Search This Blog

Wednesday, April 14, 2010

Месец на EX.MK Оnline промоција

Оnline промоција на ЕX.MK

Избери-Порачај-Добиј

Моментално поставени се следните производи на категории:

За Вашите најмали, Онлајн цвеќарница, накит дизајниран од Ексквизит, Сауни за домашна употреба, Еколошки производи за домот и во категоријата на случајни производи се менуваат производите за слабеење.

За секого по нешто.

Ајде малку на window shopping:)

Tuesday, April 13, 2010

Месец на EX.MK


По повод константно интензивно едногодишно работење на полето на е-трговијата, тимот на Ексквизит прави своја промоција ‘‘ Месец на EX.MK ‘‘.

Мало освежување на е-пазарот. Секојдневни промоции на производи. Најпродавани и најбарани производи, информации поврзани со испораката, начинот на плаќање и комуникација.

Веќе од 14.04.2010 -14.05.2010.

Saturday, April 10, 2010

Тренди статистички бројчиња :)

Колку македонскиот граѓанин им верува на бројките. Сите знаеме да броиме, нели?

Нешто многу чудно се случува со бројчињата на статистики на веб страниците ,ТВ посетеноста на гледаност, со посетеноста а и правење на музичките и филмските топ листи, и ѕвезди од холивудски калибар.
Животот е филм..

Учиме да правиме трендови-брендови и како уште ли не се вика оваа појава. Па сакаме да правиме пари од маркетинг преку посетеност на нашите веб страници, многу европски. Е па ништо од бизнисот.

Сепак ‘‘парите го вртат светот‘‘ и ‘‘оние кој се на врвот од пирамидата‘‘ (светот).
Овие моменти на реалност се случајни. Се може лесно да се наштима и да се фати.

Еве еден обичен, реален пример од секојдневното комуницирање на фејсбук: многумина имаат проблем со објавување на своите постови до пријателите, или пак истите се редовно бришени (дали пазиме некого?) и како врв на се има и група али за фанови: кој го гледа твојот фб профил. А кој е инжињерот/администраторот на македонскиот фејсбук?

Мистерија...

Најверојатно за овие случувања сите ќе добиеме едно соопштение: ФБ бил бесплатен. ОК, има други начини за бесплатна онлајн комуникација..
Комуникацијата човек на човек кога ќе си каже збор два- е се уште бесплатна?
Дали и за овој тренд плати за да збориш има напишани информации.?



Тренди Скопје 2010

Се се врти се се менува, па така и рејтингот на нашиот град рипна на прво место. Сосем случајно и одненадеж. Ова е посебно се забележа 2009:) Смешки.

Една среќна вест денес сите знаат дека Скопје е главниот град на Република Македонија. И дека официјален јазик (јазик под број 1) е македонскиот.

Па оддеднаш се случи и парадоксот: зборувај македонски да те разбере цел свет и подалеку. Не ми се веруваше. Ама добро, има теми за муабет и смеење.

Се нешто вакво се случува во нашиот град. И после оп се појави проектот ‘‘ Скопје 2012‘‘. Просто неверојатно. Куп архитекти работат на случајот, од каде баш вакви уметнички дела за во центарот на Скопје.

И Скопје веќе не се вика главен град, туку Метропола. Тренди, нема што.

Friday, April 9, 2010

Трендсетери

Ова е на запад е доведено до степен на кич, границата меѓу убавото и практичното одамна е премината.

И Скопје има свои трендсетери. Мора да ве разочарам, тоа не се луѓе кои се опседнати со модата и не се модни наркозависници. Тоа се обични луѓе со препознатлив и индивидуален стил на живот. А како прв знак на нивно препознавање е дефинитивно гардеробата или модните додатоци. Па потоа следи која кола се вози, каде се работи, колку се заработува, што си по професија, каде одиш на одмор, шопинг итн.

