Search This Blog

Friday, July 3, 2015

Производи, производи

Летото е период кога повеќе од се имаме слободно време за себе, за пријателите, за семејството.

Тоа е период кога сме решени да го реновираме нашиот животен простор, да се подновиме со нешто убаво и се разбира да одиме на заслужениот летен одмор.

Она што е најубаво е дека имаме повеќе време за купување по нашите нови, големи трговски центри.

Само за потсетување сега е сезона на попусти, сезона на распродажби и сезона за успешно купени производи по супер, летна цена.

И секако тука се светските онлајн продавници каде може да се купат безброј различни и функционални производи. Тука се и нашите онлајн продавници каде може да направите некоја добра зделка.

Прошетајте и купувајте онлајн :)


Летен попуст

Има едно место на кое можете да пазарувате во секое време. Каде? На интернет во некоја е-продавница. А ги има многу.

Место каде можете во секое време да најдете добра зделка, попуст или туристичко патување.

За среќа кај нас во РМакедонија се повеќе се користат онлајн услугите на македонските е-продавници. Е-трговците се задоволни од онлајн продажбата, посебно за викенди кога нашиот македонски е-купувач сака квалитетно да го искористи своето слободно време со најблиските.

Сега е време на летните попусти кога може да се најде добра, квалитетна роба за пола цена . Овој тренд го следат и онлајн продавниците, па така убаво е да се посетат на интернет.

Во нашата е-продавница www.ex.mk е време на попусти за мебел.

Кликнете и одберете за Вас нешто убаво.

Ве очекуваме..



Thursday, July 2, 2015

Онлајн туристички агенции

Дали се подготвувате за летните одмори? Да отпатувате некаде на некое фино, егзотично место со многу сонце и песочни плажи..

Да се препуштите на мирисот на морското синило и да пробате нешто ново и несекојдневно.
Имате безброј опции за избор на место за одмор.

Прашањето е дали тоа патување го купувате онлајн, преку користење на интернет.

Доколку сеуште не се осмелувате да го направите тоа онлајн, на избор ви се многу класични туристички агенции.

Но, сепак пробајте и пријатно изненадете се себе си и своите најблиски.

Проверете ги искуствата на оние кои подолго време ги користат услугите и предностите на онлајн туристичките агенции и осмелете се..
Нема да зажалите.

И.. Имајте убав одмор каде и да одите..