Search This Blog

Wednesday, June 18, 2014

Конечно Пеј Пал во Македонија

Она што се врти по социјалните мрежи овие денови е веста дека Пеј Пал конечно може да го користи и македонскиот купувач.

Кој е бенефитот од ова?

Со ова им се олеснува на нашите граѓани полесно и побрзо да купуваат од странските е-продавници.

И е-трговците ќе можат конечно да го имплементираат овој платежен системво своите е-продавници.

На ваков начин се претпоставува дека е-трговијата ќе заживее и кај нас.
Затоа не чекајте. Отворете си своја Пеј Пал сметка и започнете со е-купување.

И не само по странските е-продавници туку и кај домашните.


Thursday, June 12, 2014

Летни трендови

Покрај фудбалската треска, најинтересен е шопингот. Барем што се однесува за понежниот пол.
Сте биле во брзо време во Скопје Сити Мол?

Има многу убави парчиња на облека за многу пристапна цена. И на чевли. И на модни додатоци.

Има за секого по нешто убаво..
Поминете, прошетајте се и со нешто подновете се.

Пријатен класичен шопинг.

А ако сте за онлајн шопинг, тука е www.ex.mk

 

Wednesday, June 11, 2014

Време е за реновирање на домот

Летото е одличен период кога сакаме да го реновираме нашиот дом. Се започнува со кречење на ѕидовите, декорирање на собите, преуредување на станот.

Само како информација доколку сакате да го подновите вашиот стан со нов мебел, најдобро е убаво да се информирате и пред се да знаете што сакате.

Убав, практичен и современ дизајн на мебел може од сега да се купи и преку интернет.
Проверете овде www.ex.mk 

Цените се доста примамливи, а повеќето од парчињата мебел се на попуст.

Па зошто да не си дозволите едно убаво уредување по дома..
Повелете..


Како се одвива е-продажбата за време на летните одмори?

Нашите купувачи покрај производите од летната програма, најмногу купуваат работи за реновирање на својот дом и канцеларија. Се купуваат кади, комоди, кујни, косилки за трева, градинарски реквизити итн.

Летото е период кога купувачите најчесто ги избегнуваат летните горештини и се повеќе се одлучуваат да купуваат од дома или од својата канцеларија.

Купувачките навики на нашиот македонски купувач укажуваат на фактот дека повеќе се троши на аранжмани за летување отколку на класично купување.

И тоа е сосема нормално и карактеристично за нашиот македонски купувач.
Испорака до дома во летниот период е нешто што секој купувач знае многу добро да го искористи.

Затоа, одберете нешто од летната програма и уживајте во летото..



Како македонските е-продавници се пробиваат на е-пазарот?

Најчесто македонските е-продавници го користат интернет просторот за свои маркетиншки цели.

Тоа најчесто се социјалните мрежи Facebook, Twitter, Pinterest, Instagram, YouTube и слични на овие. Посетителите на овие социјални мрежи покрај тоа што се социјализираат сакаат и да купуваат. Тоа е факт.

Затоа скоро секоја е-продавница има отворено барем еден свој профил на една од наведените социјални мрежи.

Тие тука ги информираат своите купувачи за сите новитети, промоци и услуги.
Како пример еве ви две е-продавници : https://www.facebook.com/exquisite.mk?ref_type=bookmark   и https://www.facebook.com/pratipodarok?ref_type=bookmark

Најбрзо, најлесно до сите информации за понуди, производи, услуги и промоции.

Не чекајте некој да ви каже, проверете самите.
И уживајте во е-купувањето...






Tuesday, June 10, 2014

Како се купува во Скопје во лето?

Ние како македонци многу сакаме да шетаме по продавници, пазари и трговски центри. Но, кога ќе дојде зима или лето, тогаш најчесто се одлучуваме да купуваме преку интернет.

Сега кога наидуваат летните горештини, а сакаме убаво да се подготвиме за летниот одмор, се прашуваме како да пазаруваме по вакво време.

Најдобро е тоа да го направите од дома, користејќи ги услугите на македонските е-продавници.

Изборот на производи во е-продавниците е навистина голем, богат и пред се е во знакот на летото. 

Уживајте во летните задоволства и забави, оставајќи некој друг да ви го достави саканиот производ до дома - на врата.

Нека започне летото..