Колку македонскиот онлајн купувач е задоволен од својата онлајн продавница?
Конечно и кај нас заживеа онлајн трговијата. И тоа е одлично.
Е-продавници има многу. Производи има многу. Купувачи има многу.
Единствен репер за тоа колку е-купувачите се задоволни со својот избор на е-продавници, е колку често истите тие е-купувачи купуваат по втор или трет пат во истите тие е-продавници.
Размената на купувачки искуства можете да ги прочитате по форуми и по македонските интернет страници. Исто така можете да напишете какви се вашите искуства со македонските онлајн продавници.
Досега искуствата се позитивни од официјалните интернет продавници, а негативни од приватните е-фејсбук продавници.
Сепак е добро да се биде внимателен од каде се купува..