Search This Blog

Friday, November 21, 2014

Време на празници

Најубав период на секој купувач е периодот на празници. Тогаш сите се позитивно растрчани по прекрасно уредените продавници и шопинг центри.

И продажбата е тогаш најголема.

Нашите македонски купувачи кога пазаруваат најмногу купуваат вино и мали, прикладни подароци.
Она што најмногу ги интересира онлајн продавниците е колку се практикува онлајн пазарењето.

Кога станува збор за празник било да е верски или колективен, онлајн продавниците се на второто место на купување. Прво се шетаат трговските центри или така наречени класични, физички продавници, па потоа се прелистуваат македонските онлајн продавници.

Дали и Вие го правите истото?

www.exquisite.mk

Thursday, November 6, 2014

Деликатесни корпи

Најново во нашите онлајн продавници се дефинитивно деликатесните корпи.
Овие корпи се продаваат само во ЕХ.МК и Pratipodarok.com.

Идејата ни беше да му се понуди на македонскиот купувач нешто ново, деликатесно и префинето.

Интересот е голем, а за тоа сведочат и другите онлајн продавници кои веќе не копираат и одат во оваа насока на продавање на деликатесни корпи.

Но да не должиме многу. Кликнете на линковите погоре и видете и самите..
Изненадете се пријатно..

Wednesday, November 5, 2014

Е-продавници - Facebook продавници

За сите нас кои голем дел од денот поминуваат на некои од социјалните мрежи, е многу интересно кога ќе наидеме на некој убав и примамлив оглас од некоја продавница.
Доста интересен за разгледување е феноменот на отворање на т.н. Facebook продавници.
Овие македонски ФБ продавници функционираат на принцип - нарачка во инбокс.

Тие што знаат како се купува онлајн, знаат често да искоментираат негативно на овие нови тренд продавници.
Искуствата се делат, некои се позитивни, но повеќето за жал остануваат без својата нарачка.
И ова е дел од развојот на е-трговијата во Р.Македонија.
Се учиме на секојдневните искуства.

Затоа, за да немате проблем во иднина, и да не се создава негативна мисла околу онлајн купувањето кај нас, бидете внимателни и купувајте во проверени и легални онлајн продавници.

И уживајте во онлајн купувањето..


Friday, October 17, 2014

Е-Продавници и законот за финансиска дисциплина

Како што знаете летово се усвои закон за финансиска дисциплина, по која секоја фирма е должна во најбрз можен рок да си ги подмири неплатените сметки кон своите комитенти.

Но, како ова се одразува кон работата на нашите Е-Продавници?

Банките со кои работат онлајн продавниците ги префрлаат уплатите од извршените трансакции истиот ден или секој втор ден. Зависи од банка до банка.

Комитентите кога ја продаваат својата роба почнаа да бараат авансно плаќање, што ги доведува во загуба онлајн продавниците. Треба да се купат производи , кои можеби никогаш нема да се продадат.

Сите бизнис фирми се жалат на овој начин на дисциплинирање. Сите или повеќето од фирмите се незадоволни. Бизнис релациите почнаа да се кршат, се создава негативна атмосфера во сите бизнис кругови.

Останува да се види каде ќе не однесе оваа дисциплина..


Tuesday, September 16, 2014

Купувачко задоволство

Колку македонскиот онлајн купувач е задоволен од својата онлајн продавница?

Конечно и кај нас заживеа онлајн трговијата. И тоа е одлично.
Е-продавници има многу. Производи има многу. Купувачи има многу.

Единствен репер за тоа колку е-купувачите се задоволни со својот избор на е-продавници, е колку често истите тие е-купувачи купуваат по втор или трет пат во истите тие е-продавници.

Размената на купувачки искуства можете да ги прочитате по форуми и по македонските интернет страници. Исто така можете да напишете какви се вашите искуства со македонските онлајн продавници.

Досега искуствата се позитивни од официјалните интернет продавници, а негативни од приватните е-фејсбук продавници.

Сепак е добро да се биде внимателен од каде се купува..





Wednesday, June 18, 2014

Конечно Пеј Пал во Македонија

Она што се врти по социјалните мрежи овие денови е веста дека Пеј Пал конечно може да го користи и македонскиот купувач.

Кој е бенефитот од ова?

Со ова им се олеснува на нашите граѓани полесно и побрзо да купуваат од странските е-продавници.

И е-трговците ќе можат конечно да го имплементираат овој платежен системво своите е-продавници.

На ваков начин се претпоставува дека е-трговијата ќе заживее и кај нас.
Затоа не чекајте. Отворете си своја Пеј Пал сметка и започнете со е-купување.

И не само по странските е-продавници туку и кај домашните.


Thursday, June 12, 2014

Летни трендови

Покрај фудбалската треска, најинтересен е шопингот. Барем што се однесува за понежниот пол.
Сте биле во брзо време во Скопје Сити Мол?

Има многу убави парчиња на облека за многу пристапна цена. И на чевли. И на модни додатоци.

Има за секого по нешто убаво..
Поминете, прошетајте се и со нешто подновете се.

Пријатен класичен шопинг.

А ако сте за онлајн шопинг, тука е www.ex.mk