Search This Blog

Wednesday, April 10, 2013

Колку луѓето читаат newsletter?

За секоја онлајн продавница е битно да се промовира на интернет. За таа намена се повеќе се користи употребата на newsletter.
Самите трговци одредуваат како и кога и на која таргет група ги праќаат своите нови промоции на овој начин.
Кратко, јасно и директно се пласира информацијата до купувачот на многу лесен начин.
Сепак купувачите се тие кои избираат за кој e-newsletter ќе се регистрираат и ќе го добиваат редовно во својата е-пошта.
Постојат интернет алатки со кои се одредува статистички колку се кликани newsletter-ите, односно која информација најмногу донела кликови. На ваков начин лесно се доаѓа до точни податоци кои кажуваат дека нашата интернет популација сака ваков тип на информации, ги чита и ги клика дадените информации.
Останува на самите е-трговци да бидат инвентивни во креирање на своите е-newsletter-и.

Friday, March 15, 2013

Колку купувачите се задоволни од е-продавниците?

Денес е веќе секојдневие да се купува преку Интернет. Странските искуства покажуваат дека луѓето повеќе купуваат преку Интернет отколку од обични продавници. Цените се подостапни, производот е детално објаснет и со опис и со фотографија, нема непотребно чекање пред каса, нема гужва и интеракцијата со е-продавачот е брза и ефикасна.
Тоа е ситуацијата со интернет продавниците во светот. Но дали е тоа така и кај нас?
Се отворија многу нови е-продавници, се развива е-трговијата и кај нас. Луѓето се повеќе се одлучуваат на ваков начин на купување, кој им нуди поголем избор, подостапни цени и брза испорака до дома. Веќе ја нема онаа недоверба кон интернет продавниците, како порано. За тоа се најзаслужни самите е-трговци кои нудат свој избор на производи, свој начин на достава, голем број на попусти и друг начин на услуга кон купувачите.
Нема анализа во државава, која би дала повеќе информации околу тоа дали и во колкава мера купувачите се задоволни од интернет продавниците кај нас.
Од нашето искуство може да кажеме дека станува збор за секојдневно купување, со таа разлика што комуникацијата со купувачите се одвива по електронски пат и преку телефон. Не ретки се случаите кога има и директен начин на продажба. Купувачите сакаат комуникација со е-трговците, сакаат навремена и брза испорака и сакаат тоа што ќе видат и да го добијат. И повторно ќе кажеме дека задоволниот е-купувач повторно се враќа да купува од истата е-продавница, откако веќе еднаш го направил тоа.

Monday, March 4, 2013

Резервации

Сите ние посакуваме да бидеме пријатно изненадени со некој мал убаво спакуван подарок.
Тимот на ЕХ.МК редовно подготвува убаво спакувани подароци и редовно нуди голем избор на производи.
Она што може вие како е-купувачи да го направите е да одберете подарок и за истиот да направите резервација.
Ова може да го направите благовремено во рамки на некој претстоечки празник  како што е тоа на пример 8ми Март, Нова Година и сл. кога станува збор за сезонско и масовно купување.
Со тоа што ќе направите резервација сте осигурани дека производите ги има на залиха и дека навремено ќе ги добиете вие или лицето за кого истите се наменети.
Се случува производите неконтролирано да се купуваат предвреме и вие би требало да се задоволите со некоја нивна соодветна замена.
За да се избегне ова најдобро би било да направите резервација.
Овој начин на резервирање е честа пракса на е-купувачите на ЕХ.МК.
Задоволството е обострано.
Е-купувачот е задоволен со купениот и навреме испорачан производ или подарок, а е-продавачот е задоволен што може навремено да му излезе во пресрет на е-купувачот.





