Search This Blog

Monday, December 23, 2013

Анализа на анкетата за е-купување во РМ


--> --> -->
1. Пол:

машки : 33,3 %
женски : 66,67%



2. Дали сте запознаени како може да купувате преку интернет?

да : 88,89 %
не : 11,11%

3. Дали мислите дека електронскиот начин на купување е доволно промовиран во Македонија?

да : 11,11 %
не : 33,33 %
минимално : 55,56 %

4. Дали поседувате платежна (кредитна/дебитна) картичка?

да : 77,78 %
не: 22,22 %

5. Дали вашата картичка има можност за плаѓање преку интернет?

да : 55,56 %
не : 11,11 %
не знам : 33,33 %

6. Дали мислите дека ваквиот начин на купување е безбеден?

да : 55,56 %
не : 11,11 %
не знам : 33,33 %

7. Дали некогаш сте купувале од македонска електронска продавница?

да : 11,11 %
не : 33,33 %
не, но би сакал/а : 55,56 %

8. Ако не,кои се причините за тоа? (Одговараат само оние кои одговориле негативно на претходното прашање)

не е безбедно : 25,00 %
не поседувам платежна картичка : 12,50 %
нема доволен избор на производи : 37,50 %
не познавам таква веб страна : 12,50 %
не знам како : 12,50 %

9. Што најмногу би ве натерало да купите производ од македонска електронска продавница?

попуст : 22,22 %
наградна игра : 11,11 %
подарок : 0,0 %
бесплатна достава : 66,67 %

10.

Магла и онлајн шопинг

Какво ли време не очекува пред дочекот на Нова Година?
Надвор деновиве е многу магловито, многу студено и многу депресивно.
Најубаво е да се седи по дома и ужива во некоја добра телевизиска серија или пак да се допишуваме по социјалните мрежи.
А новогодишни подароци мора да се купат.
Затоа е одлично да се започне со прегледување на она што се нуди по македонските онлајн продавници.
Побрзајте, бидејќи количините се многу ограничени.
Удобно сместете се пред вашиот компјутер и започнете со онлајн шопинг.
Доколку ви е потребен проверен веб сајт кликнете на www.ex.mk  и www.pratipodarok.com и уживајте во шопингот.

Се за нашите е-купувачи.


Го направивте ли новогодишниот шопинг

Каде за Нова Година, како да се облечам, што да подарам?
Ова се најчестите прашања деновиве низ нашиот драг град.
Иако до Нова Година има уште малку време, за да ја намалите тензијата пробајте оваа година убаво да се организирате.
Пробајте новогодишниот шопинг да го завршите на време.
Пробајте тоа да го направите со некоја онлајн продавница.
Пробајте да купите нешто ново и нарачајте си достава до дома.
Избегнете ги густите магли, големата предновогодишна гужва по улиците и долките колони на ред во шопинг центрите...

Бидете практични, купувајте од дома.
И уште нешто!
Пробајте да си резервирате производи, бидејќи залихите на производи за време на новогодишните празници брзо се трошат.

Побрзајте!


Каде се е-продавниците

Тренд е веќе да се има е-продавница.
Поголемите продажни места веќе интензивно работат на отворање на свои е-продавници.
Дали и колку се рекламирани е прашање на нивната маркетинг стратегија.
Но, за секој случај ние ќе ви кажеме каде со сигурност да ги најдете сите е-продавници.
Таа информација обично се собира на посебни веб страни т.н. агрегатори и најважното од се ги има на секоја веб страна на банката која соработува со е-продавницата.
Ние ви препорачуваме да ги посетите веб страниците на банките и во делот за е-трговци да го прегледате списокот на фирми кои имаат активни е-продавници.
Тоа се Халк Банка, Уни Банка, НЛБ Тутунска, Стопанска и Комерцијална Банка. Ова се банки кои подолго време интензивно работат во делот за развој на е-комерц.

Бидете секогаш информирани..


Sunday, December 22, 2013

Каде се е-купувачите

Сите сакаме убави, практични и ефтини производи. И повеќе не сакаме да се гужваме по секоја продавничка низ градов.
Сите ние сакаме да купуваме брзо, ефтино и квалитетно.
Но, понекогаш тоа ни одзема и премногу време.

Затоа е најдобро прво да се проверат понудите и промоциите на е-продавниците. Тоа не одзема премногу време, а може да биде и многу забавно.
Денес најголем приоритет на секоја продавница е да ги насочи купувачите кон интернет купување.
Да им се укаже на купувачите на предноста на онлајн купувањето во нивната онлајн продавница.
А е-продавници има многу.

Затоа препорачуваме повеќе интерактивен онлајн маркетинг за сите е-трговци.
Бидете почесто присутни на социјалните мрежи, и почесто рекламирајте ги вашите услуги онлајн.
И купувачите ќе ве пронајдат сами.

Проверено..