Вака ако се гледа на работите веќе се преминува во модни стилови, али тоа ќе го го оставам на професионалците да ви го објаснат ‘‘модно трендсетерствo‘‘

Ова е нешто ново кај нас, и мора да се каже дека посебно сега навистина да се биде дел од модната индустрија во РМ е доста интересно.

Веќе сега секаде се присутни: Fashion TV, Play TV, Skopje Fashion week.. Не знам како им оди продажбата во странство на нашите модни креатори, али манекенките вака-така некако се пробија на модната писта (барем ако јас се прашувам, овие 2-3 години..)

Статуата на шмизлата поставена во центарот на нашиот град, не претставува и на никаков начин нека не ве асоцира на трендсетерство. Таков бил проектот ...

Да се биде трендсетер не мора да значи дека ви требаат многу пари. Со малку креативност, комбинирање на облеката и добар совет за нега - за месец, два може самите да си изградите свој сопствен стил. Доколку тој стил им се допаѓа на многумина и радо ‘‘скришно‘‘ ве копираат- тоа гледано од аспект на мода е воспоставување на нов моден тренд во градот каде што живеете- по свој стил.

За оние што добро знаат како функционира ширењето на трендови, нека не ми замерат сега:) Ќе напишам само една работа:
Архитектурата на местото, градот, во кој живеете или претстојувате многу придонесува за правење на трендови. Али тоа се мали тајни на големите мајстори.

Thursday, April 8, 2010

Сезона на матурски забави


Април е месец за сите неопходни подготовки околу тоа каде ќе се оди за матурската забава, со кого, како ќе бидете дотерани, каква музика ќе се слуша, и неизбежното што потоа...

Ова се најубавите години на секој млад човек. Време кога се прави првиот сериозен избор: што ќе бидам утре..

Навистина изборот за работа, професија е прилично голем. За сечиј вкус, желби и амбиции.
Затоа нека оваа сезона за матурски забави, им ја разубавиме на младите.

Скопје не нуди голем избор кога станува збор за т.н. лепршава, разнобојна и пред се соодветна гардероба прилагодена и адаптирана за ваков тип на забава. Не дозволувајте изборот на гардероба да ви го наруши посакуваниот настап на забавата. Има време, и да прошетате по странство или да си нарачате гардероба по свој вкус, желба и финансии.

Како една олеснителна околност, сепак ова е 21 век, на интернет постојат милиони е-продавници со секаков избор за гардероба. Доколку почнете со време да барате, може и да фатите некој добар попуст и еве да речеме фустанче од 1000,00 евра брендирано да го купите за 20 евра.

Идат нови деца, да им посакаме се најубаво и со лесно да го направат животниот избор.


За забава

Понекогаш добро е човек да се одмори и малку да подзаборави на секодневните обврски.

Во зависност од годините измислена е и забава за сите генерации, по старосни групи, се разбира.

Ако подолго време работите и не сте во можност да бидете секаде присутни низ настаните во Скопје , не очајувајте- ништо не сте пропуштиле. Еден 24/7 викенд по тренди местата во Скопје и верувајте ќе видете апдејтувани со сите нови трачеви, настани, ќе дознате и видите од прва рака се што треба и не треба.

Навистина е интересно да се види како работите се исти од пред 3-4 години, само лицата и имињата се променети :). Ова е за луѓето кои го живеат животот со полна плуќа, му се радуваат на секој нов ден, а дури и птиците му пеат кога покрај нив ќе прошета. Супер е да се биде жител на Скопје РМ, уште само повеќе финансиски да закрепнеме.

За останатите кое се заглавени во еден моментум само мотото: ‘‘Човек се учи додека е жив‘‘...

И нормално, оваа информација ништо не значи доколку не ви дадам конкретен линк каде може и самите да увидите дека места за излегување има, културни манифестации за сечии вкус, некои од нив се бесплатни, додека некои чинат навистина многу www.sk.com.mk

Има време за се...