Friday, March 1, 2013

Подароци за неа и за него

Има ли нешто поубаво од тоа да се добие подарок.
Или пак да се подарува.
ЕХ.МК има одбрано производи за подарок наменети за машката и женската популација.
Во категоријата подароци има подкатегорија За неа и За него, како и Деловни подароци.
Овој дел од подароци постојано се освежува, се додаваат нови производи, односно постојано се збогатува и зголемува.
Изборот го прави тимот на ЕХ.МК, во согласност со најновите трендови ширум светот.
Статистиката покажува дека просечниот македонски е-купувач најмногу сака да подарува свежо цвеќе, балони и гаџети, како и готови сетови од подароци.
Најчести пригоди за подарување се празниците, но и лични пригоди вредни за спомен.
Се почесто се прават онлајн нарачки каде подарокот се испорачува со лична порака до лицето на кое е наменет подарокот.
Воодушевувањето и изненадувањето е она на кое се потајно се надева лицето кое подарува, а тоа и најчесто го добива.
За еден подарок убаво да се испорача се грижи тимот на ЕХ.МК.
Подарувајте со стил.


Tuesday, February 26, 2013

Бидете подготвени за 8ми Март

Бидете подготвени за 8ми Март денот на жената. Дозволете си малку од вашето слободно време и разгледајте ја нашата осмомартовска понуда.
Има за секого по нешто.
Изборот е навистина богат, а цените се пристапни за сечии џеб.
Бидете подготвени за овој голем празник, резервирајте со време.
Изненадете ја саканата женска личност, без разлика на тоа дали е тоа пријателка, мајка, девојка или колешка од работа.
Се што треба да направите е да кликнете на линкот www.ex.mk и да го одберете вашиот подарок.
Уживајте!


Thursday, February 21, 2013

Што се купува најмногу преку Интернет кај нас?

Нашите е-продавници се со полни излози, но што е она што навистина се продава кај нас?
Дали се тоа производи кои се најмногу рекламирани или пак станува збор за нешто друго?

Ретки се е-трговците кои би ви откриле што најмногу се продава кај нив. Ова се случува поради страв од нелојална конкуренција, што би се рекло конкуренцијата не смее да дознае.

Она по што Ексквизит е познат е по транспарентноста. Па така и овој пат ќе му излеземе во пресрет на нашиот е-купувач да дознае што купуваат останатите македонци преку Интернет.

Звучи неверојатно, но нашиот македонец сака да купува и подарува свежо цвеќе. Сака да си ја поднови кујната со многу практични апарати и прибори за домаќинство, сака да чита бестселери, сака да биде во тренд со најновите технолошки достигнувања, сака да работи со практичен канцелариски материјал, сака забава, сака да биде негуван и здрав, сака подароци, сака практични производи, сака буквално се од понуденото.

Сака пред се голем и квалитетен избор на производи.

Нарачува буквално од се по нешто. Нешто за себе, нешто за своите најблиски.






Интернет безбедност при Интернет купување

Многу луѓе знаат да кажат купувањето преку Интернет не е безбедно. А дали е тоа така?

Она што многумина не го знаат е дека напротив Интернет купувањето е многу безбедно и сите случаи на украдени кредитни картички и нивна злоупотреба веднаш се откриваат.

Како всушност се купува преку Интернет?

Откако ќе се регистрирате на веб страницата на е-продавницата вие всушност правите Интернет купување. По одбирање на саканите производи вие одите кон последниот и најбитниот чекор на е-плаќање.

Што се случува сега?

Се отвора нов прозор на екранот во кој ги внесувате податоците од вашата кредитна картичка. Овој прозор е прозорот на процесинг центарот кој всушност ја пренасочува трансакцијата од неговата веб страна до банката која ви ја дала кредитната картичка. Овој процесинг центар ги поседува сите можни валидни сертификати за правење и проследување на една е-трансакција.

Имено вие кога купувате во маркет со кредитна картичка вашата трансакција ја проследува на сличен начин истиот процесинг центар. Ако купувате безбедно преку пост терминал, не гледаме зошто Интернет плаќањето би ви задавало непотребни грижи.

Вака направената трансакција не се прави на веб страната на е-продавницата со што и самиот е-трговец се заштитува од несакани последици за својот бизнис.

Значи во никој случај е-продавачот во ниту еден момент не ги гледа податоците од вашата кредитна картичка. Целата трансакција се одвива преку процесинг центар и вашата банка.

Затоа бидете безгрижни во однос на е-купувањето.

Купувајте без предрасуди.

А како ова го објаснуваат професионалци од е-трговијата кај нас?

Кликни на линкот Безбедно плаќање