Search This Blog

Wednesday, January 8, 2014

Што по новогодишните празници

И покрај тоа што ние македонците малку подолго прославувавме Нова Година и Божиќ, во деновиве што следат ни преостануваат уште неколку религиозни празници.
Ова е дефинитивно најубавиот период на сезонски празници.
Електронските продавници и покрај тоа што работат 24 часа/7 дена во неделата направија мала пауза во работењето.
Да и тоа е можно.
Ова беше одлична можност малку да се подзастане во работењето и да се земе здив.
Кој работи е-трговија, знае дека нашите македонски купувачи се повеќе се ориентираат кон е-купување, па согласно на ова и овој период продажбата бележеше пораст.
Она што најмногу се купуваше се новогодишните пакетчиња , играчките за деца и деликатесните корпи.
Верувајте сите се задоволни. И купувачите и продавачите.

Уживајте во онлајн купувањето!

Friday, January 3, 2014

Let me wish you Happy New Year !



This is a Macedonian e-commerce blog written by Exquisite the first Macedonian online store. 
You can easily translate the posts with Google translate if you are interested in Macedonian way of running e-business.

Have fun ..Couse we do every day.


Како се празнуваат празниците кај нас

Сите ние сакаме празници. Било тоа да се државни, верски или глобални празници, луѓето сакаат да празнуваат.
Она што е најзабавно е да се биде со најдрагите, да се забавува, и тоа да се сподели на социјалните мрежи.
Оваа Нова Година ќе биде запаметена по скоро завршениот проект Скопје 2014 и секако по рецесијата.
Но, ни тоа не успеа да го уништи празничниот дух кој деновиве преовладува кај сите нас. Светот слави..
Среќна Нова 2014 и Среќен Божиќ.

Нека овие празници ви бидат најубави.


Saturday, December 28, 2013

Една поинаква редица на чекање

Нормално е да се чека во ред на каса, во ред на шалтер, но дали е тоа така кога треба да се купи нешто онлајн.

Погодете што - НЕ.

Овде има еден поинаков ред на чекање.

Вие само треба да си го одберете она што сакате да го купите и без ред на чекање тоа веднаш да си го платите.
Едноставно, молневито брзо и лесно.

Вие само ќе треба да почекате неколку часа додека производот не ви пристигне на домашна адреса.
Сте ја пробале ли оваа редица на чекање?

Уживајте со најблиските додека вашите производи не ви пристигнат.

Е-Купувањето е задоволство, зарем не?





Thursday, December 26, 2013

Достава до дома

Она што е најдобро кај онлајн купувањето е што производите се испорачуваат до дома, на домашна адреса.
Оние кои пробале да купуваат онлајн пријатно се изненадени од начинот на кој ги добиваат своите нарачани производи.
Имено за само мала надокнада е-купувачите добиваат 100 % квалитетна услуга.
Нема потреба од брзање низ сообраќајот и непотребни купувачки нервози.
Задоволството е загарантирано.

Доставата на производите се одвива на целата територија на РМакедонија, вклучувајќи ги и поодалечените населени места. Нарачајте од едно за друго место. За Скопје доставата е во рок од 24 часа, додека за градовите низ РМакедонија е во рок од 48 часа.

Повеќе информации: www.exquisite.mk


Неверојатна продажба

Новогодишните подароци и новогодишните пакетчиња се сезонски производи кои нашиот македонски народ редовно ги купува.

Едноставно мора да се купи новогодишно пакетче.
Оваа наша традиција да купуваме ваков подарок за Нова Година е многу исплатлива инвестиција.

Ексквизит како е-продавница оваа наша шопинг навика ја преточи во едно ново уживање и нов начин на купување на нешто одамна познато. А тоа е  е-купување на новогодишното пакетче.

Она што Ексквизит понуди е нестандарден производ малку редизајниран и согласно на тоа резултатите се поголеми од очекуваните.

Нашите е-купувачи за оваа година одбраа е-шопинг!

Имате уште малку време..

А количините скоро и да ги снема..



Tuesday, December 24, 2013

Потребна ли ни е Е-кампања

Пред 5 години кога го започнувавме нашиот е-бизнис, повеќе од се ни беше потребна е-кампања за подигнување на свеста за предностите на е-купување.
Но, дали е сега така?

Повеќе кампањи од ваков тип не ни се потребни. Купувачите полека, полека се пренасочија кон интернет купување.

За овие 5 години, се отворија повеќе од 100 нови е-продавници со тренд ова да продолжи.
Изборот е навистина голем.

Нашиот народ поинтензивно користи платежни картици за е-купување.
Во почетокот плаќањето се одвиваше со плаќање во готово, но сега веќе работите се изменија.

Кеш или картица, одберете сами..