се приреди изненадување или да се подари е преку Е-продавница.
Купувачот при овој начин на подарување има двојна придобивка..
Имено на брз, лесен и едноставен начин купувачот одбира

1) подарок и
2) достава до примателот на подарокот.

Убаво е да се нагласи денот, името на лицетот кое го прима подарокот како и часот кога е најсоодветно да се достави подарокот.
Поради природата на функционирање на Е-продавницат, убаво би било доколку телефонски или по е-меил се направи овој вид на порачување неколку дена однапред.

Цената на доставата и на подарокот е иста за нарачателот. Единствено намената е изненадувањето да биде пријатно искуство за лицето кое го прима подарокот.
По желба на нарачателот, вработените во е-продавницата на Ексквизит подготвуваат во сопствен аранжман честитки со текст по ваш избор. Се разбира- бесплатно.

На ваков начин купувачот т.е. нарачателот на подарокот може да нарачува подароци, при тоа добивајќи

1) иста цена за достава
2) иста цена за производ
3) бесплатна честитка

Со тоа што е должен да направи нарачка два-три дена пред нејзиното испорачување.