Search This Blog

Friday, October 17, 2014

Е-Продавници и законот за финансиска дисциплина

Како што знаете летово се усвои закон за финансиска дисциплина, по која секоја фирма е должна во најбрз можен рок да си ги подмири неплатените сметки кон своите комитенти.

Но, како ова се одразува кон работата на нашите Е-Продавници?

Банките со кои работат онлајн продавниците ги префрлаат уплатите од извршените трансакции истиот ден или секој втор ден. Зависи од банка до банка.

Комитентите кога ја продаваат својата роба почнаа да бараат авансно плаќање, што ги доведува во загуба онлајн продавниците. Треба да се купат производи , кои можеби никогаш нема да се продадат.

Сите бизнис фирми се жалат на овој начин на дисциплинирање. Сите или повеќето од фирмите се незадоволни. Бизнис релациите почнаа да се кршат, се создава негативна атмосфера во сите бизнис кругови.

Останува да се види каде ќе не однесе оваа дисциплина..